Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Ова го постирав чисто да видат другите како е експерти поврзани со клубот да се јавуваат со разни експертизи само за внимание, исто како ние кога бевме со Мојс а Сколс и Кин само се јавуваа со некои бисери и беа цитирани на темава како да се главни стручни тела.Каков булшит и какви курви за внимание се овие. До вчера, на сите им беше ,,мех'' за трансферот на Матиќ во Јунајтед. Исто така до вчера, Матиќ беше ,,најлошиот поединец во Челзи'', виновен за слабите партии, еден од ,,стаорците'' на Мурињо итн.
Србинов изигра добра партија, крај на светот. Се доведува до прашање компетенцијата на бордот на Челзи, направиле опасна грешка, која ќе ги чини олку или онолку.
Пишав и претходно. Трансферот на Матиќ е win-win и за двата тима. Од една страна, Челзи продава 29 годишен играч за повеќе од 40 милиони, играч кој зенитот во кариерата во Челзи го достигнал уште пред две години. Оттогаш па наваму, изиграл лоша и просечна сезона. Играч кој не трпи конкуренција и по секоја цена сака да го напушти клубот.
Од друга страна, со оглед на околностите на трансфер пазарот, Манчестер добива фудбалер што апсолутно недостасуваше во концепцијата и формацијата на Мурињо. Некој што ќе ги завршува валканите работи, додека Погба ќе се ослободи и конечно ќе игра онака како што сите очекуваат. Тоа што Матиќ не беше добар играч во Челзи во последниве две години, не значи дека Матиќ генерално е лош играч. Напротив, Србинот поседува и повеќе од солидни фудбалски квалитети. Две сезони ровараше во лигата со Јаја Туре на грб. Така што...
Ама, зошто во Јунајтед го продале, директен конкурент? Затоа што, Јунајтед беше единствениот сериозно заинтересиран тим. Управата беше прагматична. Која беше алтернативата? Да се чува незадоволен играч на клупа? И поради тоа не ми е јасно какви се овие трескања од земја, особено од овие ликови на овој или оној начин што се поврзани со Челзи.
@vidooq
Јувентус никогаш не пуштиле понуда за Матиќ, официјална. Постоел интерес, понуда јок.
Инаку се согласувам со тебе и пишав и пролетоска ќе пишам и сега, разбирам зошто Челзи сака да го даде и Коста иако е во топ 5 напаѓачи во светот затоа што за биполарност и незнаење што со себе сакав и Руни да биде продаден во 2013.
