Aбе мене најаката прича ми е на Хари Реднап, многу смешни причи има овој, вчера стекот ми дава некое видео, се видел, наводно, со Билич хрватот на аеродром у Шкотска ли било, порано и тренер му бил дур играл овој у Англија. Еј кај си шо праиш се гушнале ај на кафе дур чекаме авиони, дека идееш бе му рекол, и ''Билич'' у Русија, и Реднап, па шо бараш таму бе таму тренираш сеа тим? И овој не бе таму живеам, и овој како бе таму живееш мајка бараш иди си у Хрватска потопло е, и овој не бе, таму екшли живеам. И се свртел Реднап накај жена му и рекол абе овој не е Билич хахахаахаха, и му рекол абе како вака зашо дое со мене на кафе па и муабети ко да се знаеме цел живот, и овој абе работев порано у Англија мислев си некој од фирмата си ме познал и ај шукурац да истепам време хахахаха.
Него види стока, не ми беше ова главната прича ама нека ја смешна е, него кога земал играч некој напаѓач у Портсмут, и да речеме му дал плата од 3м фунти по сезона што било доста тој период. И вика Реднап, се договараме све топ, и овој ми доаѓа и ми вика boss, ја сакам и бонус за секој даден гол и Реднап го гледа и му вика абе друже, зашто ти даваме ние 3м фунти годишно? Да подаваш ли?
Смешни се енглезиве увек, секоја има ваква некоја луда прича.