@ManUtdChampions А што очекуваш, 5 100% шанси да имаат Сити, пречки и стативи, и тогаш да кажеме заслужена победа? Батали тој муабет оставена им беше топката, пред да падне првиот гол Сити стануваше се поопасен, на почеток веројатно и малце претпазливо влегоа, после се осеќаше дека се посилен станува притисокот, кога успеваш за 2-3 секунди да пренесеш топка од своја половина до 20 метри од противнички гол, што повеќе.. И Барса лани со ПСЖ на реваншот немаше ни една чиста шанса, ниту пак головите беа изградени акции, ама самиот притисок и бутањето на противникот у свој 16ник носи конфузии и мешаници, па така паѓаа головите. Не го гледав денес второ, ама Сити заслужуваше предност на полувреме, на крај сами ги вратија во игра со подарок гол, иначе Јунајтед не беа ни блиску до шанса, ниту пак опасен напад, 2 паса не сврзаа цело полувреме и секој втор допир беше рогање према напред, не беше тоа ни играње на долги топки, повеќе наликуваше на панични исфрлања