Овој пат не беше до Мурињо, едноставно немаше играчи. Без Погба, без Фелаини, дури и без Керик, а да не зборуваме колку недостигаше Баји во одбраната. Многу лош натпревар на Манчестер, бодот е премија. Ливерпул многу подобар, но едно мора да се каже, без желба да потценувам. Токму ваквите натпревари покажуваат зошто Ливерпул е Лузерпул две децении. Да го издоминираш противникот, 75 минути да му одиграш силен пресинг, да направиш неколку шанси од кои една стопроцентна, и да не го добиеш натпреварот, така не се станува шампион. Ако не добиеш ваков натпревар, кој натпревар ќе го добиеш?
И друга работа, никако не го разбирам трансферот на Чемберлен. Да заминеш од екипа во која си првотимец, за да бидеш трета резерва, навистина не знам што да кажам.