Ќе ти реплицирам само за Себаљос, зашто за тоа е дискусијата, не знам зашто мешаш други работи али добро.
Себаљос игра во Реал повеќе од една сезона и причината поради која Зидан не го сака и сакаше да го продаде (среќа се замеша управата и го дадоа само на позајмица) е само поради личните препуцавања меѓу Зидан и Себаљос. Нема никаква врска со формација, уклопување во составот и такви работи.
Уште во првата сезона на Себаљос во Реал му изел гомна на Зидан во соблекувална како он требал да игра прва постава и да добива повеќе минути. Прва негова сезона, сезона во која Модрич, Крос и Касемиро беа не заменливи.
После ова Себаљос е отпишан од Зидан.
Читај ги изјавите негови минатата сезона кога си отиде Зидан како изјавуваше дека конечно се осеќал слободен и дека ако не си отишол Зидан минатото лето, најверојатно он ќе си отидел.
И летово ќе беше продаден, сигурно и тоа. На почеток Реал изјави дека нема да слуша понуди за ПОЗАЈМИЦА од другите клубови за Себаљос, али, Европското под 21 и неговите настапи на истото придонесоа управата на Реал, значи не Зидан, тотално да не се откажат од него.