Внимавате ли на својот изглед кога сте во врска?

  • Креатор на темата Креатор на темата lo6ko piratot
  • Време на започнување Време на започнување

Кога внимавате повеќе на вашиот изглед?


  • Вкупно гласачи
    90
  • Гласањето е завршено на .
Треба да се додаде уште една опција за гласање:

" Не внимавам на изгледот ни кога сум сингл, ни кога сум во врска ".

хммм, зошто некако резултатов од анкетава не ми се софпаѓа со реалноста ....изгледа дека стварно ми фали опцијава
 
Си го фурам својот стил и во врска и сингл, и во шушкање, секогаш.
 
абе не е цела работа во убавината туку во душата е сепак треба да се внимава

позз
 
Колку ќе се пластифицирам зависи од расположението и желбата и секако од тоа со кого сум, така што, многу повеќе внимавам на себе кога сум во врска.Убаво ми е кога сум му убава на оној кој што го сакам, затоа што тоа е израз во исто време и на тоа колку многу сакам да му се допаднам.
Секако и кога сум сингл не значи дека качувам 10 килограми + и не за интересирам за тоа како изгледам, само мотивот е многу посилен кога имаш за некој друг освен само за сам себе.
 
Ако не внимавам на својот изглед додека сум во врска, ако се запуштам и ако не се средувам доволно тогаш тој сигурно дека ќе си најде замена, што ќе му е некоја која изгледа како да западнала во криза.... Внимавам подеднакво на мојот изглед и кога сум соло и кога сум во врска, но сепак може да се каже дека поголемо внимание му обрнувам на изгледот додека сум во врска :)
 

Секако дека внимавам. И кога бев слободна а и сега... секогаш.:)
 
Девојки сме - ако ние не внимаваме на својот изглед тогаш кој? Без разлика дали сме во врска или не, мора да внимаваме на себе. Никогаш не сум си дозволила, а и нема да си дозволам да се запуштам. Врската не е затвор, не гледајте така на неа. Многу се нервирам кога ќе видам девојка, фатила дечко и заборава на женственоста.
 
Дали соло, или во врска исто ми е мене...
Секогаш внимавам на својот изглед и сум секогаш среден. :)
 
Кога сум во врска повише се средувам. Значи депилација, бричење, шишање, користење на козметика и такви тракатанци. А гардеробата ми е иста увек.
 
Ја на мојот изглед внимавам само коа идам у кавана или у некој добар ноќен клуб без разлика дали сум у везе или без везе, иначе у остало не се бричам идам по вајфбитерка и шорцеви надколена и у класична папуча
 
Јас си внимавам на мојот изглед секогаш не само кога сум во врска.. :)
 
Нема разлика во врска или не, секогаш внимавам на себе и својот изглед и се облакам како мене ми се свиѓа, имала или немала дечко, исто е.
 
Внимавам да, но не секогаш. Ме има видено во секакво светло. Пижами, фустан, шминка и без. Се средувам секогаш пред се за самата себе, а потоа за останатите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom