Не знам јас како да доловам

Да земат Сане и Салах да отганизираат трка на 100 метри, сите да ги хајпаат дека ќе биде ептен неизвесно, ќе заврши со фото финиш. Сане го остава Салах на пола патека, и овој после вика супер си истрчав јас, не сум крив што Сане истрча ептен побрзо, задоволен сум.
На почеток на сезона значи си седнал и си рекол еве очекувам волку победи, волку порази и нерешени. Дури и сите 19 други тимови да имаат подобар скор, сепак толку се очекува од нас и задоволни треба да сме ако го имаме тој скор. А не си бил ептен напален како готово сезонава со Сити сте над сите и цело време ќе биде тоа неизвезна битка каква што не сме виделе до сега.
И само затоа што може да си дозволи, не смее да се критикува што прилично лошо и глупо го прават тоа.