ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Македонија во вторник во Брисел ќе ја потпише спогодбата за олеснување на визниот режим со Европската унија со што македонските граѓани од 1 јануари 2008 година полесно ќе можат да вадат повеќекратни подолгорочни визи за пат во земјите од ЕУ.
Во името на Република Македонија спогодбата ќе ја потпише министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, додека од страна на ЕУ потпис ќе стават комесарот за слобода, безбедност и правда Франко Фратини и министерот за внатрешни работи на Португалија Руи Переира (која е во својство на претседавач).
Овој договор предвидува одредени групи граѓани да можат многу полесно, со поднесување малку документи да вадат визи за престој во земјите од Шенген зоната.
Според договорот, одредени групи граѓани ќе можат да добијат и визи со важност од пет години што досега не беше случај. Тука припаѓаат членови на делегации, блиски роднини на граѓани од ЕУ, стопанственици, новинари и претставници на верските заедници.
Основата на овој договор лежи во поедноставувањето на документите потребни да се добие виза. Тоа ќе важи за околу 20 категории граѓани, ученици, студенти, научни работници, истражувачи, уметници, новинари, блиски роднини во посета на граѓани на ЕУ и тн.
За различни категории граѓани е предвидено да добиваат и визи за повеќекратен влез со важност до една година, како и визи со рок на важност од две до најмалку пет години за оние граѓани кои имале едногодишна виза и правилно ја искористиле. Во договорот влегуваат и низа категории граѓани кои ќе добиваат бесплатни визи, како децата до шест години, ученици, студенти, наставници, инвалиди и слично.
Бугарија и Романија со спогодбата се обврзани да даваат бесплатни национални визи се додека не влезат во Шенген зоната.
Оваа спогодба ќе се применува од сите земји на ЕУ со исклучок на Данска, Велика Британија и Ирска со кои може да се склучат посебни спогодби. Важен дел од овој договор е што во преамбулата е запишано дека визното олеснување е само преодна фаза кон безвизниот режим за патување на нашите граѓани во ЕУ.
Покрај олеснувањето на визниот режим, Македонија ќе го потпише и договорот за реадмисија со кој преземаме обврска да ги примиме сите македонски граѓани кои престојуваат во ЕУ без дозвола.