Македонија-Норвешка 25.01. (18:15ч) Група 1

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Во која минута ќе го исклучиме телевизорот/стримот?


  • Вкупно гласачи
    80
  • Гласањето е завршено на .
Kаква изјава на министерот еееј...

Не знам зошто паѓаме во второто полувреме и физички и психички, тоа е работа на стручниот штаб, нека анализираат после натпреварот.

:гомце::гомце::гомце::гомце::гомце:


Психички паѓате ради попуштените штрафчиња во таа зелката на вратот шо ја носиш, каде бе со вакви екипи такви контри фрлате бе?
Oбрван да не дремеше на гол цело време или глумеше лудило на терен при крај?
Единствена (голема) грешка на Обрван е влезот на Гробарот.Контрапродуктивно во секоја смисла.
Кузмановски ви е поголем маж од сите таму
Акцијата за крај?!Дежа ву Полска.

АН Ее и некоја голема филозофија да задржите 5 разлика која ја имавте константно од почеток скоро:busi:
 
Кој делириум ќе беше во салата ако дадевме гол па па па..Брамка,брамка!:(Имаа тајм-аут,ама никаква акција не направија.Еј,сите противнички играчи знаат дека Лазаров ќе шутира,па дај бе изненади ги со некој од останатите 5 играчи.Против Полска истото.И тогаш јадеше блок и сега пак.Против Србија му ја дадоа на Манасков и гол,а исто србите му се пуштија одма на Лазаров.Место да средат некоја тактика за пикер,тој оди со главата во ѕид.

Шутот после 2-3 секунди од акцијата во 57-ма минута.(n)(n)(n)

А и судиите да ми јадат курот што досудија фаул,отидоа 5 секунди у курац.Барем да го стопираа времето,секогаш во финиш стопираат ама сега не ццц.

А што му беше филмот на дегустаторот со изјавата,некако ептен чуден беше.Како да го кривеше стручниот штаб за тоа што паѓаат на крај т.е дека се ментално слаби.:jajce:

Столе,Столе!Абе удри,закуцај го голманот со се топка,не туку ризикувај суви листови . Ама партал го имаа направено норвежаните,баш камерата добро тоа го покажа.Раката лом му беше,штипеле како некои пички викинзите.
 
Абе не искористивме меч во кој судиите ни судеа ко да сме Барселона ејјјј, не ми се верува бе... :facepalm:
Сеа дојдов само ради ова да напишам пост. Не на мечов, него на цело првенство судиите ни судат фантастично. Најискрено, Македонија во ниту еден спорт немала вакво судење во текот на едно првенство како што има на ова. Страшно е колку добро судат судиите, на моменти дури има и некои тендециозни одлуки на наша страна. И ние дегените не го користиме тоа, немаме победа на цело првенство, море мрш у пичку материну.
 
Досега ниту еднаш не сум се изнервирал волку за друга утакмица на ЕП...

Како што кажа Нињо, како што се сомневав и во првиот пост, значи мртовците се чуваа против Хрватска, знаејќи дека и онака имаме малку шанси да ги победиме, само за да ги урнат соништата за ОИ на Норвежаните. Се да им ебам за ова, не го заборавам тој срамен пораз...

Значи играта од која стравувал Норвешкиот тренер е нашата бавна игра, во која ако ти оди во нападот, можеш да го совладаш било кој противник кој практикува брза игра. Ќе споредам со некои партии од баскет што ги играме во маало :D
Често знаеме кога губиме од некои да ја умртвиме играта, да ги изместиме од ритам, да изгубат секаква желба за игра и потоа да ги победиме :icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
Е ние сме ваква екипа, со мртвата тактика на мртовецот Лино Червар и неговиот Металург, извадивме резултат кој е добар, но мораше да биде подобар.
Цела утакмица ја одигравме добро. Можеби во одбрана бевме слаби, но Борко се помрдна од мртва точка, СУДЕЊЕТО БЕШЕ ОДЛИЧНО, па дури и во наша полза и ги имавме сите конци во рака.
Во нападот беа расположени скоро сите.
Кога се случило Прибак и Фичо да одиграат над просекот во еден ист натпревар? :D
Фичо имаше 2/2, а направи и неколку асистенции, иако дечкото мува не го лази, само си чека во аголот (како крило некое), ниту вкрстува на 9 метри, само ќе тргне напред и ако му ја додат секогаш е на раб на пробивање :D Мртовец, да земе да игра десет пати поголем придонес ќе има. Овој треба да седне и со психолог да прави муабет, или да фатат да го скршат од мавање и со закани да го принудат да игра :icon_mrgr:
Прибак беше солиден, истотака погоди два пати и имаше еден куп асистенции. Миркуловски одличен, како во напад, така и во одбрана, сто пробивања им изнуди, меѓу кои и најважното на крајот.
За Кире немам зборови за денешниот меч. Даде 11 гола, одигра најдобар натпревар на ова ЕП, баш капитенски. Крилата истотака погодија од неколку мртви агли, а и пикерите имаа шанси колку што немаа во сите мечеви претходно, но немаа баш најдобра реализација.
И кога сите одиграа барем просечно, а повеќето натпросечно, пак успеавме да не победиме и да дозволиме да стравуваме и за бод.
Норвежаните беа мртви. Бековите не се видоа, брзата игра им ја сведовме на минимум. Многу паметно, ги покривавме со повеќе играчи нивните бекови и остававме простор за нивните играчи од внатрешната линија, на кои Борко им скрати неколку шута, па дури и по ризик пикерот неколку пати да добие зицер.
Освен Јондал кој не наполни од лево крило, другите делуваа прилично индиспонирано.
Судијата ги уби со исклучувања, иако повеќето беа заслужени, а целата таа нервоза и притисок во нивните редови делуваше уште понегативно на нивната игра.
И во една ваква ситуација, ОДНОВО НЕ УСПЕАВМЕ ДА ПОБЕДИМЕ.

Зошто???
Обрван кој толку го пофаливме за досега сработеното, реши дека во последните 10 минути, на 4 разлика за нас, треба да го уфрли во нападот НАУМЧЕ.
Респект за се што досега направил за репрезентацијата, ама човеков нема што да бара повеќе на теренот. Кузмановски одлично го отвори мечот со гол уште во првата акција, но заработи повреда на носот и од тогаш не влезе во игра, што донекаде можеби беше оправдано.
Но, Фичо и Прибак беа сосема солидни дотогаш (а потоа и пред Миркуловски му даде шанса на Номета), и немаше никаква потреба да се стави таков играч на теренот.
Мојсо се затвори и Миркуловски лошо го проигра, па Гробарот успеа на сигурен гол од контра, да изнуди решавачко изнудување.
Норвешка намали на само 1 разлика во тој период, ама тоа не беше се и дибекот Обрван уште еднаш го стави мртвото Наумче во игра. Прави пробивање типот и при контра на противникот, типчето си оди да МЕНУВА НА КЛУПАТА :pos::pos::pos:
Вакво нешто само од Номче сум видел во животот, а не е прв пат...
Таман фативме приклучок, неписмениот Борко, кој се пали после 5 одбрани на натпревар, при играч помалку и 15-тина секунди до комплетирање, реши дека треба да фрла контра до еден наш играч кој беше сам меѓу цела Норвешка репрезентација, наместо да ја смири топката.
РЕШАВАЧКИ МОМЕНТ ЗА ПОРАЗОТ.
Тука се распаднавме и треба да сме неизмерно среќно што го имавме Миркуловски на теренот за сам да го добие бодот.
Нормално, имавме шанса и за победа, но одлично одработената акција за Столе, заврши со смешно промашен зицер, и тука пикерите целосно потфрлија во реализација.
Последната акција не ја ни коментирам, очигледно е дека Кире се задоволи со нерешено, и по мечот неговиот израз на лицето го кажуваше тоа, и само се чекаше да одминат секундите за да упатиме некој мртов шут.

Кире вика ги отпишавме Норвежаните, ги пративме Франција и Полска во полуфинале. Абе, Кирца бе, ами што ако мртвата Полска не ја добие уште помртвата Хрватска?
За Франција не се сомневам дека ќе ја прегази Норвешка, сепак тука има разлика во класи.
Абе кажи нешто дека на 5 меча ние имаме скор 0-2-3 o_O
Имаме три инфаркт завршници и 0 победи во истите...

Мораа да го добијат овој дуел, ем да придобијат позитивни критики после очоболот против Хрватска, ем за да го оправдаме нашето учество во квалификациите од ОИ...
 
ако победеа ќе го кренеа носот и ќе губеа од Белорусија, овака ќе бидат постегнати...
туку Деки колку гола даде, избива ли во Топ 3 Скорер ?
 
Абе не искористивме меч во кој судиите ни судеа ко да сме Барселона ејјјј, не ми се верува бе... :facepalm:
Поклони за нас е непознат поим. Незнам што те чуди. Со Полска од +3 за нив ни даваат шанса за нерешено ние ја усеруваме. 5 гола водиш со Норвежаниве ја усеруваш. Ја водиш Данска 2012 со 7 гола, губиш во последна секунда. Со Германија во Ниш Манасков прави престап не тепаат со еден гол разлика. Со Швеѓаните исто.
Треба да имаш екипа со карактер и муда да егзекутираат голем ривал кога ќе имаме поклон.
Ние немаме екипа со карактер за да искористиме поклон.
Чекоров напред го чекам 5 првенства. Никако да го дочекам.
 
Пораз поради глупите исклучувања на Мојсо :facepalm: , и Гоце, го јавнал Мирхол, сосе топка в гол го пикна.
 
Поклони за нас е непознат поим. Незнам што те чуди. Со Полска од +3 за нив ни даваат шанса за нерешено ние ја усеруваме. 5 гола водиш со Норвежаниве ја усеруваш. Ја водиш Данска 2012 со 7 гола, губиш во последна секунда. Со Германија во Ниш Манасков прави престап не тепаат со еден гол разлика. Со Швеѓаните исто.
Треба да имаш екипа со карактер и муда да егзекутираат голем ривал кога ќе имаме поклон.
Ние немаме екипа со карактер за да искористиме поклон.
србите кренаа галама дека сме израмниле со нерегуларен гол, Деки излегол во аут па се вратил, земал поголе залет пошто трчал од аут :cool:
 
Vie sto kliknavte deka ke go isklucite televizorot posle 10 ili 20 minuti go storivte li toa?

Jas mislam deka takvi kako vas podobro i da ne go vklucuvat televizorot koga igra reprezentacijata.

Така е. Само вие со античка крв, потомците на воинот на коњ, вистинските патриоти, треба да ја гледате македонската репрезентација.

Македонија се сака, Македонија се љуби и кога победува и кога губи.
 
Не се разбирам у ракомет али цел живот на проценка да браниш треба да си дебил.ДВЕ одбрани у второ полувреме.
Тоа и јас го викам овие 7-8 години откако е тој во репрезентацијава. Толку слаб голман нема во Европа значи. Бранење по проценка е за фудбал бе свињо дебела бе! Која проценка ја правиш на гол широк 3 m? Брани со очите бе, гледај од другите голмани кои се едно 5 пати најмалку подобри од тебе, како се брани!!! Шо кур ти требаше да ја продадеш таа топка во напад кога цела екипа беше назад, освен Манасков, а водиме 4 разлика!!!
Лазаров брат, да ти кажам што ни фали! Ни фали прав капитен, ни фали тоа што е Меси во фудбалот, со потег, да реши натпревар. За таквото ни се 11/14 што ги имаше денеска кога не превземаш одговорност во последна акција, а згора на тоа претходно промашуваш 2 ПЕНАЛИ!
Стоилов 2 зицери, по перфектно изработени акции o_O wtf?!
Трагичното е што пак се задоволуваат со реми, а уште потрагично е што после секоја ваква завршница се тешиме, дека одиграле маестрално прво полувреме, дека сме биле на правиот пат, дека екипава имала искуство, дека допрва ќе гледаме добри резултати...кога допрва бе?! 6-7 играчи се со 30+ години!!! :facepalm:
Да не бидувало за нешто, ќе игравме за медал во Србија, лани во Катар ќе бевме најмалку во топ 7, а на ова првенство требаше да биде кремот. Победа со Полска, Норвешка и Белорусија и ќе игравме за 5то место пак.

И да одат на ОИ нема да направат ништо. Уствари чекај, во самите квалификации, ќе се одлучува пак во еден натпревар, со афричката селекција. Најтрагично ќе биде ако играме дома и отпадниме.

П.С. За 5-то место во групава ни е доволно нерешено со Белорусија :D
 
Сеа дојдов само ради ова да напишам пост. Не на мечов, него на цело првенство судиите ни судат фантастично. Најискрено, Македонија во ниту еден спорт немала вакво судење во текот на едно првенство како што има на ова. Страшно е колку добро судат судиите, на моменти дури има и некои тендециозни одлуки на наша страна. И ние дегените не го користиме тоа, немаме победа на цело првенство, море мрш у пичку материну.

Не претеруј сеа! :D

Против Полска и Франција не беше на наша страна судењето ама тоа е и ненормално да го очекуваш. Против Србија и денеска беше. И тоа многу.

И уште ова. Искуството! Значи почнувајќи од 2012 навака ова е петто последователно првенство на кое играме. Сме одиграле милион вакви натпревари. И не е возможно пак да ги повторуваш истите грешки и да паѓаш во ист момент.

Единственото оправдување за евентуалното паѓање во последната третина на мечот што го имаме е кратката клупа. Но на ова ЕП тоа ни се деси само против Франција и таму стварно беше глупо да ги критикуваш, јер играш против репрезентација која е ненормално поспремна од тебе. Ама да се држиш до 50 минута, во последните да паднеш но сепак да ти се укаже шанса за поволен резултат ко што беше со Полска и Норвешка, едноставно нема оправдувања за неуспехот!

Која е бе таа потреба бе Кирца да не го слушаш Обрван? Разбирам дека си со тројно поголем углед во него, ама не ја прави македонската. Послушај го тренерот и после обвини го затоа што он згрешил!

Сеа ќе го обвинуваат пак Обрван, а згреши он самиот, ДВАПАТИ НА ПРВЕНСТВОВО!!!

А баш денеска беше во форма, ебваше маме и пак се испичка на крај. Не мислам тука на последната акција него на акцијата 5 минути пред крај кога искочи сам на 6 метри со голман и место да шутне му ја даде на Георгиевски у факинг мртов агол бе! Не ми скокајте сеа тука, не го кењам Кире, ама овие грешки кои ги прави се фатални.

Ко шо се фатални дебилните игри и грешки на министерот за дегустација. Ако има одбивен играч кај нас, убедливо е тој. Не ми се верува бе му ебам фацата самобендисана, ај ако Кире заслужил со квалитетот да биде над сите, со шо заслужи дебилов? Едино со тоа шо му е другар можеби. Чист просечен голман кој има една јака на три утакмици и не знае да брани читливи бековски одбрани.

Реално треба да се има и среќа во спортот, многу. Ние ја немаме и тоа е неоспорен факт. Во 90% од случаите сме ја немале. Ама сме биле во многу ситуации во кои сме имале шанса да не оставиме среќата да решава. Ко денешниов меч. Имаш 5+ разлика, треба мирно да го сведеш до крајот, ти ја усеруваш работата со аматерски грешки!

Прочитав многу коментари кај што бараат кондиционен тренер. Мислам дека не е тоа проблемот. Главниот проблем е психологијата, ни треба психолог, оти физички не сме инфериорни веќе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom