Popcorn.mk

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Ни требаше нешто вака, јас од секогаш сум бил да си го зачуваме јазикот со тоа ќе зачуваме многу работи, а со српски преводи не сме баш на вистинскиот правец, добро е што има вакви исклучителни млади луѓе кои сакаат да направат нешто за Македонскиот сајбер простор, само треба да се мотивираат на некаков начин (не со зборови). И конечно да можеме да седнеме пред компјутер и да изгледаме нов филм со Македонски превод.
 
А интересна работа е тоа што сајтов може да биде укинат во секој момент бидејќи прекршува авторски права(значи никој нема да им се рекламира)...ама да се надеваме дека на никој нема да му биде од интерес да укине вакво ремек дело...

Браво за дечките!
 
А интересна работа е тоа што сајтов може да биде укинат во секој момент бидејќи прекршува авторски права(значи никој нема да им се рекламира)...ама да се надеваме дека на никој нема да му биде од интерес да укине вакво ремек дело...

Браво за дечките!


Колку реклами има на замунда.... таа да не е легална ? значи ако има добра финансиска подршка ( не знам од кој ) било од кој, ете едноставно од донатори да кажеме може да се направи оваа страна легална, се разбира не легална со купување на филмовите туку легална со пронаоѓање дупки во законот ( а во законот поврзан со интернет ги има многу ). Пример има една страна за симнување Mp3 не се сеќавам како и е името не е битно, таа проблемот со пиратеријата го реши на тој начин што кога ќе ја симнуваш песната ти пишува дека сајтот е направен само за да ја симнеш песната да ја преслушаш и во рок од 24 часа да ја избришеш од компјутерот и потоа да ја купиш, нормално дека никој нема да ја избриши кога веќе ја слегол меѓутоа пред законот си се чисти, мислам дека не е проблем да се најде некоја таква случна дупка во законот и да си продолжи перфектно да си работи страната.
 
А интересна работа е тоа што сајтов може да биде укинат во секој момент бидејќи прекршува авторски права(значи никој нема да им се рекламира)...ама да се надеваме дека на никој нема да му биде од интерес да укине вакво ремек дело...

Браво за дечките!

Точно. Само прашање на време е коа ќе ги снема. Момците очигледно се тотално неписмени по рецензиите кои ги гледав, али филмовите се тука. :) Да изгледаме све што има додека не рикнат. :)
 
странава ја знам уште додека се викаше тиа филмови дечките прво ставаа филмови доколку најдат превод за нив на македонски и сега ставаат и филмови кој и они ги преведуваат
но сепак многу кочи па затоа они се надеваат на нивни сервер :tv:
па ајде да им помогнеме доколку знаете некој добар видео хост за да ги ставаат филмовите пишете го тука
 
Пофалби за трудот и ангажираноста, но нажалост ова уопште не е ефикасен и прихладен начин, бар за оние кој практикуваат по паметно распределување на квалитет-време-штедење.
Има уште мноогу да се работи на сајтов за да заличи на нешто, ко за почеток е океј... битна работа што мора да ја спроведат во многу брзо време - да ги зипуваат преводите и да бидат достапни за дл, бидејќи вака би биле безвредни.
 
Точно. Само прашање на време е коа ќе ги снема. Момците очигледно се тотално неписмени по рецензиите кои ги гледав, али филмовите се тука. :) Да изгледаме све што има додека не рикнат. :)

Супер а? Ќе ги снема неписмените..:tapp:
А извини што се битни рецензиите и писменоста на момците? Се покажале тие дека се доволно писмени во друга област. Башка рецензирањето не е прва и осноцна цел на овој сајт. Имаш мал милион рецензии по нет, ако не ти се свиѓа едноставно прочитај и гледај на др место.
 
На сајтов The Big Bang Theory Ќе почне со поставување од 01.ноември.2010 и тоа со македонски превод :tv:
 
Добро е тоа што има и постари филмчиња ,а и има доста добри филмови. Супер би било да можеш да го симнеш од истата страна...

Но сепак би се одлучил да си го симнам филмот ,да си го имам во компјутер ,а за превод па и не е баш многу тешко на титлови.ком има доста македонски преводи.

Браво за баткиве и се надевам дека ќе се зголеми фондот на филмови.
 
:bravo:
Вери најс....конечно нешто добро и продуктивно на нашиот сајбер простор.Надевам се дека дечките нема да разочарат и дека некоја амеба нема да изрипа за авторски права.
 
Интересна замисла, само незнам кој ќе ви реди реклами. Ова е сепак недозволено ќе треба од гоогле некој безвеза реклами да редиш ако ти кликаат сите можеби ќе направите некој денар.

Иначе за нас Македонците е супер работа ова :). ВИ посакувам успех и куп пари да си направите, само можете и македонски приказни филмови да редете ова она....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom