Ѓавол или што?

Незнам ни како да започнам.Живеам во село.Пред два дена седевме со другарката дома кај мене, се забавувавме,муабетвме.Некаде околу 02:30 часот ни текна да одиме да се прошетаме по патот.И тргнавме! Патот води и преку селските гробишта,но незнам зошто не чувствувавме ни малку страв а и не верувавме дека постојат натприродни појави...Одевме и седнавме на пола пат околу 02:46. Kако седевме и зборувавме пред нас како да имаше нешто црно големо и како да не гледа.И двете го забележавме но ниедна не прозборе за да не се исплашиме меѓусебе.Почувствував како косата да ми се крена на боцки и почнав да викам господе помоги господе,господе,господе.Другарката ме праша зошто така велам и и реков,станавме и си отидовме.Дома разговаравме и таа призна дека несакала да ме исплаши, така си се тешевме дека е предмет(иако не беше 90%) но сепак пак неверувавме.. И што се случи наредниот ден..Наредниот ден разогвараме,се смееме тоа што сме виделе она ова.. Вечерта како и секогаш јас не заспивам никогаш пред 2 ипол.Таа вечер почувствував страв дома,мајка ми и брат ми спиеа во другата соба.Си реков ајде ќе ја пуштам лампата и си легнав беше некаде околу 02:50.Не ми се спиеше и си реков ајде ќе ги пуштам видеата од мобилниот што имам снимано како ми гледаат на кафе(немаат слика,само звук).И си слушам така и одеднаш наместо гласовите од другарката што ми гледаше почнаа гласови како Брааау, ветришта вијат,се тропаат врати, како некој тупа,како да се караат некои па се посилно и посилно па однема..Така неколку минути па пак се враќа гласот на другарката и пак повторно тие истите..Отрачав кај мама ми рече направи крст на телефонот,исклучи го телефонот,прекрсти се,остави го..Во тој момент бев надвор од себе,неможев да си поверувам на своите уши..Морав едноставно да го снимам тоа за да го покажам на другарката со која бевме да се шетаме таа ноќ.Апаратот беше расипан а во мојот телефон имаше само за 6 секунди да се снима. И успеав да го снимам тоа.Утредента го покажав само на една комшивка,мајка ми ми рече за ова да не кажувам на никого..И на мајка ми и раскажав за тоа дека претходната вечер бевме таму и таму и што видовме.Крена паника....Што е ова? Како е можно кажете ми вие такво нешто?....Во шок сум,а видеото го имам 6 секунди е само но пак се слуша дел.....Ве молам дадете ваше мислење.
И јас така еднаш се преплашив кога ми купија вокмен. Тогаш ми донесоа и некои касети од Queen, па си реков да послушам малку. Кога почна да вие и да завива Фреди ми се крена косата. Секакви мисли ми е роеја во главата - од тоа дека Queen се сатанисти и прилично слободни ѕидари, па до тоа колку страшна болест била тоа сидата што така му го упропастила гласот на пејачот кој урла како свиња пред колење. Отпосле сфатив дека батериите биле при крај и дека чудните звуци биле последица на бавното вртење на касетите во вокменот. Сакам да кажам дека треба да си ја провериш батеријата од мобилниот. А за тоа кај селските гробишта не му се секирај, сега е време на избори, па може некој само станал да гласа.






