ПОПИС 2011-Ќе се преброиме ли?

  • Креатор на темата Креатор на темата Karlos sakalot
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас смеам да не се попишам (да бојкотирам) или ќе ме товарат со казна до 1500 евра? Зашто турците смеат, албанците, па и срби, власи...само македонецот не смее, т.е. се води као прекршок?

Вака е и во ЕУ?
Не. При нас кои не сака да се брои независно дали е бугар, ерменец, турчин, ром ке плати 120 лева(60 евро).
Само не знам како ке земат парите на ромите.
 
Продолжуваат од одредени партии со притисокот да нема попис и да се виде еднаш за секогаш реланата слика и бројка на националностите во државата

Симптоматично е како во еден ден се јавуваат разни здруженија на власи кој во едно време колеја и бесеја кога некој беше на власт исто и некое здружение кое се појавува само на една телевизија а без збор што здружение е тоа на египјани колку членови има тоа здружение и т н
Патем што е важно дали имаат членови во комсиите односно попишувачи ако имаат проблем при попишувањето можат слободно тогаш да викнат истата таа тв станица на која сега му даваат интервјуа да се пожалат ако некој ги запишува како друга националност и тогаш да прават бојкот а вака уште не почнат пописот го бојкотираат односно само така изјавуваат само за некоја ситна пара се јавуваат на тв се прочитани како селски буквар

НД: Одложување на пописот во јули
Горазд Чомовски Коментари (7)


19.02.2011 14:16



Наместо, во април пoписот да се одржи во jули и да трае 30, а не 15 дена, предлага Нова Демократија. Партијата на Селмани, ваквото барање го аргументира со фијаското на Државната пописна комисија каде албанските претставници ја напуштија работата на ова тело.

Вината ја лоцираат во ДУИ која како дел од владината коалиција не побарала некој да понесе одговорноста за ваквиот неуспех.

„По објавувањето на конкурсот за попишувачи кој повторно е дискриминирачки за Албанците според сите околности и овој чекор оди кон тотален неуспех“, изјави Арјанит Хоџа, портпарол на Нова Демократија.

ДУИ реагира на обвинувања од нивните политички опоненти. Од оваа партија велат дека процесот треба да биде базиран врз политички и меѓуетнички консензус кој потекнува и од начинот на кој е донесен Законот за попис со Бадентерово мнозинство.

Албанската владејачка партија прашува: Дали НД би прифатила одржување на пописот ако се смени терминот, но со услови на надгласување во Државната комисија за попис, барање кое и денес беше предложено од ваша страна.

Пописот на населението од ден во ден станува се понеизвесен, откако шест члена Албанци и еден од турска националност побараа адекватна етничка застапеност на попишувачите на регионално ниво.

„Ние имаме една историја во овој дел, ве молам вратете се во 1991 година, па 1994-та моравме повторно да направиме уште еден попис. Дали може да се спроведува една толку комплексна операција без учество на најмалку една третина на населението“, изјави Абдулменаф Беџети, потпретседател на ДПК.

Пописот е предвидено да се одржи во предвидениот рок, од 1 до 15 април годинава. Партиите во меѓувреме шпекулираа со можноста за негово одложување и поради евентуалното распишување на предвремени избори
а1
Кој к*р ги терале да се откажат да напуштат од тоа да бидат попишувачи или намерно да го закочат и прекинат почетотко на пописот и патем да ви се намочам во тоа бадинтерово мнозинство абе секаде кај што мора и не мора да се ставело па дај и името на државата не знам како до сега не го предложија во бадинтерова македонија со други зборви ова поќе не се трпи и ги преминва сите граници

Демократскиот сојуз на Власите се заканува со бојкот на пописот
Пеце Стефановски Коментари (4)


19.02.2011 15:54



Нерамномерната застапеност на малцинските етнички заедници меѓу реонските инструктори и попишувачи поради недоследно спроведување на Уставот и чл. 34 од Законот за попис, создава апсурдни ситуации во кои, овие заедници дури и во населени места каде што ги има повеќе од 20%, не ќе можат на пописот да се изјаснат на мајчин јазик.

Ваквата состојба, ќе испродуцира демографско бришење на поодделни малцински заедници. Ова беше речено на денешниот прес на Демократскиот сојуз на Власите од Македонија, кои под итно бараат повлекување од Државната пописна комисија на Перо Нане како претставник на Влашката заедница, до расчистувањето на апсурдите создадени во Комисијата.

Во спротивно, оваа партија ќе ги повика Власите на бојкот.

„Изгледа дека бојкотот е единствениот начин да се вразуми оваа гарнитура дека треба да се почитуваат законите и Уставот, бидејќи ќе дојдеме до уште поголема дерогација на демографскиот состав, односно на демографската слика за Власите и за граѓаните воопшто во Република Македонија“, рече на денешниот прес во Битола професор д-р Никола Бабовски, претседател на Демократскиот сојуз на Власите од Македонија.

Начинот на кој се вршел избор на реонски инструктори и попишувачи, создавал атмосфера на недоверба, која целосно ќе се рефлектира врз претстојниот попис, велат од Демократскиот сојуз на Власите.

„Недовербата, за жал, некој ја потенцира и сака да се створи недоверба и во овој попис. Бидејќи за нас не држи ставот дека со секој припадник на една немнозинска етничка заедница, треба да оди претставник на мнозинската заедница“, вели Бабовски.

Од оваа политичка партија сметаат дека во Македонија реално има над шеесет илјади Власи, иако со последниот попис што го оспориле, биле регистрирани само десет илјади.

Според нив, ако се споредат податоците од првиот до последниот попис, годишно околу 1.100 Власи или умирале или трајно се исселувале, а не се раѓал ниту еден.

а1

Еве и овие да не останат по кусо па мора да извршат некоја политичка наредба еј бе кој ви брани како да се попишите ало бе кој бојкот па направете си самите на себе бојкот и еднаш за секогаш нека не постојат вакви ку*о пушачки полтрони претворени во ново печени здруженија и нво организации
За кој пари си ја продаваат само душата на ѓаволот по некоја година кога сите ќе ги пишат како а..... ќе ги видам тогаш да бојкотираат еб*ве дегените потплатени
Се собрале тројца без двајца и ај сега ќе правиме бојкот оти ?оти така му е речено мора да излезат на а1 тв ејјјј

Египќаните од Македонија најавуваат бојкот на пописот
Нина Кепеска Коментари (4)


18.02.2011 15:31



Во Охридската пописна комисија и другите реони нема ниту еден попишувач, ниту инструктор Египќанец, а од овој етникум нема член ниту во Државната пописна комисија.

Реагираат Египќаните од Македонија, кои сметајќи дека не се 3.300 претставници од оваа етничка заедница, според последниот попис, туку повеќе од 20 илјади, бараат да имаат свои членови во пописните комисии на сите нивоа, за пописот да е реален и транспарентен, инаку својот револт ќе го изразат со бојкот на пописот.

„Дефинитивно овде има плодна почва за дискриминација. Затоа се плашам дека доколку Египќаните не бидат активно вклучени во овој попис, стравувам дека многу од нив ќе се попишат како припадници на други етникуми.

-Притиснати од одредени центри на политичка моќ, некои ќе се пишат како Роми, некои како Албанци, тоа е нормална работа“, вели Демир Далип од Сојузот на Египќаните.

„Порачуваме дека на 23. февруари, среда, во пет до 12 , ние организациите на Египќаните во Охрид ќе организираме мирен протест, марш, со цел да го искажеме нашиот протест и револт од невклучувањето на Египќаните и другите заедници во пописниот процес“, вели Вахид Мемед од Здружението на Египќаните во Македонија.

Египќаните бараат да влезат во преамбулата на Уставот како основа за остварување на нивните права и интегрирање во институциите на системот, за што поддршка има даваат и на Торбешите.

а1

Овие се зверовите жими се се се ама овие од кај ги најдоја само да не пишам јас еве ви го коментарот на истата страна од еден гледач
4. Марсо од Скопје на 18.02.2011 во 19:20 напиша:
Јас сакам да имаме претставници и ние Марсовците бидејќи сметаме дека не има околлу 150 000 Марсовци низ Македонија. Мора да не стават во секоја пописна комисија за да биде реален пописот ако не ќе го негираме пописот

ИРОНИЈА

Што да се каже повеќе освен дека понекогаш ме фаќа страм што живеам во оваа држава :salut:
 
broele, ne broele tie sme- samo ARCH da se pravelo

patem, vidovte vo HR kolku im plakjale na popishuvachite?! HEHEHEHEHEH eeee 3000 kuni- pa im se prijavile i doktori i inzinjeri...za popisot :nesvest:
 
ако го наместат како и претходниот.......НАВИСТИНА ОВОЈ НАРОД НЕ ЈА ЗАСЛУЖУВА ОВАА ЗЕМЈА
ПОДОБРО НАЦИЈА БЕЗ ДРЖАВА;ОТКОЛКУ ДРЖАВА БЕЗ НАЦИЈА
 
Наместо, во април пoписот да се одржи во jули и да трае 30, а не 15 дена, предлага Нова Демократија. Партијата на Селмани, ваквото барање го аргументира со фијаското на Државната пописна комисија каде албанските претставници ја напуштија работата на ова тело.
Фијаско како повод...потребата од одржување попис во друго време од вообичаеното се забележува уште од осамостојувањето. Пописите 1994 и 2002 се вонредни пописи... ако веќе не може април, поарно дури во 2021 пошто методологијата во светот да се изврши попис во иста година и месец е со одредена цел, а меѓу другото наталитет, социјална и економска слика во моментот 1 април...секако и за заштита од малверзации или непотребни дуплирања на исти жители во различни периоди од различни држави во трета држава (миграциите).

Од оваа политичка партија сметаат дека во Македонија реално има над шеесет илјади Власи, иако со последниот попис што го оспориле, биле регистрирани само десет илјади.
Е зашто другите не се попишале де? Реално, мижи асан...кај сме едина држава каде добија со толкав % да имаат име во устав уште ќе се бунат. Овие се бунеа и прошлиот попис, што се вели преку леб погача. Што бараат и покушаваат и самите не знаат.

Реално (ако нешто воопшто е реално во земјава, а не експеримент на странските "експерти" и институции од ЕУ и Америка уште од пописот 1994) попис не треба ни да постои, нема сврха....а се трошат големи пари. Доколку најбитна цел на еден попис (кој чини милионски суми и ресурси) е процентуално вработување на малцинства, менување на имиња на улици, примена на паралелни јазици во општините...налет таква цел.
 
не има време прво да поминат изборите па потоа ќе се преброиме
 
Списокот за конкурс на попишувачи од каде се гледа за првпат нешто необично...сегде идат по двајца заедно
Истото е и за инструктори

http://www.stat.gov.mk/Popis2011/DPK.aspx
http://www.stat.gov.mk/Popis2011/Dokumenti/Konkurs_popisuvaci.pdf
http://www.stat.gov.mk/Popis2011/Dokumenti/Konkurs_instruktori.pdf

...а на плоштад гордо ќе стои Александар, Јане и Гоце херојски јаваат пред камен мост, по општините пркосно се веат македонски знамиња. Сегде фали по едно од влашкото, албанското, ромското, босанското, српското, турското знаме.
Држава не е шала
Стварно не разбирам зашто толкова многу значане му давате на това,дали некаде ке били попишувачите албанци,македонци, роми или турци...
Стварно не разбирам што ке се дешава ако нема да речем пописувачи роми,дали пописот ке се смени,дали ке изчезнат ромите.... што?! Сами си правите проблеми со това,коj колко пописовачи и на каков принцип и каква застапеност и вака и онака ... и и и...
 
Стварно не разбирам зашто толкова многу значане му давате на това,дали некаде ке били попишувачите албанци,македонци, роми или турци...
Стварно не разбирам што ке се дешава ако нема да речем пописувачи роми,дали пописот ке се смени,дали ке изчезнат ромите.... што?! Сами си правите проблеми со това,коj колко пописовачи и на каков принцип и каква застапеност и вака и онака ... и и и...
Не разбирам и јас, само според овие информации бројот на теренски лица треба да се удвои (како што сфатив од табелата од конкурсот и демантот од ДПК кон медиумите каде вели
Државната пописна комисија ги демантира изјавите изнесени во јавноста во некои медиуми каде што беа објавени невистини за донесената одлука на ДПК дека во секој тандем од реонските попишувачи еден од попишувачите мора да биде Македонец, тоа не е така, и тоа е спротивно на одлуката на ДПК. Одлуката е дека тандемот на попишувачи ќе биде составен од двете најмногубројни етнички заедници на пописен реон согласно Пописот 2002.
Со тоа се удвојуваат и трошоците, проследи го текстот
Новиот попис ќе чини двојно повеќе од претходниот
Наредниот попис на населението, домаќинствата и на становите, што ќе се спроведе од 1 до 15 април 2011 година, ќе чини двојно повеќе отколку претходниот попис во 2002 година. Поточно, трошоците за идниот попис ќе бидат околу 14 милиони евра, додека минатиот пат за оваа намена беа потрошени седум милиони евра. Од државната каса тогаш се издвоија шест милиони евра и плус 660.000 евра од Европската комисија и 368.000 евра од владата на САД.
според напишаното она што треба да се избегне во ваква економски слаба држава како Македонија...токму тоа го правиме.

--- надополнето ---

Зошто чудно?
критериумите. Мора да одат заедно со што се зголемува трошок плус...мислам дека живеам во Македонија
 
Фијаско како повод...потребата од одржување попис во друго време од вообичаеното се забележува уште од осамостојувањето. Пописите 1994 и 2002 се вонредни пописи... ако веќе не може април, поарно дури во 2021 пошто методологијата во светот да се изврши попис во иста година и месец е со одредена цел, а меѓу другото наталитет, социјална и економска слика во моментот 1 април...секако и за заштита од малверзации или непотребни дуплирања на исти жители во различни периоди од различни држави во трета држава (миграциите).


Одлично си запазил за методологијата (зелено од мене).

Но изгледа методологија не важи за Албанија на пример. Албанската влада сега пушта вода дека ќе го изврши пописот подоцна (кој исто така беше закажан во април) и ќе го измени пописниот лист.

Пази молим те, интелектуалците и некои други групации таму стравувале дека ако формуларот вклучи можност за етничка идентификација ќе се зголемел бројот на малцинствата. Бројот политички е прдодреден да биде неколку проценти. Плус датата била премногу блиска до изборите кои ќе се одржат на 8.мај.......


 
Абе по кој дебилен критериум пресметале дека 46 % од попишувачите треба да се Македонци???

И што е бе ова секоја будала го крева гласот против пописот.Па и онај претседателот на десното крило на партијата на Еѓипќаните.Ајде сега нека се јават и Сиријците,Малезијците,Индијците,Марсовците...
 
Пази молим те, интелектуалците и некои други групации таму стравувале дека ако формуларот вклучи можност за етничка идентификација ќе се зголемел бројот на малцинствата. Бројот политички е прдодреден да биде неколку проценти. Плус датата била премногу блиска до изборите кои ќе се одржат на 8.мај.......
Подобро е да стои празно место за изјаснување...всушност најдобро да нема воопшто белег за религија и националност за да се даде акцент повеќе на социјалниот и економски дел од пописот, но од друга страна пописот е единствена акција од каде се добива податок за некои белези, мислам и за националност, јазик и религиозна припадност (според препораките на ОН).

А имаат избори во Албанија? Да не се поклопиме со намерите :)
Што знам, мислам дека пописот е побитен од избори. Зашто да не ги поместат изборите а не пописот...сигурно е можно.
 
Najostro protestiram za obidot za falsifikat na popisot.Kako e mozno Vlasi popisuvaci da ima samo vo Sveti Nikole, Zrnovci?????!!!! Cesinovo i Oblesevo!!!!??? a nema vo Skopje Krusevo Stip Struga Ohrid Bitola ..

Ova e nevidena manipulacija.

POVIKUVAM NA APEL SITE VLASI DA INSTISTIRAAT DA IMA PRAVICNA ZASTAPENOST NA VLASI POPISUVACI I KONECNO DA SE ZAPISAT TOA STO SE , A NE KAKO PRIPADNICI NA DRUGI ZAEDNICI!!
 
Najostro protestiram za obidot za falsifikat na popisot.Kako e mozno Vlasi popisuvaci da ima samo vo Sveti Nikole, Zrnovci?????!!!! Cesinovo i Oblesevo!!!!??? a nema vo Skopje Krusevo Stip Struga Ohrid Bitola ..

Ova e nevidena manipulacija.

POVIKUVAM NA APEL SITE VLASI DA INSTISTIRAAT DA IMA PRAVICNA ZASTAPENOST NA VLASI POPISUVACI I KONECNO DA SE ZAPISAT TOA STO SE , A NE KAKO PRIPADNICI NA DRUGI ZAEDNICI!!

Касно ти текнало, власите веќе одамна се асимилирани од македонците, сега кога сте под 10 илјади ви текнало да ги побарате правата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom