Дека управата на Челзи генерално гледано се штрокави, тоа е точно, се согласувам со тебе дека не беше фер нивниот однос со Конте летово во поглед на трансферите. Но има шпекулации дека дел од играчкиот кадар е незадоволен од тренинзите на Конте. Пренапорни тренинг сесии во период кога се игра по два пати неделно е спартански а и тоа што тројца играчи во октомври летнаа поради задна ложа не му помага на Конте. Дури истово и новинари го прашале денес, дали планира да ги смени тренинзите и тој одговорил во смисла, не се проблем тренинзите, проблемот е што фалат играчи, парафразирано секако.
Епа такви се тренинзите на Конте, тука се негде со Симеоне и Бургос. Неможеш да очекуваш од тренерот да ја смени цела своја тактика на тренирање ради тоа што неспособната управа 3 месеци не му донесе асални играчи што ги бараше човекот. Таков е човекот workaholic, уште од времето кога беше во Јуве така им правеше на играчите, после изгубен меч, наредниот ден трчај на тренинг како куче. Е сега можеби за повредите има и тој своја вина не велам не, али да имаше поасална клупа кадешто ќе можеше на секој меч да ги ротира играчите, немаше да се десат толку повреди на играчите.
А тоа што се бунеле играчите против тренерот, па воопшто не ме чуди, така го набркаа и Мурињо. Не им се тренирало, демек многу повредени имало како да не. Мрш бре таму, милиони земате а се буните, среќа што Абрамовиќ ви е сопственик, човекот ги менува тренерите како чорапи, да беше некој будала како Де Лауреантис ќе имаше со штаки да трчате на терен, мајмуни едни.