Popcorn.mk

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Како што песна од Јутјуб од 5 мб. цица дупло од колку да ја спуштиш исто и ова, стримот јаде секогаш дупло.
Квалитетот е приказна за себе, хорор за видот.
брзината е иритирачки спора, без разлика што нет имаш... чим ја се жалам со адсл + премиум стварно не чини.

3-0 вкупен исход, нема што понатака да се анализира.

Токсикологија, незнам дали ти си дел од ова, но мора многу да поработите, ви кажав ко за прв чекор зипувајте преводи и напрајте ги достапни за сите, а не да ги условувате со тоа што мораат да го погледнат филмот на ваша страна.
Не, напротив, ја отворив темава, зошто и јас ја имам истата цел, да допреме до тамошната администрација за да направат промени, кои ќе ја подобрат страната.
 
Ако сакам после неколку дена пак да го гледам филмот, ќе треба да го пуштам пак. Наместо двапати да го гледам, ќе го симнам во двдрип или хаде за тој потрошен сообраќај и покрај тоа што ќе можам да го гледам колку сакам, ќе си го имам во колекција, форевер!

п.с. Не сум хејтер. Страницава е одлична, али не е изводлива :)
 
Ако сакам после неколку дена пак да го гледам филмот, ќе треба да го пуштам пак. Наместо двапати да го гледам, ќе го симнам во двдрип или хаде за тој потрошен сообраќај и покрај тоа што ќе можам да го гледам колку сакам, ќе си го имам во колекција, форевер!

п.с. Не сум хејтер. Страницава е одлична, али не е изводлива :)

За кого како.Мене на пример ми е изводлива бидејки имам многу филмови изгледани на онлајн страници и тоа без превод,па така оваа ми доаѓа како кец на десетка,пред се затоа што си имаат и македонски преводи.Ми одговара да го излгледам и уште 10 пати онлајн,па ако сакам ке го симнам за во колекција. :) :) .Заборавив да кажам од аспект на тоа дека имам неограничен интернет ми одговара :) :) :) ,некој што има 10-15 гига сигурно не му одговара :)
 
македонските преводи ги има од истите филмови и на http://www.all4divx.com/ пошо они кога ќе преведат филм го ставаат и на интернет зипуван :wink:

и ај стварно да им помогнеме ја им пишав дека сте отвориле тема на форумов ама пишете им и вие нешто на нивната facebook група
http://www.facebook.com/pages/PopCornMk/110736055650151
таму ќе ви одговорат
 
Супер а? Ќе ги снема неписмените..:tapp:
А извини што се битни рецензиите и писменоста на момците? Се покажале тие дека се доволно писмени во друга област. Башка рецензирањето не е прва и осноцна цел на овој сајт. Имаш мал милион рецензии по нет, ако не ти се свиѓа едноставно прочитај и гледај на др место.
Еј извини шо те навредив. Не сум ја крив што се неписмени. Вистина е дека е одлично среден сајтот, има беспари филмови што нас како публика апсолутно ни се свиѓа, ама и вистина е дека ако прекршуваат авторски права а станат популарни (како што тргнало) ќе ги тргнат па може апсења да паднат. Ако не, ај да се лажеме а? Еј топ се момциве бачко, најбоље нешо шо се десило у историја на интернет брааат. :tapp:

За Македонски услови, супер се. Револуционери се на македонски интернет простор, факт е. Дури и преводот на еден филм што гледав беше солиден. Ама она рецензиине, крш. Тоа е тоа.
 
Точно. Само прашање на време е коа ќе ги снема. Момците очигледно се тотално неписмени по рецензиите кои ги гледав, али филмовите се тука. :) Да изгледаме све што има додека не рикнат. :)

Сериозно, каде се тие рецензии? Јас не видов ни една. Има некое копче ја шо не го глеам?

--- надополнето ---

Немој само да ми кажете дека кратките описи на филмовите ги викате рецензии?
 
Сериозно, каде се тие рецензии? Јас не видов ни една. Има некое копче ја шо не го глеам?

--- надополнето ---

Немој само да ми кажете дека кратките описи на филмовите ги викате рецензии?

Искрено, ни мене не ми е јасно за кои рецензии станува збор.
 
Абе зимаш инсталираш Internet Download Manager (IDM), одиш на сајтот, пушташ некој филм, ти се појавува копчето за DOWNLOAD, го кликаш и си симнуваш со максимална брзина околу 750 MB.

Инаку, за тие што не знаат, дали ќе го гледаш филмот онлајн, дали ќе го симнеш, исто ќе потрошиш т.е. околу 750 МВ, само што ако го симнеш ем побрзо ќе се симне (нема да ти сецка) ем ќе си го имаш филмот :)
 
Досега немам изгледано филм на странава, ама си ја користам како предлог ко че сакам да симнам или гледам некој филм.
Колекционер сум на филмови, па затоа сите ги симнувам и не мислам да трошам додатенинтернет за и да го гледам online.
Инаку БРАВО за тие шо ја креирале странава и нека продолжа со добрата работа. Знам многумина шо попрво би го изгледале филмо online одколку да го симнува.
Уште едно БРАВО
 
Да не утнавте нешто? Сајтот е за оние што сакаат да погледнат филм (бонус е преводот) а не да downloadirat. За тоа имате милион торенти по нетов. На оние со ограничен интернет им препорачувам да сменат провајдерот зошто вакви сајтови има се повеќе (само во србија има над 10). БРАВО за сајтов и продолжете со добрата работа. Оние кои се жалат на квалитетот на сликата, преводот или објаснувањето (рецензија :) ) бујрум имаат оргинални ДВД па нека си купат а не да мрчат тука на тоа што им се сервира бесплатно. Уште едно БРАВО!!!
 
Наскоро филмовите ќе бидат поставени на сопствен сервер, така што ќе можете да ги симнувате.:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom