Прашања до атеистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Дмт
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Еве, и јас се надоврзувам, со неколку прашања, на кои очекувам саглам одговори:

1. Како атеистите разликуваат добро од зло?
2. Како атеистите разликуваат праведно од неправедно?
3. како атеистите ја толкуваат вродената човекова религиозност?
4. Како атеистите ја толкуваат човековата љубопитност за барање на „...нешто повеќе...„, како што е смислата и целта од нашето/човековото постоење на Земјава?
5. Како атеистите ја толкуваат идејата за Бога, која на човекот му е „фабрички„ вградена?
6. Како атеистите за разбираат способноста на човековиот дух за тежнее кон бесмртност и кон безмерни категории?

Доста е за почеток...

1. Како и сите други.
2. Види точка 1.
3. Не постои таква работа. Религијата ни се наметнува од најмали нозе. Кај православните на пример, од крштевка, одење во црква, куќни слави, адети, доаѓање на попови по дома, иконографијата по куќи... дете кое расте во таква средина ќе биде религиозно,барем во раната фаза од животот.
4. Љубопитноста си е дел од човечкиот карактер, некои луѓе ги копка смислата на животот, други мистериите на универзумот, трети ги копка дали можат да претрчаат преку автопат пред да ги акне шлеперот... секој со свои прашања и интереси...
5. Идејата за Богови е единствено објаснување кое човекот можел да си го даде во една фаза од постоењето кога знаењето за светот кој го опкружува и универзумот било минимално. Како што напредува науката, луѓето сваќаат дека грмотевиците не доаѓаат од кочијата на Св.Илија, сонцето не се врти околу земјата и во принцип сите тие митски приказни се само приказни од едно минато време.
6. Ај некој друг ми се смачи...
 
Еве, и јас се надоврзувам, со неколку прашања, на кои очекувам саглам одговори:

1. Како атеистите разликуваат добро од зло?
2. Како атеистите разликуваат праведно од неправедно?
3. како атеистите ја толкуваат вродената човекова религиозност?
4. Како атеистите ја толкуваат човековата љубопитност за барање на „...нешто повеќе...„, како што е смислата и целта од нашето/човековото постоење на Земјава?
5. Како атеистите ја толкуваат идејата за Бога, која на човекот му е „фабрички„ вградена?
6. Како атеистите за разбираат способноста на човековиот дух за тежнее кон бесмртност и кон безмерни категории?

Доста е за почеток...


1.Преку еден дел од психата наречен емпатија.
2 Преку логичко расудување + емпатија.
3. Вродена човекова религиозност... офф... како една од поголемите глупости што сум ги слушнала.
Со оглед на тоа дека религијата повеќе натежнува кон философија, многу тешко религиозноста може да биде вродена.
4. Имаме мозок кој треба да го користиме. Ако не си поставуваме предизвици, ќе умреме од мрза и досада.
5. Начин на кој примитивниот човек си ги објаснувал природните појави кои не ги разбирал (пр. грмотевица, сонце, ѕвезди, поплави и сл.)
6. Како тежок егоизам.
 
o_O
Aj objasni kako e ova pravicno kon siluvanata devojka.

Едноставно: да нема силување...Ниту кон телото, ниту кон слободната волја од другите.
--- надополнето: 24 ноември 2012 во 19:12 ---
1.Преку еден дел од психата наречен емпатија.
2 Преку логичко расудување + емпатија.
.

А каква блага врска имаат рационалноста и емотивноста, со духовноста, а кои очигледно, ги мешаш?...
--- надополнето: 24 ноември 2012 во 19:13 ---
3. Вродена човекова религиозност... офф... како една од поголемите глупости што сум ги слушнала.

И ја‘ и‘ам слушнато поголеми глупости дури и од напишаното во цитатов, ама то‘ е друга тема...
--- надополнето: 24 ноември 2012 во 19:15 ---
4. Имаме мозок кој треба да го користиме. Ако не си поставуваме предизвици, ќе умреме од мрза и досада.
.

И ш‘о ко‘а ќе ги изарчиме и надминеме сите тија предизивици и ќе ни‘ дој дено‘ за умирање?...:confused:
--- надополнето: 24 ноември 2012 во 19:16 ---
5. Начин на кој примитивниот човек си ги објаснувал природните појави кои не ги разбирал (пр. грмотевица, сонце, ѕвезди, поплави и сл.)

А самата идеја за Бог, како ја објаснуваш?...Батали грмотејци, ѕвезди, поезија, ово, оно...
--- надополнето: 24 ноември 2012 во 19:17 ---
6. Како тежок егоизам.

Ш‘о везе има вечноста, која од Бога ни‘е ветена, со егоизмот, кој е дел од човековата огревовеност?
 
Едноставно: да нема силување...Ниту кон телото, ниту кон слобдоната волја од другите.
Ако зборуваш за Христијанскиот бог и учење.
Слободната љубов кон богот нема никаква поврзаност со предиспозиции против огрешување. Не е контрадикторно ако беше дозволена слободна љубов кон бог, а истовремено беше оневозможена слобода во изборот за нешто како силување.
 
Ш‘о везе има вечноста, која од Бога ни‘е ветена, со егоизмот, кој е дел од човековата огревовеност?


Има везе, со тоа што баш таа вечност, таква каква што ти е ветена, ти е ветена исклучиво и единствено од тој „самонаречен“ Бог. Затоа што таа вечност, колку што до сега си рекол на форумов (како и многумина) ја добиваш једино онаква каква што Бог ти кажува дека е, и ништо поише ништо помалце.

Ако тоа не е его-трип.. онда не знам што е..

Аирлија нека ти е идолопоклоноството и апсолутот кон истото.. И со здравје да си го носиш...

П.С. поголема ментална присилба од ова, нема.. хех. то ти је.. некој изглеа волево и свесно сака ментално да го силат..
 
Слободната љубов кон богот нема никаква поврзаност со предиспозиции против огрешување.

Тоа се само Твој став: како можам да Го сакам Бога а не Го гледам, а истовремно го мразам братот свој, кого можам да го видам?...
--- надополнето: 24 ноември 2012 во 19:49 ---
Затоа што таа вечност, колку што до сега си рекол на форумов (како и многумина) ја добиваш једино онаква каква што Бог ти кажува дека е, и ништо поише ништо помалце.
.

Вечноста ќе има исто „траење„ за сите праведници: од Апостолите па се‘ до последниот анонимен мирјанин, но не со ист квалитет...
--- надополнето: 24 ноември 2012 во 19:51 ---
П.С. поголема ментална присилба од ова, нема.. хех. то ти је.. некој изглеа волево и свесно сака ментално да го силат..

Нема никаква присилба, туку прифаќање или одбивање, како чин на личен неприсилен избор и неприсилена одлука, со сите последици од нив, кои паѓаат на грбот од поединецот.
 
Вечноста ќе има исто „траење„ за сите праведници: од Апостолите па се‘ до последниот анонимен мирјанин, но не со ист квалитет...
--- надополнето: 24 ноември 2012 во 19:51 ---

Да.. затоа е егоистична.. самиот принцип е апсолутен и егоистичен..


Нема никаква присилба, туку прифаќање или одбивање, како чин на личен неприсилен избор и неприсилена одлука, со сите последици од нив, кои паѓаат на грбот од поединецот.

Па токму тука лежи присилбата... тоа е catch 22... За едно нешто да биде прифатено и антиципирано како такво, со сета негова природа на причинско-последичен однос, мора да го има елементот на „понудено ти е ова ова ова и ова, но што и да избереш следи последица“. Нешто како трикот со пилулите во Матрикс, ако ја избереш сината добиваш ова, ако ја избереш црвената добиваш ова.. но и двете имаат последици..

Абе ај! :pos:
 
Тоа се само Твој став: како можам да Го сакам Бога а не Го гледам, а истовремно го мразам братот свој, кого можам да го видам?...
Ова воопшто нема врска со тоа што го имав напишано, и очигледно е аргумент против логиката на Христијанската доктрината на искупување на гревовите преку Христос.
 
Neka ja siluva cel zhivot kako pouka.

...???...
--- надополнето: 25 ноември 2012 во 01:20 ---
Ова воопшто нема врска со тоа што го имав напишано, и очигледно е аргумент против логиката на Христијанската доктрината на искупување на гревовите преку Христос.

Значи, јас можам да чинам гревови цел мој живот, а Христос да ми биде должник во нивното искупување!???...
--- надополнето: 25 ноември 2012 во 01:23 ---
Нешто како трикот со пилулите во Матрикс, ако ја избереш сината добиваш ова, ако ја избереш црвената добиваш ова.. но и двете имаат последици..

Тоа со „пилулите„ не е никаов трик, туку прицнип превземен од рисјанската вера. Серијалот „Матрикс„ содржи учења од верата, пренесени во филмски формат.
 
Тоа со „пилулите„ не е никаов трик, туку прицнип превземен од рисјанската вера. Серијалот „Матрикс„ содржи учења од верата, пренесени во филмски формат.
Овој Тетраграматон ли е? :)
matrix-architect.jpg
 
Тоа со „пилулите„ не е никаов трик, туку прицнип превземен од рисјанската вера. Серијалот „Матрикс„ содржи учења од верата, пренесени во филмски формат.


:eek::eek::eek::eek::eek:

Чичкото погоре сигурно ќе да е Тетраграматон..

Него овој бре кој е? Да не е Св.Петар?

morpheus.jpg



ОВој е Исус, без сомнение..

264.jpg
Neo-the-matrix-5555387-400-267.jpg


Мики бе дете бе.. шо се бламираш?
 
Вечноста ќе има исто „траење„ за сите праведници: од Апостолите па се‘ до последниот анонимен мирјанин, но не со ист квалитет....
Oooo, ova ne su go znael: ima ovakov, a ima I onakov raj. Za ednite eden kvalitet, za drugite drug.

Ne bilo sve taka crno-belo, a?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom