Toecutter
Biafran Baby
Ок кога ми реплицираш мене не мораш до толку да наведуваш некои работи општо познати:smir:
Да се слагам со твојот пост. Ако не верувам во Маниту тогаш сум атеист. Ајде ќе кажеме точен исказ. Ама тој е точен и за атеистот, агностикот и православнио, католикот, протестанто и мнооогу други.
За болдот така е се слагам. Значи она што мене од почетокот ме интересираше е следнов, пак повторено.
Е сега чуму потребата да се покаже дали е поарно да не припаѓаш на Х отколку на Х-1 институции? ТУка не ја гледам поентата. И тоа е она што ме интересира, барем мене лично.
Значи зашто ти би имал потреба да му покажеш на некого дека е грешно да припаѓа кај Христијаните. Или зашто христијанинот би имал потреба да ти покаже дека не си у право што не припаѓаш кај нив.
ТОа ме мачи цело време. Ние растеме и сме раснети во време во кое сепак религиските фактори се на ниско ниво во обликување на човековото битие. И во мојата околина имам и верници и луѓе поголеми атеисти од некој тука, меѓутоа не сум почувствувал потреба никој пат некого да разубедам. Поентата ми е да дознаам што се мота во главата на луѓето кои сакаат да докажат дека другите грешат и која е придобивката од сето тоа.
А бидејќи не има секакви нели, стално ќе забега ситуацијат аи дискусијата во лош правец.
Дали се општо познати или не не знам, цитираното беше на твој пост, но форумот има 40.000+ члена (исто колку и религии бе...

Е сега за мотивите за убедување и разубедување, тука сме на опасен терен, минско поле, на секој чекор демнеат дупки од кои вреба лукавиот...а и зборот “теорија на заговор“ пророкувам дека ќе се замеша во муабетот...

Религиската декларација зависи директно од присилно, top-down авторитарно индоктринирање на рајата.
Ниту е тоа вродено ниту се чека полнолетство за да религиозно декларираниот се стави во групата во која припаѓа ниту има нешто слично.
Си има сосема конкретна цел и програма, агенди и дејства.
Доволно за пример ќе е случајот Екс-Југославија 1991-2001 и улогата на религиската и национална идентификација и перцепција и сето што произлезе.
Така да за секој, макар делумно совесен човек сметам дека е доблесно да го запраша ближниот зошто се перцепира како дел од одредена група (религија,нација) и што гледа во тоа.Бидејќи утре комшијата со поинакво презиме и поинакво замислено другарче под влијание на некои центри на интерес можи да ти затропа на врата со чакија. Како во Босна.
Со еден збор има сосема јасни негативни последици а никаква корист, или барем не можам да ја видам.
Секако ова е моја перцпеција, некому мотивот може да е его-трип или себе-докажување или фрустрации, но како и да е, тешко дека има еден единствен мотив тука.
А не заборавај дека и религиски декларираните се бајаги активни во убедување,некои дури и се платени за тоа а некои повикуваат на линч...
Во религиските списи, на пример Библијата, нема избор. Или си со нас или си против, оној кој е против...ќе заврши во Адот.
Религијата е ширена по насилен пат и како таква си има одредени цели кои можат да се апсолвираат со прашањето cui bono.
Ако се одговори на тоа прашање, другото ќе си дојде само по себе, како крило кога дрибла цела одбрана и мести топка при што на центарфорот само му останува да не промаши празен гол (има и такви ко Гомез од Баерн) но тоа е друга работа...

И не е на арно да се меша атеист со секуларен верник...штета што нема поим и за секуларен неверник...можеби tin foil hat...како шо кажуваат на телевизија...
