Зависи од кој агол гледа човек на сезонава на Арсенал и од кој агол го гледа Арсенал како екипа. Ете спомнал Факе за Брајтон, па ќе ги земам и јас за пример, играат многу јако и ќе освојат 0 трофеи годинава, игра и Арсенал јако и ќе освои 0 трофеи. Но, муабетот е што Арсенал е гигант во англискиот фудбал и сите со се неговите навивачи очекуваат титули, а не борба за ЛШ и европски натпреварувања. Ок, имаше клубот бантер ера, борби со умрени играчи кои го цицаа буџетот на клубот, заминувањето на Венгер итн итн, ама јас откако памтам за себе Арсенал е гигант во англискиот фудбал и тим што циља на титули.
Е сеа некој во јули прошлата година да им речеше дечки второ место би потпишале ли, верувам дека со 2 раце ќе потпишеа, ама откако почна сезоната и ги наредија резултатите што ги наредија, ова второ место и не е некој успех со оглед на тоа дека првото место го изгубија дел со киксеви против мртви екипи, а дел после водства од 2 гола разлика и промашени пенали за поголема предност. Уствари на крај исплива квалитетот на Сити, т.е. недоволниот квалитет и искуство на Арсенал и затоа Сити се заслужено шампиони, плус кратката клупа. Меѓутоа, за тим што е гигант во англискиот фудбал коцкање на вака голема предност не може да те остави задоволен и да си речеш еј добро е второ место дај шта даш. Знам по себе зашо и Интер кога беше во бантер ера очекував и секогаш мислев на титули, иако реалноста викаше друго.
Се слагам дека следната сезона ќе им биде потешка од оваа, едно ради распоредот и играњето ЛШ, а друго ради фактот што со други очи ќе ги гледаат другите екипи и ќе бидат екстра мотивирани против нив. До душа треба да видиме како ќе го пројдат и летниот преоден рок, да не збориме вака на празно.