B
Borg_Drone
Гостин
Во која издавачка куќа можам да го најдам делото на Толстој - Војна и мир ??
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Во која издавачка куќа можам да го најдам делото на Толстој - Војна и мир ??
Постои издание од 1985 год. зедничко на Македонска книга, Култура и Мисла.
Тековниве издавачи ретко се занимаваат со печатење дела на класици (повеќе се насочени на комерцијални дела), плус одредени од нив самоиницијативно ги ,,кастрираат,, по обем, така да моја препорака ти е да набавуваш или купуваш класици од постари изданија, прво - целосни се делата, друго - предности во однос на превод и лектура.
Тоа знам, а и' искрено и преведениот текст во постарите изданија повеќе ми се допаѓа зошто се гледа дека преведувачите од тие периоди многу повеќе внимавале при преведувањето на текстовите и се труделе колку што е можно помалку интернационализми да внесуваат во текстовите.
А нашиве издавачки куќи во врска со тие работи се тешки утки, воопшто не посветуваат внимание на класиците.
Пред некој ден на тезгата на плоштадот Македонија каде што се продаваат стари книги си ја купив „Воскресение“ на Толстој и се гледа додека ја читаш книгата дека се внимавало при преведувањето.Ќе ја побарам таму, а ако не ја најдам ќе те молам да ми дадеш некаква насока каде поточно да ја побарам.Сега се сетив дека во „Матица“ имаат класици.Таму ќе пробам исто така.Благодарам многу како и да е.
види си пп
Можно е да добијам информациите ....Ако има некој нешто на форумов за "Печалбари" - Антон Панов, "Парите се отепувачка" - Ристо Крле и "Чорбаџи Теодос" - Васил Иљоски. Тоа ми се теми за писмена па ако има некој нека прати на ПП. Секоја помош е добредојдена. Фала однапред ! :smir:
i imas li nesto za krcovski ??
Тоа во куцање иначе букви на писмена не јадамИмаш печатна грешка кај Балгодарам. Треба Благодарам. You are welcome.
После точка ставај спејс па голема буква од новата реченица.-Илијада е најпознатата епопеја во старогрчката литература.Во Илијадата можеме да ја согледаме 9 година од Тројанската војна.Главни јунаци се Ахил и Хектор.
-Ахил е најубав и најсилен јунак од сите грчки јунаци и војници.Без него Грците не можат да ја добијат војната.Ахил е добар човек и пријател.Неговиот надворешен лик ни е прикажан како силен човек со големи мускули и вештина со мечот и штитот.Ахил е водачот на Мирмидонците, јунакот околу кого се групирани сите поважни настани во „Илијада“.Ахил го напуштил кампот на грците и ја напуштил војната бидејќи бил разочаран зошто Армагеон морал да ја врати Хрисеида на богот Аполон,но во спротивно Армагеон ја земал убавата заробеничка на Ахил Бриесида.На Ахил најдобриот другар и брат е Партокло.Партокло е силен,но не посилен од Ахил.Случајно партокло ќе биде убиен од страна на Хектор.Тогаш Хомер ни го прикажува враќањето на Ахил во борба заедно со неговата одмаздничка душа.Желбата за одмазда на Партокло била поголема од се за Ахил.Тој се враќа во борба да го убие Хектор и да ја запали Троја.
Хектор е принц на Троја.Хектор е исто така силен и голем јунак како Ахил,кој имал осет за љубов,братсво и пријателство.Хектор во Илијадата ни е опишан како добар маж на Андромаха,голем јунак на Троја и добар брат на Парис.
Хектор е лут на својот брат бидејќи наместо да се бори против Грците тој седи во дворецот во Троја со својата жена Елена.За разлика од Ахил,Хектор се бори за одбрана на својата татковина,а Ахил за одмаздата.Хектор го убива Партокло и тогаш тој сваќа дека Ахил ќе се одмаздува.Во Илијадата Хектор не ни е опишан силен како Ахил па затоа смрта на Хектор завршува пред ѕидините на Троја,убиен од Ахил.
-Од оваа споредба можеме да дадеме заклучок дека љубовта кон татковината не ни дава толку голема сила колку што ни дава љубовта да го одмаздиме нашиот брат или пријател.
****ДА НАПОМЕНАМ**** Ако нешто не чини критикувајте ме но и поправете ме,а не само да викате не е убаво не е убаво а ништо не коментирате....Балгодарам