Последниот збор

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Кога мислам дека сум во право, се обидувам да го докажам тоа па дури и по цена да философирам до даска, устата да ми фати пена и да дехидрирам!
 
Тешко попуштам и скоро секогаш морам да ставам капак на се. Сепак се случува понекогаш и да преќутам само доколку сум сигурен дека не сум во право.
 
Многу ретко се обидувам да бидам оној кој последен ќе искоментира. Да се докажувам со некој кој упорно се прави дека не сфаќа, притоа целејќи да ме изнервира е исто како со глава да удирам во ѕид. Оној кој се согласува со мене ќе ме остави да си го кажам тоа кое го имам, и нема да има било каков коментар на тоа. А пак оној чија цел е само да дебатира колку да се докаже колку е паметен, често го оставам да збори сам со себе.
Да бидам капаче не сакам, но да бидам оној кој ништо нема да каже, е тоа не можам:smir:
 
Па најчесто сакам да го имам последниот збор,посебно кога сум сигурен во нешто.Е сега има моменти кога е попаметно да си поќутиш одколку само да зборуваш
 
Ако ми е до карање, ако ми згрешил нешто многу некој а не признава, ако сум изнервирана нешто од пред тоа па се закачнам со некој или ако се заинаетам тогаш префрлам на се! :) У тие моменти неможам да преќутам... И сакам да го имам последниот збор.... Дали го имам зависи од личноста со која се карам... Ама тие се ретки моменти... За среќа :)
Најчесто сум доста толерантна и гледам што помалку да се карам, па преќутувам на доста ствари, иако во себе му идам контра :)
 
Дали секогаш го имате последниот збор во дискусии,муабет или слично?
Дали за секое лонче имате капаче или пак и да знаете нешто и да знаете одговор преќутувате?

претежно зависно од расположение и друштво.. има луге шо трпат капачиња.. а има и такви шо не трпат па ги фаќа нервоза.. затоа кај едни си ќутиш кај други по опуштено
 
Скоро секогаш го имам последниот збор значи мора да му вратам на некој и тој да преќути а не јас:)
 
Taков сум, секогаш сакам да бидам последен.
Ако не сум располжен за муабет(мн. ретко) ќе си преќутам и воопшто не се трудам да бидам последен.:)
 
ооооо, тоа обавезно, ако сум убедена дека сум во право, нема шанси да престанам додека не го докажам тоа и јас да ја ставам последната точка на муабетот.
 
Оу јеа, секогаш сакам да го имам последниот збор, можда сте забележале и на форумов кога се карам се карам до крај :pos:
 
Тврдоглава сум по природа, така што, да, сакам да го имам последниот збор, точката или како сакате наречето го. Ама како што за сè има граница, така и за ова. Ако увидам дека не сум била во право, се повлекувам.:pipi:
 
Па на приемр во кавга, ако не е за нешто многу сериозно, се расправам, објаснувам, викам. А ако е за нешто што стварно ме разочарало, премолчувам, чекам тој/таа што ме разочарале да се сетат каква гршка направиле, а јас се празнам на други работи и сакам да бидам сама во моментот. Единствено што чувстувам потребам е тоа последна да кажам ЧАО кога разговарам (на телефон на пример).
 
Најчесто да,го имам последниот збор освен кога дебатирам со дечко ми на некоја тема :) е тогаш нема шанси да успеам јас да кажам нешто и само на тоа да остане затоа што секогаш он го има последниот збор,му нема равен во докажување :vozbud: и ептен се нервирам ама ете :back: стварно знае да ме собори со муабет.
 
..Дома секогаш има викање по мене,само проади тоа што едноставно сакам а и мора мојот збор да е последен.Дури и кога нема да го кажам гласно јас го кажувам оан тивко,во вид на шепотење,па и тогаш ме слушаат.И секаде сакам да е мој збор последен,едноставно мана ми е тоа.
Инаку премолчувам,само кога гледам дека противникот *така ќе го наречам* е некој/а која едноставно никако не сваќа дека ја сум у право
 
Во принцип секогаш кога влегувам во некои караници знам да се воздржам од било каков коментар зошто мразам да се карам или пак да докажувам нешто на тврдоглава личност шо ако нејзиниот збор не е последен ќе тера инает се дури не попуштиш(а богами и нервно). А иначе да за секое лонче имам капаче претежно ама не често г кажувам тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom