Потребна ви е помош околу мобилни? Пишете тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да го продолжам постпејд договорот во T-mobile кој е истечен пред повеќе месеци но неможам да го најдам договорот. Дали за продолжување мора да го носам претходниот договор?
 
не. личната карта со тебе, и идеш во канцелариите или продажно место на т-мобиле, добар ден јас сум дојден за....
 
не. личната карта со тебе, и идеш во канцелариите или продажно место на т-мобиле, добар ден јас сум дојден за....

Фала. Го средив денеска.
:salut:
 
Помагајте!!! Имам еден прастар Сони Ериксон К500i, си работеше во ред до пред 2-3 дена од кога без никаква причина, сам од себе, телефонот го менува профилот (setting>general>profiles) од normal во portable handsfree па кога примам повик немам звук во слушалката. Морам рачно да го подесам на нормал потоа да го исклучам/ па уклучам телефонот за да се врати во нормала. Направив мастер ресет/профиле ресет- џабе!!! Инаку автоматското/фантом менување е во рандом интервали од некој 1час.
Плус додека го полнам телефонот, самиот се исклучува со екран на кој пишува charging, па морам да го вклучувам одново...

ПОМОШ!!!
 
Доле кај што е конекторот за полнење и слушалки ти кородирал, :) ќе мора да се замени... корозијата и течностите пренесуваат струја - па затоа и телефоните ти ги појавува овие аномалии.
 
помош луге до пред некој ден кога имав пропуштен повик а не сум видел кој ми ѕвонел ми стоесе порака на екран дека имам пропустен повик ама сега приметив дека не ми показува кога имам пропустен повик и нема порака на екран се работи за телефон LG GU230.
 
Никако не можам да инсталирам Опера Мини на мојава Нокиа 6500с. Ќе почне да се инсталира, и по некое време ми излегува порака Certificate not verified on Phone or Sim. Ова ми се јавув кога ќе ја превземам директно преку browser-от на телефонот. А кога ќе ја инсталирам преку јар. фајлот, ми пишува неуспешно поврзување на интернет. Ве молиме проверете ги поставките, а интернет имам. Исто така пробав да инсталирам и други програми за интернет(за мсн, фејсбук и некои други mobile browsers), пак истото ми се јавува.

Иначе на ВИП оператор сум, немам пробано дали ќе се инсталира на Т-Мобајл, можно ли е да е до тоа ?
 
Еден од пиновите за сим картичката на телофонот ми е изместен т.е пропаднат. Што може да се направи?
 
Ми треба една информација:

Имам е71 во последно време често ми се укочува баш кога ќе треба да кренам кога некој ми ѕвони. Хелп?
 
Еден од пиновите за сим картичката на телофонот ми е изместен т.е пропаднат. Што може да се направи?

Ако неможеш да го исправиш тогаш други контакти за сим, за што телефон уствари се работи ?


Ми треба една информација:

Имам е71 во последно време често ми се укочува баш кога ќе треба да кренам кога некој ми ѕвони. Хелп?

Сам можеш да пробаш апдејт, формат и сл.
 
Момци, дали телефон купен од One може да работи на други мрежи или ги кодираат само за нивната?!..... ИТНО ми треба информација...
фала однапред :)
 
Момци, дали телефон купен од One може да работи на други мрежи или ги кодираат само за нивната?!..... ИТНО ми треба информација...
фала однапред :)

Па можит да е кодиран и да работат само на нивна мрежа,ама можит да се одкодират и да работат на друга мрежа само што пари не знам,прашај некој од сервисериве што ги имат на кајгана.
 
Имам Nokia 5310, и од време на време ми покажува "Sim card registration failed", без да го чепкам воопшто. Па морам да ја извадам батеријата, да ја ставам пак, за да почне да работи. До што може да е проблемот, и дали може да се среди?
 
Па можит да е кодиран и да работат само на нивна мрежа,ама можит да се одкодират и да работат на друга мрежа само што пари не знам,прашај некој од сервисериве што ги имат на кајгана.

Се јавив, прашав во One и ми рекоа дека не бил кодиран, ама сепак малку сум скептичен и не им верувам баш - незнам зошто :raz: .... а планирам да дадам добра сума на пари за моќно телефонче, па да не излезам зафркнат на крај...
А да го носам одпосле на декодирање - НЕ, поарно не би ни земал од кај нив
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom