Прво..какви црни спортски активности? Има ли спортска сала во склоп на факултетот, каде што можам да ги практикувам тие спортски активности? Дали секоја следна година ќе морам да плаќам по 1500 денари за „активностиве“?
Второ..Сојуз на студенти!? Јас не сакам да бидам дел од сојузот, јас сакам да бидам член на Слободен индекс! Ми можат нешто? Можат ли да ме натераат да им платам членарина и да бидам дел од Сојузот на студенти?
Трето..50 евра вкупно за сите книги од прва година?
-Нема спортска сала , спортски активности , незнам да ли има , знам дека порано имаше студентски спортски лиги , за сега незнам.
1500 си плаќаш само на почетокот.
Сајтот вика - Секоја година се организираат екипи во спортовите за кои има интерес. Координатор на спортските активности на факултетот е проф. д-р Никола Тупанчески кого можете да го контактирате на тел. 02/3117-244 лок. 109 или на e-mail:
tnikola@pf.ukim.edu.mk. Во 2006 и 2007 година кошаркарскиот тим на Правниот факултет го освои првото место во Универзитетската лига во кошарка.
Не заборавајте на мотото на нашите спортски тимови: „Јустинијан Први – секогаш први!“.
-Сојуз на студенти постои формално , колку да се рече дека го има , не е grassroot движење како СИ, и е алатка за mindcontrol на студентите , беееее.И членството е задолжително.
Сајтот вика -
Сојузот на студентите на Правниот факултет е организација која ги штити интересите на студентите. Од основањето на Факултетот до 1991 година студентите беа организирани во Сојуз на социјалистичката младина; од 1991 година како Сојуз на студентите на правните, политичките и новинарските студии, дејствува како автономна невладина и непартиска организација, членка за Сојузот на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Секој студент, со запишувањето на Факултетот, станува член на студентската организација. Основна задача е следење и решавање на образовните, културните, економските потреби на студентите, особено грижата за студентскиот стандард. Сојузот можете да го контактирате на:
sspf@ukim.edu.mk
-Не , 2000 - 3000 денари се нови книги за прв семестар, можеш да ги купиш и од фотокопирница , по 200 денари книга , твој избор , ти ја кажувам најскапата варијанта.
и тоа не е се , доколку се јавите во следните 5 минути , ќе добиете студентски правобранител , кој никој не го видел , библиотека од која неможе да се позајмуваат книги,студентски прашања , кои ретко ќе ги најдеш отворени.И уште многу други изненадувања за неверојатна цена.