Досега ниту еднаш не сум се изнервирал волку за друга утакмица на ЕП...
Како што кажа Нињо, како што се сомневав и во првиот пост,
значи мртовците се чуваа против Хрватска, знаејќи дека и онака имаме малку шанси да ги победиме,
само за да ги урнат соништата за ОИ на Норвежаните. Се да им ебам за ова, не го заборавам тој срамен пораз...
Значи играта од која стравувал Норвешкиот тренер е нашата бавна игра, во која ако ти оди во нападот, можеш да го совладаш било кој противник кој практикува брза игра. Ќе споредам со некои партии од баскет што ги играме во маало
Често знаеме кога губиме од некои да ја умртвиме играта, да ги изместиме од ритам, да изгубат секаква желба за игра и потоа да ги победиме 


Е ние сме ваква екипа, со мртвата тактика на мртовецот Лино Червар и неговиот Металург, извадивме резултат кој е добар, но мораше да биде подобар.
Цела утакмица ја одигравме добро. Можеби во одбрана бевме слаби, но Борко се помрдна од мртва точка, СУДЕЊЕТО БЕШЕ ОДЛИЧНО, па дури и во наша полза и ги имавме сите конци во рака.
Во нападот беа расположени скоро сите.
Кога се случило Прибак и Фичо да одиграат над просекот во еден ист натпревар?

Фичо имаше 2/2, а направи и неколку асистенции, иако дечкото мува не го лази, само си чека во аголот (како крило некое), ниту вкрстува на 9 метри, само ќе тргне напред и ако му ја додат секогаш е на раб на пробивање
Мртовец, да земе да игра десет пати поголем придонес ќе има. Овој треба да седне и со психолог да прави муабет, или да фатат да го скршат од мавање и со закани да го принудат да игра 
Прибак беше солиден, истотака погоди два пати и имаше еден куп асистенции. Миркуловски одличен, како во напад, така и во одбрана, сто пробивања им изнуди, меѓу кои и најважното на крајот.
За Кире немам зборови за денешниот меч. Даде 11 гола, одигра најдобар натпревар на ова ЕП, баш капитенски. Крилата истотака погодија од неколку мртви агли, а и пикерите имаа шанси колку што немаа во сите мечеви претходно, но немаа баш најдобра реализација.
И кога сите одиграа барем просечно, а повеќето натпросечно, пак успеавме да не победиме и да дозволиме да стравуваме и за бод.
Норвежаните беа мртви. Бековите не се видоа, брзата игра им ја сведовме на минимум. Многу паметно, ги покривавме со повеќе играчи нивните бекови и остававме простор за нивните играчи од внатрешната линија, на кои Борко им скрати неколку шута, па дури и по ризик пикерот неколку пати да добие зицер.
Освен Јондал кој не наполни од лево крило, другите делуваа прилично индиспонирано.
Судијата ги уби со исклучувања, иако повеќето беа заслужени, а целата таа нервоза и притисок во нивните редови делуваше уште понегативно на нивната игра.
И во една ваква ситуација, ОДНОВО НЕ УСПЕАВМЕ ДА ПОБЕДИМЕ.
Зошто???
Обрван кој толку го пофаливме за досега сработеното, реши дека во последните 10 минути, на 4 разлика за нас, треба да го уфрли во нападот НАУМЧЕ.
Респект за се што досега направил за репрезентацијата, ама човеков нема што да бара повеќе на теренот. Кузмановски одлично го отвори мечот со гол уште во првата акција, но заработи повреда на носот и од тогаш не влезе во игра, што донекаде можеби беше оправдано.
Но, Фичо и Прибак беа сосема солидни дотогаш (а потоа и пред Миркуловски му даде шанса на Номета), и немаше никаква потреба да се стави таков играч на теренот.
Мојсо се затвори и Миркуловски лошо го проигра, па Гробарот успеа на сигурен гол од контра, да изнуди решавачко изнудување.
Норвешка намали на само 1 разлика во тој период,
ама тоа не беше се и дибекот Обрван уште еднаш го стави мртвото Наумче во игра.
Прави пробивање типот и при контра на противникот, типчето си оди да МЕНУВА НА КЛУПАТА 


Вакво нешто само од Номче сум видел во животот, а не е прв пат...
Таман фативме приклучок,
неписмениот Борко, кој се пали после 5 одбрани на натпревар, при играч помалку и 15-тина секунди до комплетирање, реши дека треба да фрла контра до еден наш играч кој беше сам меѓу цела Норвешка репрезентација, наместо да ја смири топката.
РЕШАВАЧКИ МОМЕНТ ЗА ПОРАЗОТ.
Тука се распаднавме и треба да сме неизмерно среќно што го имавме Миркуловски на теренот за сам да го добие бодот.
Нормално, имавме шанса и за победа, но одлично одработената акција за Столе, заврши со смешно промашен зицер, и тука пикерите целосно потфрлија во реализација.
Последната акција не ја ни коментирам, очигледно е дека Кире се задоволи со нерешено, и по мечот неговиот израз на лицето го кажуваше тоа, и само се чекаше да одминат секундите за да упатиме некој мртов шут.
Кире вика ги отпишавме Норвежаните, ги пративме Франција и Полска во полуфинале. Абе, Кирца бе, ами што ако
мртвата Полска не ја добие уште помртвата Хрватска?
За Франција не се сомневам дека ќе ја прегази Норвешка, сепак тука има разлика во класи.
Абе кажи нешто дека на 5 меча ние имаме скор 0-2-3

Имаме три инфаркт завршници и 0 победи во истите...
Мораа да го добијат овој дуел, ем да придобијат позитивни критики после очоболот против Хрватска, ем за да го оправдаме нашето учество во квалификациите од ОИ...