Premier League - 2021/2023

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?


  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.463
Поени од реакции
10.162
На крај, најлошата сезона на Челзи во последните две децении, условена од мал милион фактори, завршена е со нула трофеи. Најдобрата на Арсенал, пак, исто така, нула трофеи.
Нa крај, најлошата сезона на Челзи во последните две децении, условена од мал милион фактори, завршена е со нула трофеи.
Најдобрата на Брајтон пак, исто така, нула трофеи.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Нa крај, најлошата сезона на Челзи во последните две децении, условена од мал милион фактори, завршена е со нула трофеи.
Најдобрата на Брајтон пак, исто така, нула трофеи.
Тотално промашен пост и обид за релативизирање.

Освен ако не мислиш дека Брајтон е на нивото на Арсенал и има исти амбиции. Тогаш е оправдано. Јас не мислам.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.458
Поени од реакции
109.415
Зависи од кој агол гледа човек на сезонава на Арсенал и од кој агол го гледа Арсенал како екипа. Ете спомнал Факе за Брајтон, па ќе ги земам и јас за пример, играат многу јако и ќе освојат 0 трофеи годинава, игра и Арсенал јако и ќе освои 0 трофеи. Но, муабетот е што Арсенал е гигант во англискиот фудбал и сите со се неговите навивачи очекуваат титули, а не борба за ЛШ и европски натпреварувања. Ок, имаше клубот бантер ера, борби со умрени играчи кои го цицаа буџетот на клубот, заминувањето на Венгер итн итн, ама јас откако памтам за себе Арсенал е гигант во англискиот фудбал и тим што циља на титули.

Е сеа некој во јули прошлата година да им речеше дечки второ место би потпишале ли, верувам дека со 2 раце ќе потпишеа, ама откако почна сезоната и ги наредија резултатите што ги наредија, ова второ место и не е некој успех со оглед на тоа дека првото место го изгубија дел со киксеви против мртви екипи, а дел после водства од 2 гола разлика и промашени пенали за поголема предност. Уствари на крај исплива квалитетот на Сити, т.е. недоволниот квалитет и искуство на Арсенал и затоа Сити се заслужено шампиони, плус кратката клупа. Меѓутоа, за тим што е гигант во англискиот фудбал коцкање на вака голема предност не може да те остави задоволен и да си речеш еј добро е второ место дај шта даш. Знам по себе зашо и Интер кога беше во бантер ера очекував и секогаш мислев на титули, иако реалноста викаше друго.

Се слагам дека следната сезона ќе им биде потешка од оваа, едно ради распоредот и играњето ЛШ, а друго ради фактот што со други очи ќе ги гледаат другите екипи и ќе бидат екстра мотивирани против нив. До душа треба да видиме како ќе го пројдат и летниот преоден рок, да не збориме вака на празно.
 

madrock

Bogey
Член од
23 април 2014
Мислења
616
Поени од реакции
2.027
Фората е Евертон да не испадне.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Англискиот Ставрогин, казнет на осум месеци:



За мене претерано и лицемерно, но добро. Штета, баш супер играч е.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
63.774
Фердинанд доби иста казна затоа што пропушти допинг тест, иако се понуди да го направи истиот неколку часа подоцна.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.264
Поени од реакции
4.497
Сеа не претерувајте, имаа 8 бода предност Арсенал, со меч помалку на Сити и гостување на Етихад, што не е така огромна предност. Мислам и според кладилниците беше 1.8 за Арсенал со 2.3 за Сити речиси 50-50 шанси. Сити има 12 победи по ред во лига, веројатно ќе заврши со 15. Против тоа не се може.

Мислам глупо е вака сеа на решена титула, ама и да добиеја и со Саутемптон и со Вест Хем, пак немаше да освојат. Со Ливерпул дерби е, водеа 2-0 можеа и да изгубат на крај. Ако пенал промашија со Вест Хем, со Ливерпул Салах промаши пенал.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.566
Поени од реакции
43.098
Ковентри-Лутон ќе играат финале на плеј оф за влез во ПЛ.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.942
Поени од реакции
9.580
Интересно е ќе биде која и да е од двете екипи што ќе се пласира,Ковентри после толку долг период кога заедно испадна со Манчестер Сити и шо пред 6 години играше и во Англија 2(4та по ранг лига) или Лутон ова екипа ја памтам по то шо некаде 2005 или тука некаде играше Чемпионшип и им се Деси бродолом испаѓаа секоја година во понизок ранг до Конференција еве неколку години со ред од таму се пробиваат ко Ковентри исто. Добро освежување фала богу не се Норич и Ватфорд пак.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.717
Поени од реакции
23.816
Ковентри-Лутон ќе играат финале на плеј оф за влез во ПЛ.
За Лутон прочитав на нетов дека пред само 10 год во 2013 год биле тим од Vanarama (непрофесионалните лиги од 5та надоле).
Одличен успех ако влезат во прва лига.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260


Аа, добро. Бил човекот за Ареснал и намерно го направил тоа.
Каква бедна реакција, недолична за клуб во раст како Сити, особено после величествената победа против Реал.

Ова вреска ,,виновни сме", 100 отсто.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.786
Поени од реакции
2.731
Брајтон против Њукасл друга екипа, со топка неможат да се состават во првиот дел, ги убија со пресинг.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom