Сериозно планираат Вимблдон да го откажат годинава, кој е закажан за 29ти Јуни...Одлуката ќе падне следната недела. Ако се одлучат за тоа, може во иднина да води и за ПЛ. Само како ќе го пресметаат крајниот исход не знам.
По моја логика треба ваков расплет да се случи за најреално решение без да има нереални губитници и добитници.
Во случајов со ПЛ шампион може да си добие Ливерпул поради предноста...со *
icon_lol
или ете нека се организира некој плеј-оф или мајсторка (повеќе логика за плеј-оф држи во другите лиги затоа што во ПЛ веќе одлучена е работата и ќе биде нефер кон Ливерпул)
Според мене за да нема оштетени и за ЛШ, ЛЕ...следната сезона во ЛШ да се следи примерот од ЛЕ со зголемување на бројот на тимови односно за да нема оштетен тим кој е во битка за ЛШ или ЛЕ, па така пр. топ 6 може да оди во ЛШ од главните лиги, а од другите да се зголеми квотата преку квалифиации и или од топ лигите топ 4 со директен пласман, а останатите до топ 6 да играат квалификации. Може по примерот на ЛЕ, да има 12 групи од кои 2 најдобро пласирани од секоја група ќе обезбедат директен пласман во 1/16 (наместо досегашното 1/8), а 8те најдобро 3-то пласирани ќе ги обезбедат дополнителните 8 места. Вака доаѓа во ЛШ плус 2 натпревари (тие во елиминационата рунда односно во 1/16 финале).
Ќе опстанат сите во лигата, а од Чемпионшип дали да се организира плејоф за сите 6 или првите 2 директно плус 1 од плеј-оф, со тоа што ПЛ би имала 22/23 тима и од следна сезона заради зголемен број на натпревари да го скокне Карбао Купот во повисоките лиги, а на крај од сезона да испаѓаат 5/6 клубови за да крајниот број на тимови се врати н 20.
Со вакво решение нема да има и незаслужни губитници и добитници, затоа што ако се поништи сезоната, а се следи ланскиот распоред на табелата ќе има доста незаслужни губитници и добитници.