Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ама ич не ти го разбирам прашањето. Има ли прашање?

Тврдење да не има, а да не можам да го видам?

Што сакаш да кажеш?

Што е работата сега. Зарем не прашуваше за мислења за стихот од Исаија? Ете ти.
 
Зависи што подразбираш под „разум“ и како го дефинираш разумот. Најпрецизно е да се каже дека животните дејствуваат согласно нивните инстинкти.
Еволуцијата не постои, науката не е глупост. Еволуцијата не е наука, туку филозофија, натуралистичка (недокажана) хипотеза за настанокот на животот.
Животните дејствуваат според своите инстикти, но знаат да се социјализираат, што ги прави слични на нас.
Токму така еволуцијата е една од хипотезите, така да не можеш да речеш дека не постои. Мене ми изгледа многу пологична од христијанската хипотеза за настанокот. Ако ја видиме историјата на црквата, во среден век силно се противеле на науката, па дури и палеле научници на клада, за денес да ги користат сите придобивки од науката и лицемерно да признаат дека згрешиле тогаш.
 
Кој како, ти во верата бараш духовна категорија, јас во верата гледам одлична филозофија за контролирање на масите. .

Болтуваниов израз е до таа мерка експлотатисан на форумов, то станува досаден, а кога до челновите на форумов, кои ги користат тој термин, им упатувам прашање за тоа како тие успеваат да не бидат контролирани, не добивам одговор.

Ајде, биди Ти првиот на форумов, кој убо ќе објасни како му успева да остане надвор од секаква контрола и што е најбитно, како Ти успева да си го зачуваш умот „неиспран„...
--- надополнето: Sep 7, 2011 2:27 PM ---
Си чул за богомолката? :)

Praying%20Mantis.jpg

--- надополнето: Sep 7, 2011 2:03 PM ---
.

Да, но не и за нејзината молитва...
 
Inglourious Basterd, се согласувам со твојот коментар, само би потенцирал дека „црквата“ која што погоре ја спомнуваш воопшто не ја претставува ниту има допирни точки со Христовата (библиска) Црква. Протестантската реформацијата во 16ти век ја ослободила науката од злите пранги на таа ткн. „црква“. И не само науката, туку и целото литературно и уметничко творештво, политиката, слободната мисла и сл.

Бидејќи еволуцијата е една од хипотезите (претпоставките), се разбира дека можам да речам дека не постои или барем дека јас научно (не верски!) сум убеден дека не постои.
 
Ајде, биди Ти првиот на форумов, кој убо ќе објасни како му успева да остане надвор од секаква контрола и што е најбитно, како Ти успева да си го зачуваш умот „неиспран„...
Незнам дали сум успеал да го сочувам умот “неиспран“, ама јас ништо не земам здраво за готово. За разлика од верниците јас во се барам логика и не можам да прифатам ништо како од “Бога дадено“. Едноставно таков израз кај мене не постои. И не мора кога ми се обраќаш со ти да користиш голема т.:)
 
Слободна волја постои и покрај сезнајноста Божја. Слободната волја е особина само до разумните/словесните битија, која ја немаат растенијата и животните, а ја имаат само Бог, ангелите и човекот.
Ако бог е сезнаен, значи дека знае се што јас и ти ќе направиме во иднина! Тогаш на кој начин постои слободна воља, кога нашите постапки се предодредени?
--- надополнето: Sep 7, 2011 3:51 PM ---
Во овој текст има неколку библиски дезинформации и избрзани заклучоци на темел на библиско непознавање.
Бог ги сака луѓето и сака да им прости, но многу луѓе одбиваат да им биде простено, не сакаат да се покајат и наместо да се покајат тие горделиво се воздигаат над Бог судејќи ги Неговите постапки, мислат дека се попаметни од Него и нудат (во нивни очи) попаметни потези од тие на Бог, попаметни (во нивни очи) решенија за човековиот проблем со гревот.
Бог сакал да им прости на луѓето, ама тие не се покајале?! Вие велите дека луѓето се раѓале грешни - со наследен грев!? Тоа е толкава безсмислица и глупост, што нема зборови да се искаже!
Твојот бог ги излажа луѓето, ги казни иако немаа сознание за добро и зло, и сега не само тие што ја одкрија неговата лага, туку и сите наредни генерации се грешни?? И треба да се покајат за тоа?
bullshit_detector.gif
 
Ако бог е сезнаен, значи дека знае се што јас и ти ќе направиме во иднина! Тогаш на кој начин постои слободна воља, кога нашите постапки се предодредени?
Прегледај го приврзокот 33724

Од МИКИ1: "Не постои судбина, како однапред одреден тек од настани, кои не можеш да ги промениш. Самото постоење на слободната волја, која ни е по раѓање дадена, ја исклучува судбината како неможност нешто да се стори, оти наводно, се е однапред предодредено. Самата слободна волја ја побива судбината па така, јас можам да сторам „нешто„ за кое немам поим дека некој веќе го предодредил, исто како што можам да не сторам „нешто„ ,ако сметам дека може да биде за мене штетно.

Значи, наспроти предодреденоста, го имам изборот."

Па одговори човекот пак ли да се повторува. Мене не ми е јасно што одговори, но можеби сега ќе дообјасни или ќе добиеме некој друг одговор (така да прашањето ти е на место) :)
 
DBack,

Е ајде де, најди ми клип на кој некоја животиња се моли на Бога! Ќе можеш?
--- надополнето: Sep 7, 2011 1:44 PM ---

Ево, ја су трпелив и ќе сачекам дур то дабарите еволуисат у битија, кои ќе можат да градат бетонски брани...:)

Немам таков клип но затоа имам фотографија, жив доказ дека луѓето и диносаурусите живееле заедно:D

dinosaurs-vnatre-03%282%29.jpg
 
Си чул за богомолката? :)

Praying%20Mantis.jpg
Да. Свиреп, садистички предатор. Како Јахве.

Природата е волшебна, кажи?

После празников ќе те подберам и за креационистичката тралалајка.
--- надополнето: Sep 8, 2011 12:40 AM ---
Што е работата сега. Зарем не прашуваше за мислења за стихот од Исаија? Ете ти.
Каде ми е? Што тоа?
 
DBack,
Е ајде де, најди ми клип на кој некоја животиња се моли на Бога! Ќе можеш?
--- надополнето: Sep 7, 2011 1:44 PM ---

...:)
Еве ти Мики еден побожен папагал :ROFLMAO:
 
Дали сатаната бил протеран од рајот пред адам и ева ?
 
Дали сатаната бил протеран од рајот пред адам и ева ?

Зависи што подразбираш под „рајот“, затоа што и Едемската градина каде што биле сместени Адам и Ева била рај. Сатаната бил протеран од Небото пред Адам и Ева.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom