Пост на кој сте се изнасмеале

У темата за ракомет,мислел ќе има реванш со Данска:pos::pos:.
Ооооо се извинувам сум погрешил мислев дека ќе имало реванш натпревар помешав со фудбал
Како и да е не скршија и тоа добро
 
што сте му се навртеле толку на Драгонборн, 12 години има. Вие како сте се понашале на 12? :rolleyes: смешен е кога се кара со сунѓерот ама детето е далеку од неинтелигентно. Ни спама, ни тресе глупости по теми каде што не му е место. Пастирал вест од Курир, е да, многу знае на таа возраст кој медиум под чија закрила е и како одат тие работи.
На форумов смешни се овие со 25-30+ што се однесуваат како да имаат 12.
Фала ти многу
Многу те почитувам на форумот
 
SLEEP_84b522_2014956.jpg
Абе идете легнете си :D
search
 
Малце стар е постов али нема веза, случајно го најдов во темата дежурна ординација...Проѕевајќи се си ја изместил вилицата... :pos:

Ја наместив сега. Ама од акл излегов. Неможев да ја затворам устата едно 20 мин, ме болеше кога пробував да ја затворам.
И јас не знам како ја наместив, почнав да ја мрдам лево десно горе доле. Сега ми е страв да ја отворам устата.
 
Имам проблем што многу ме измачува................... Најмногу од се ме боли што сака да се видиме петок, а петок паѓа снег и тоа многу а тој не вози на снег. Намерно договори петок. Јас денес ја видов прогнозата.

:vozbud:
 
постов е постар, ама сега го прочитав и морав да го споделам
на тема
Како ги замислувате пеколот и рајот (ако воопшто постојат)?


И шо се праи во рајо, ете вљубен си постојано, неизмерно радостен си цело време и тука е бог светци, патеници испосници... и цело време муабет “леле колку ни е убо, овде е преубо и ние сме среќни и убо ни е и господ е голем и се е убо и јас сум среќен и ти си среќен и тој е среќен и нам ни е убо најнајубо и стално ќе ни биди вака убо и утре и задутре н позадутре оти господ е супер и многу е убо шо сме тука со него и со други светци и сите сме заедно и ни е многумнооог најнајмногу убо турбо убо ми е и сме заљубени и сме среќни се ни е убо и сабајле ни беше убо и поручек ни е убо и ноќе ни е убо и се е супер и одлично се чуствуваме најубо се чуствувам овде во рајо...“
И сега замисли 10000000 души во рајот ко ќе си прат муабет и сите ваков текст повторуваат.
И тоа траи една вечност...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom