Пописот 2011 и верска припадност

  • Креатор на темата Креатор на темата Атеист
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе се изјасните за својата вероисповед

  • Да

    Гласови: 110 85,9%
  • Не

    Гласови: 18 14,1%

  • Вкупно гласачи
    128
Статус
Затворена за нови мислења.
Ок кога ми реплицираш мене не мораш до толку да наведуваш некои работи општо познати:smir:
Да се слагам со твојот пост. Ако не верувам во Маниту тогаш сум атеист. Ајде ќе кажеме точен исказ. Ама тој е точен и за атеистот, агностикот и православнио, католикот, протестанто и мнооогу други.

За болдот така е се слагам. Значи она што мене од почетокот ме интересираше е следнов, пак повторено.

Е сега чуму потребата да се покаже дали е поарно да не припаѓаш на Х отколку на Х-1 институции? ТУка не ја гледам поентата. И тоа е она што ме интересира, барем мене лично.

Значи зашто ти би имал потреба да му покажеш на некого дека е грешно да припаѓа кај Христијаните. Или зашто христијанинот би имал потреба да ти покаже дека не си у право што не припаѓаш кај нив.

ТОа ме мачи цело време. Ние растеме и сме раснети во време во кое сепак религиските фактори се на ниско ниво во обликување на човековото битие. И во мојата околина имам и верници и луѓе поголеми атеисти од некој тука, меѓутоа не сум почувствувал потреба никој пат некого да разубедам. Поентата ми е да дознаам што се мота во главата на луѓето кои сакаат да докажат дека другите грешат и која е придобивката од сето тоа.

А бидејќи не има секакви нели, стално ќе забега ситуацијат аи дискусијата во лош правец.

Дали се општо познати или не не знам, цитираното беше на твој пост, но форумот има 40.000+ члена (исто колку и религии бе...:vozbud:) така да, напишаното не се однесува само на оној кој сум го цитирал.

Е сега за мотивите за убедување и разубедување, тука сме на опасен терен, минско поле, на секој чекор демнеат дупки од кои вреба лукавиот...а и зборот “теорија на заговор“ пророкувам дека ќе се замеша во муабетот...:)
Религиската декларација зависи директно од присилно, top-down авторитарно индоктринирање на рајата.
Ниту е тоа вродено ниту се чека полнолетство за да религиозно декларираниот се стави во групата во која припаѓа ниту има нешто слично.
Си има сосема конкретна цел и програма, агенди и дејства.
Доволно за пример ќе е случајот Екс-Југославија 1991-2001 и улогата на религиската и национална идентификација и перцепција и сето што произлезе.
Така да за секој, макар делумно совесен човек сметам дека е доблесно да го запраша ближниот зошто се перцепира како дел од одредена група (религија,нација) и што гледа во тоа.Бидејќи утре комшијата со поинакво презиме и поинакво замислено другарче под влијание на некои центри на интерес можи да ти затропа на врата со чакија. Како во Босна.
Со еден збор има сосема јасни негативни последици а никаква корист, или барем не можам да ја видам.
Секако ова е моја перцпеција, некому мотивот може да е его-трип или себе-докажување или фрустрации, но како и да е, тешко дека има еден единствен мотив тука.
А не заборавај дека и религиски декларираните се бајаги активни во убедување,некои дури и се платени за тоа а некои повикуваат на линч...

Во религиските списи, на пример Библијата, нема избор. Или си со нас или си против, оној кој е против...ќе заврши во Адот.
Религијата е ширена по насилен пат и како таква си има одредени цели кои можат да се апсолвираат со прашањето cui bono.
Ако се одговори на тоа прашање, другото ќе си дојде само по себе, како крило кога дрибла цела одбрана и мести топка при што на центарфорот само му останува да не промаши празен гол (има и такви ко Гомез од Баерн) но тоа е друга работа...:)

И не е на арно да се меша атеист со секуларен верник...штета што нема поим и за секуларен неверник...можеби tin foil hat...како шо кажуваат на телевизија...
rofl.gif
 
...а науките спојуваат ли спојуваат...

Како тоа науките разделуваат, ооооо, духовел логичару, низаеден?

...кој (светоглед) е во постојана промена....

СЕ' во овој универзум е во постојана промена! ....само некои луѓе се фиксно-глупи. ...ама тоа по сопствен избор, нели...
 
И не е на арно да се меша атеист со секуларен верник...штета што нема поим и за секуларен неверник...можеби tin foil hat...како шо кажуваат на телевизија...
rofl.gif

Е тука лежи зајакот затоа скока овој чорбастиот и овој бившиот марксист-дарвинист оти не прават разлика
 
Како тоа науките разделуваат, ооооо, духовел логичару, низаеден?

Не е прашањето „..како спојуваат...„ оти не спојуваат, туку прашањето е „..како разделуваат...„ а разделуваат со тоа што некој/некои прифаќаат, некои не прифаќаат, а некои таму се рамнодушни кон науките.

--- надополнето ---

[/QUOTE]
СЕ' во овој универзум е во постојана промена! ...[/QUOTE]..рече Хераклит, а подоцна и Маркс, ама некои на хераклит не му ја разбраа мислата...

--- надополнето ---

DBack;4286697...само некои луѓе се фиксно-глупи. ..[/QUOTE напиша:
...на некои веќе и самиот помислив...

--- надополнето ---

. ...ама тоа по сопствен избор, нели...

...да, оти слободната волја ни е дадена...
 
Не е прашањето „..како спојуваат...„ оти не спојуваат, туку прашањето е „..како разделуваат...„ а разделуваат со тоа што некој/некои прифаќаат, некои не прифаќаат, а некои таму се рамнодушни кон науките.

?!? И, како тоа науката ги разделува и сегрегира луѓето?

Како тоа им става бомби на појас?

Како рамнодушноста кон науката предизвикува крстоносни војни?

Ти, бе, Мики, препрочитуваш ли некогаш пост пред да го постираш или „Исус“ те води, па не правиш чек?
 
?!? И, како тоа науката ги разделува и сегрегира луѓето?

..така што секоја генерација има некоја своја „вистина„, која е „повистинита„ од „вистината„ од претходните генерации...

--- надополнето ---

Како рамнодушноста кон науката предизвикува крстоносни војни?

Прашај го Папата Бенедикт.

--- надополнето ---

Ти, бе, Мики, препрочитуваш ли некогаш пост пред да го постираш или „Исус“ те води, па не правиш чек?

Највероватно...
 
..а науките се турија од давање конечни одговори, па затоа секоја генерација луѓе има свој „научен„ светоглед, кој е „посовршен„ од претходниот...

Шубо го сумираше ова, ни јас подобро не би го смислил.
Њутнова механика>Ајнштајнова теорија>Квантна механика>Unified Theory, вака ќе одат работите до конечната вистина, секоја посовршена од претходната.
 
Глупо е шо прашањево го потенцираше на атеисти, агностици и трараарара и така натака.
Инаку ДА, ќе ја кажам мојата определеност, но нема да се чаламам со неа.
 
Не го разбирам прашањето од анкетата. Ако се изјаснам како атеист, сум се изјаснил или не? :)
 
Еве, да пробам маката да ти ја тргнам.

„Религиите не' поучуваат да бидеме задоволни со неразбирањето на светот во кој живееме.“ Религиите даваат ЛАЖНА слика за реалноста и рационалниот универзум од кој сите сме дел. Религиите се причина за непомирливи поделби помеѓу луѓето. Религиите се неменливи, фиксирани системи за концентрирање на фактичка, но незаслужена МОЌ. Религиите всадуваат тешко корегирливи стереотипи кај своите верници кои се сместуваат во сржта на нивните ставови и се ужасно тешки за менување. Религиите се зло кое, за сметка на комфорот на утехата која ја пружаат, го влечат човештвото кон стагнација, а неретко и НАЗАДУВАЊЕ (Иран 1974 vs. Иран 2011, или САД 1947 vs САД 2011). Религиите „продаваат“ ветов морал кој е анахрон и во конфликт со менливиот морал на заедницата кој е во постојано менување. Религиите се мешаат во световните работи на државите во кои се силни и ја користат својата со закани стекната моќ за да влијаат на државните одлуки кои, уставно, треба да се однесуваат на СИТЕ нејзини жители, без огледн нља нивните лични убедувања, вредности и верувања.

Сите овие работи се дел од НЕГАТИВНОСТИТЕ на организираните религии.

Јас тука пишувам за да ова им стане јасно на оние кои НЕ СЕ ПРЕКУМЕРНО ИНДОКТРИНИРАНИ од религиозните догми во својата религија.

Секој од постовите на овој под-форум ОСВЕСТЕН човек, за мене е голема победа на разумот и рационалниот светоглед.

Koj rece deka makata mi e da podobjasnis (ne)pridobivkite od religiite. Ti pocuvstvuva potreba da objasnuvas za religiite.

A poslednite dve recenici kje gi sfatam kako tvoe mislenje na moeto prasanje kakva e potrebata da mu objasnis na nekogo da stane ateist, odnosno osvesten covek. (iako ne razbiram zasto mislis deka ima prekumerno indoktrinirani lugje od religioznite dogmi)

--- надополнето ---

Дали се општо познати или не не знам, цитираното беше на твој пост, но форумот има 40.000+ члена (исто колку и религии бе...:vozbud:) така да, напишаното не се однесува само на оној кој сум го цитирал.

Е сега за мотивите за убедување и разубедување, тука сме на опасен терен, минско поле, на секој чекор демнеат дупки од кои вреба лукавиот...а и зборот “теорија на заговор“ пророкувам дека ќе се замеша во муабетот...:)
Религиската декларација зависи директно од присилно, top-down авторитарно индоктринирање на рајата.
Ниту е тоа вродено ниту се чека полнолетство за да религиозно декларираниот се стави во групата во која припаѓа ниту има нешто слично.
Си има сосема конкретна цел и програма, агенди и дејства.
Доволно за пример ќе е случајот Екс-Југославија 1991-2001 и улогата на религиската и национална идентификација и перцепција и сето што произлезе.
Така да за секој, макар делумно совесен човек сметам дека е доблесно да го запраша ближниот зошто се перцепира како дел од одредена група (религија,нација) и што гледа во тоа.Бидејќи утре комшијата со поинакво презиме и поинакво замислено другарче под влијание на некои центри на интерес можи да ти затропа на врата со чакија. Како во Босна.
Со еден збор има сосема јасни негативни последици а никаква корист, или барем не можам да ја видам.
Секако ова е моја перцпеција, некому мотивот може да е его-трип или себе-докажување или фрустрации, но како и да е, тешко дека има еден единствен мотив тука.
А не заборавај дека и религиски декларираните се бајаги активни во убедување,некои дури и се платени за тоа а некои повикуваат на линч...

Во религиските списи, на пример Библијата, нема избор. Или си со нас или си против, оној кој е против...ќе заврши во Адот.
Религијата е ширена по насилен пат и како таква си има одредени цели кои можат да се апсолвираат со прашањето cui bono.
Ако се одговори на тоа прашање, другото ќе си дојде само по себе, како крило кога дрибла цела одбрана и мести топка при што на центарфорот само му останува да не промаши празен гол (има и такви ко Гомез од Баерн) но тоа е друга работа...:)

И не е на арно да се меша атеист со секуларен верник...штета што нема поим и за секуларен неверник...можеби tin foil hat...како шо кажуваат на телевизија...
rofl.gif

Ok, takov i odgovor ocekuvav od tebe. By the way mene licno mi se dopagja boldiranoto. Iako sekako povtorno e vmesana religijata vo isti kontekst so verata, ama verojatno i povekjeto taka ja percepiraat.
 
..така што секоја генерација има некоја своја „вистина„, која е „повистинита„ од „вистината„ од претходните генерации...

Тоа се вика надградба.
Премногу се замараш со апсолутни вистини, а не забележуваш дека вистината е многу релативна работа.
Исто како што без браќата Врајт ние не би можеле сега да летаме со авиони, така и денешниве знаења од најразлични области не би биле возможни без претходните теории кои денес би се сметале за застарени.
 
Не го разбирам прашањето од анкетата. Ако се изјаснам како атеист, сум се изјаснил или не? :)

Треба да одговориш со „не“ оти атеизмот не е вероисповед. :helou:

--- надополнето ---

Шубо го сумираше ова, ни јас подобро не би го смислил.
Њутнова механика>Ајнштајнова теорија>Квантна механика>Unified Theory, вака ќе одат работите до конечната вистина, секоја посовршена од претходната.

Нема конечна вистина, ќе има само поголемо знаење и нови теории кои ке го соберат тоа знаење.
 
Тоа е исто. Веро-исповед = Исповедање на верата. Ако мојата вероисповед е „христијанин“, тоа значи дека јас исповедам дека мојата вера е христијанин.

Moжеби.Но кога се спомнува вероисповед се потенцира организирано религиозно следење.
Инаку,јас сум верник.
Верувам во себе,како битие кое е во константно движење,во потрага на себенадминување.
Друго се наоколу е илузија.
 
Абе луѓе затуцани...

Абе госпо знае колку си се нивни, колку си сме наши.
Незнам зошто и уопште правиме попис и отвараме ваква тема ахахаххаха
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom