Аман бе друже... Со овој пост ми звучиш како она типчето што имаше клип Leave Britney alone, само ти викаш Leave Jose alone...
Ти си знаеш ама стварно не знам како фан на Јунајтед може да го величи Мурињо толку кога реално не видовте многу аир од него... Да, точно дека никогаш не сум го поднесувал ама неспорно е дека некогаш беше голем тренер и имаше успеси за секаков респект. Ама веќе со години се влече на таа стара слава, прочитан е како тренер, а неговото его и никакво понашање си стои. Затоа ќе го изгуби и оној мал респект што го имаше. Сега за сега не направи ништо посебно со Тотенхем а не ни очекувам дека ќе направи. Тешко дека ќе се доближи до успесите на Покетино камоли нешто повеќе...