ПОПИС 2011-Ќе се преброиме ли?

  • Креатор на темата Креатор на темата Karlos sakalot
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Казна од 500 до 1500 евра за лажни податоци на пописот

Високи казни, од 500 до 1.500 евра казна , се предвидуваат за оние кои ќе одбијат да им дадат податоци на попишувачите на престојниот попис.

Сите физички лица кои ќе гo бојкотираат пописот или ќе ги попречат попишувачите во нивната работа, според членот 59 од Законот за попис, ризикуваат да бидат казнети со 500 до 1.500 евра, соопштуваат ...


http://www.time.mk/cluster/dbe42c6641/kazna-od-500-do-1500-evra-za-lazni-podatoci-na-popisot.html
Фино е тоа со казните ама законот го спроведуваат луѓе на самото место на настанот.А кај нас тоа до сега не функционираше како што треба и во местата кои се претежно населени со македонци а не кај албанците.
Ќе треба да се поднесуваат прекршочни пријави на пријава од попишувачите кои пак во албанските села ќе бидат албанци.
Тоа е сизифовска работа.
 
Во 1994 имаше 470.000 албанци.

250.000 лица е голема бројка , тоа не може да се скрие , тоа се 60.000 семејства , 60.000 нови куќи , нови фаци , не ме заебавај , тоа не може да се прикрие.

Нема останато косовски бегалци во Македонија (освен роми , кои не смеат да се вратат на Косово).

Според пописот од 2002, во Македонија престојуваат 6000 лица без македонско државјанство со регулиран престој, од кои 2184 се албанци.

Види, тие глупости може да му ги кажуваш на мали деца од Зимбабве кои поим немаат што се случува овде.
Ваквите политики базирани на расселување постојат со векови на Балканот. Тоа е одлична стратегија за владеење на големите сили тука. Во случајов тоа се САД.
 
Во 1994 имаше 470.000 албанци.

250.000 лица е голема бројка , тоа не може да се скрие , тоа се 60.000 семејства , 60.000 нови куќи , нови фаци , не ме заебавај , тоа не може да се прикрие.

Нема останато косовски бегалци во Македонија (освен роми , кои не смеат да се вратат на Косово).

Според пописот од 2002, во Македонија престојуваат 6000 лица без македонско државјанство со регулиран престој, од кои 2184 се албанци.
Не се работи за бегалци него за луѓе со по неколку пасоши.Малку претера со бројката но нема везе ако треба ќе се направи нова територијална поделба и овој пат по ваш терк само да бидете мнозинство по договор.Ако нее така зошто не сакате пописот да се поклопи со оној на Косово.
 
Да не бидеме како навивачите на Реал предвреме да се фалиме па после 5 да примиме, ке видиме после пописот колку има Македонци, АЛБАНЦИ, турци, роми, бугари, срби итн.
 
Казна од 500 до 1500 евра за лажни податоци на пописот

Високи казни, од 500 до 1.500 евра казна , се предвидуваат за оние кои ќе одбијат да им дадат податоци на попишувачите на престојниот попис.

Сите физички лица кои ќе гo бојкотираат пописот или ќе ги попречат попишувачите во нивната работа, според членот 59 од Законот за попис, ризикуваат да бидат казнети со 500 до 1.500 евра, соопштуваат ...


http://www.time.mk/cluster/dbe42c6641/kazna-od-500-do-1500-evra-za-lazni-podatoci-na-popisot.html

Да не се уплашија бре бре од народот :)
 
Ќе има казни за неточни податоци. А ако е умрен попишаниот?
 
Ќе има казни за неточни податоци. А ако е умрен попишаниот?
Ова станува морбидно.:wink:Мислиш умрениот ќе дава податоци за себе или некој од неговата фамилија?
Ако дава податоци умрениот тогаш за попишувачи ќе ни требаат егзорцисти.:wink:
 
Ова станува морбидно.:wink:Мислиш умрениот ќе дава податоци за себе или некој од неговата фамилија?
Ако дава податоци умрениот тогаш за попишувачи ќе ни требаат егзорцисти.:wink:

Најморбидниот дел за мене беше чистењето на списокот на гласачи каде пронашле цели 14 000 непријавени мртви :tv:
Гласачки список 1.8 милиони народ :)
 
Најморбидниот дел за мене беше чистењето на списокот на гласачи каде пронашле цели 14 000 непријавени мртви :tv:
Гласачки список 1.8 милиони народ :)
Да се прочисти списокот мислам дека 200 000 лица ќе треба да се избришат зошто се починати.
 
Најморбидниот дел за мене беше чистењето на списокот на гласачи каде пронашле цели 14 000 непријавени мртви :tv:
Гласачки список 1.8 милиони народ :)

сигурен си дека сме 1.8 мииони народ? да не испариле македонците кои се живи и здрави на сметка на некои малцинства со дебела причина? да го проверевме ова? М?
 
сигурен си дека сме 1.8 мииони народ? да не испариле македонците кои се живи и здрави на сметка на некои малцинства со дебела причина? да го проверевме ова? М?
1.8 милиони сме на избирачки список со право на глас а не вкупно население.:salut:
 
Се готви етнички бојкот на пописот



Шестмина членови од албанската и двајца членови од турската етничка заедница и официјално објавија дека ја напуштаат Државната пописна комисија, незадоволни од начинот на кој се избираат 8.408 попишувачи

Различното толкување на одредбата според која попишувачите ќе се избираат преку соодветна и правична застапеност на заедниците што не се мнозинство во земјава, отвори врата за бојкот на пописот од страна на албанската и турската етничка заедница. Шестмина членови од албанската и двајца членови од турската етничка заедница во Државната пописна комисија вчера (ДПК) и официјално објавија дека ја напуштаат Комисијата, незадоволни од начинот на кој било решено да се избираат 8.408 попишувачи што ќе работат на терен. Тие бараат изборот да се врши на поинаков начин од оној што го изгласало мнозинството во ДПК, а кој предвидува двајцата попишувачи да бидат од редот на двете најмногубројни етнички заедници во општината. Со примената на ваквиот принцип, практично најголемиот дел од пописните тимови ќе бидат составени од Македонци и од претставници на други етнички заедници. Според вчера објавениот оглас, попишувачите-Македонци нема да бидат застапени само во четири општини во земјава, а во другите општини нивни партнери ќе бидат од редовите на албанската, турската, ромската и српската етничка заедница. Според мнозинството во Комисијата, ваквиот принцип на изборот гарантира дека на ниво на земјата, во структурата на попишувачите ќе бидат соодветно застапени сите етнички заедници, а некои и повеќе од тоа.

Наспроти ова, припадниците на други етнички заедници реагираат бидејќи на тој начин посебно турската и албанската етничка заедница нема да имаат свои попишувачи во општините во кои се трети или четврти по бројност.

- Овој концепт резултира со недоверба кон Албанците, Турците и другите заедници. Недовербата сега е поголема отколку за време на пописот во 2002 година. Ние нема да се вратиме во овој процес с` додека не се суспендираат сите донесени одлуки што се однесуваат на нашиот заеднички етнички интерес. Понатамошното дејствување во врска со овој процес останува во рамките на политичкото дејствување - наведоа во заедничката изјава шестмина Албанци-членови на ДКП.

Тие бараат националниот состав на попишувачите да го изразува националниот состав на населението во секој од пописните региони. Екипите за терен треба да бидат комбинирани - Албанец и Ром, Турчин и Македонец, Албанец и Македонец, но не по секоја цена Македонец да биде задолжителен член во тимот, а вториот да е од која било националност. Според нив, тоа е „туторство“ на Македонците врз останатите етнички заедници.

Двајцата членови од редот на турската заедница, Хавза Реџеп Какер и Сали Мурат, обвинија дека Комисијата форсира модел што го дерогира принципот на соодветна и правична застапеност.

- Не можеме да прифатиме во општини во кои живеат околу 46.000 етнички Турци, што е околу 60 отсто од целото турско население тука, да нема ниту еден попишувач од нашата заедница. Како е можно во Гостивар, каде што живеат околу 8.000 Турци, да не биде ангажиран ниту еден попишувач-Турчин - прашува Сали Мурат.

Наспроти ова, во ДКП наведуваат дека примената на ваквите барања би создала тимови на попишувачи кои би биле од иста етничка припадност во голем дел од општините.

Според сознанијата, зад барањата на членовите-Албанци цврсто стои и владејачката ДУИ. Неофицијално, во партијата на Ахмети велат дека мора да се почитува принципот на правична застапеност.

- Ситуацијата е многу сериозна. Сите членовите на ДПК треба да го почитуваат Законот за пописот. Ние ги поддржуваме и стоиме зад ставовите на членовите-Албанци и впрочем тие се наш предлог - кусо коментираа во ДУИ.

ДУИ уште кога го усогласуваа законот со коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ, бараше во попишувачките тимови да нема членови-Македонци во општините во кои Албанците се мнозинство. На ова жестоко се спротивстави партијата на Груевски, за која беа неприфатливи едноетнички пописни тимови. Сега, ДУИ и членовите Албанци од Комисијата, спорниот член од законот го читаат исто како што првично бараа: во реоните со мнозинство Албанци двајцата попишувачи да бидат Албанци.

За ова вчера реагираше и Нова демократија на Имер Селмани. Според нив, ова е доказ на нивните укажувања дека на Македонија ~ се заканува манипулативен, нереален и нетранспарентен попис.

- Самиот факт дека на секој попишувач-Албанец од Сарај, Тетово, Зајас, Струга ќе му се придружи по еден попишувач-Македонец, а во Липково по еден Србин, укажува јасно дека Владата нема доверба во попишувачите-Албанци и нив ги смета како граѓани од втор ред. Од друга страна, во населените места со македонско доминантно население нема ниту еден попишувач - Албанец, а се случува и во населени места каде што има значителен број Албанци, како што е случајот со Ресен, да нема ниту еден попишувач-Албанец - вели портпаролот Арианит Хоџа.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера немаа коментар за случувањата околу претстојниот попис во земјава, кога треба да се попишат околу 600.000 домаќинства во земјава.

Србите и Ромите најмногу профитираа како попишувачи

Најголемите парадокси при изборот на 8.408 попишувачи се во тоа што меѓу нив значително се изместени соодносите меѓу етничките заедници кои постојат на ниво на државата. Па така, се случи со вчерашниот конкурс да се бараат дури 909 попишувачи Срби, односно 10,8 проценти од вкупниот број, иако во земјава според пописот од 2002 година има само 1,77 процент население од српската националност. Ова произлезе од практичната примена на методологијата на ДПК во неколку општини во кои ќе има голем број попишувачи. Така, на пример, благодарение на фактот што Србите, по Македонците, се втора по бројност етничка заедница во големите општини какви што се Центар, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, тие ќе имаат и меѓу 110 и 137 попишувачи во секоја општина одделно и ќе работат со колеги Македонци. И во случај на попишувачи - Роми значително е надминат процентот во кој тие учествуваат во вкупното население во земјава. На теренот ќе бидат ангажирани 613 лица од ромската националност со процентот од 8,7 отсто, наспроти 1,77 процент колку што учествуваат во вкупното население.

Кај Турците, пак, спорно е тоа што во Гостивар, каде што има околу 8.000 граѓани од оваа етничка група, нема да има ниту еден претставник од оваа националност. Но, во целина гледано, на пописот ќе бидат ангажирани 613 попишувачи - Турци или 7,3 проценти од нивниот вкупен број. Тоа е за речиси двојно повеќе од 3,85 отсто, колку што Турците учествуваат во населението во земјава според пописот од 2002 година. Наместо во Гостивар, голем број од попишувачи од оваа етничка заедница ќе има во Струмица (99), Радовиш (59)

Процентот на попишувачи - Албанци изнесува 22,2 отсто, односно 1.869 лица, наспроти 25,17 проценти колку што учествуваат во земјава. Тие најмногу ќе бидат ангажирани во реоните на западна Македонија.

Мариела Трајковска
Бранко Ѓорѓевски

#

izvor
 
Јас смеам да не се попишам (да бојкотирам) или ќе ме товарат со казна до 1500 евра? Зашто турците смеат, албанците, па и срби, власи...само македонецот не смее, т.е. се води као прекршок?

Вака е и во ЕУ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom