Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.013
- Поени од реакции
- 61.900
Еве, и јас се надоврзувам, со неколку прашања, на кои очекувам саглам одговори:
1. Како атеистите разликуваат добро од зло?
2. Како атеистите разликуваат праведно од неправедно?
3. како атеистите ја толкуваат вродената човекова религиозност?
4. Како атеистите ја толкуваат човековата љубопитност за барање на „...нешто повеќе...„, како што е смислата и целта од нашето/човековото постоење на Земјава?
5. Како атеистите ја толкуваат идејата за Бога, која на човекот му е „фабрички„ вградена?
6. Како атеистите за разбираат способноста на човековиот дух за тежнее кон бесмртност и кон безмерни категории?
Доста е за почеток...
1. Како и сите други.
2. Види точка 1.
3. Не постои таква работа. Религијата ни се наметнува од најмали нозе. Кај православните на пример, од крштевка, одење во црква, куќни слави, адети, доаѓање на попови по дома, иконографијата по куќи... дете кое расте во таква средина ќе биде религиозно,барем во раната фаза од животот.
4. Љубопитноста си е дел од човечкиот карактер, некои луѓе ги копка смислата на животот, други мистериите на универзумот, трети ги копка дали можат да претрчаат преку автопат пред да ги акне шлеперот... секој со свои прашања и интереси...
5. Идејата за Богови е единствено објаснување кое човекот можел да си го даде во една фаза од постоењето кога знаењето за светот кој го опкружува и универзумот било минимално. Како што напредува науката, луѓето сваќаат дека грмотевиците не доаѓаат од кочијата на Св.Илија, сонцето не се врти околу земјата и во принцип сите тие митски приказни се само приказни од едно минато време.
6. Ај некој друг ми се смачи...