Полиаморна врска

  • Креатор на темата Креатор на темата Toreador
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би стапиле во полиаморна врска?

  • Да

    Гласови: 9 10,8%
  • Не

    Гласови: 59 71,1%
  • Можеби

    Гласови: 15 18,1%

  • Вкупно гласачи
    83

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
49
Возраст
39
splendor.jpg




"Полиаморност се разликува од полигамија, со тоа што е поблиску до себе реализација и еднаквост, отколку со предифиниран, зацртан систем на врзување и улога во врската. Полиаморност се базира на слободна вољја, верба и еднаквост"

(извор, вики)

Сите знаеме дека тројки се интересни, но дали вие самите би стапиле во таква врска? Полиаморните врски се чудни и невообичаени, јас, лично, не верувам дека сум спремен (барем сеа за сеа) да стапам во ваква врска. Две девојки еден маж, двајца мажи и една девојка.

Вие?
 
Класичен тип сум јас-ако сум во врска, во врска сум со сите салтанати и „врзувања“. Едноставно така функционирам и не би можела подеднакво да поделам чувства кон две различни личности.

И спротивно: би била навредена ако не сум единствена во нечие срце.

Мојот глас е НЕ.
 
Класичен тип сум јас-ако сум во врска, во врска сум со сите салтанати и „врзувања“. Едноставно така функционирам и не би можела подеднакво да поделам чувства кон две различни личности.

И спротивно: би била навредена ако не сум единствена во нечие срце.

Се шо сакав да кажам го кажа Скулгрл..Не би можела исто да сакам две личности, едната сигурно би ја сакала појќе..И обратно
 
Mожеби ке можам.Во секој случај сакам да пробам.Но во никој случај не би сакал да бидеме двајца машки.Мразам конкуренција:smir:
 
Веќе сум била во полиаморна врска без да знам, т.е дознав откако заврши, и немав израз на фаца ко цурата на фотографијата на Тореадор него поише оваков
screaming_womansmall1.jpg

Таа врска се случи пред две години кога мојот партнер беше во врска со уште една девојка(без јас да бидам запознаена со тој факт). Така да од полиаморни врски бегам.Ја искусив и не ми се свиѓаше.Ама ич.:pos2:

Не, сериозно, не би. Премногу сум посесивна за да толерирам уште еден во врската. Ја немам таа толеранција нити таа ширина на погледи.
Али не сметам дека ваквите врски се нешто ново и посебно. Тоа е само отворена форма на нешто што постои у форма на варање и сл. Да се слагам дека на човекот изгледа не му е у природата да биде моногамен, и моногамијата е наметната ствар од општеството (некои ќе речат и лажен морал) но сепак ја одбирам неа пред полиаморна врска.
 
Mожеби ке можам.Во секој случај сакам да пробам.Но во никој случај не би сакал да бидеме двајца машки.Мразам конкуренција:smir:
A од каде сигурен дека друга девојка во полиаморна врска нема да ти е конкуренција?
 
Не само едно големо НЕ, туку и НЕМА ШАНСИ. Кога некого сакам сакам со целото срце и тој за мене е единствен, а истото важи и за тоа што јас сакам да му бидам на него.
 
НЕ. Милион пати сум кажала, и веројатно додека сум жива ќе кажувам, јас сум човек што се врзува за нештата и луѓето што му значат. Кога сакам некого, го сакам целосно, во секој поглед. Нема измеѓу.
А штом го засакам, го сакам за себе и не ми ни паѓа на памет да го делам со било кој. Ниту сум способна да сакам двајца, ниту сакам да бидам бр. 2 во нечиј живот. Или јас и тој, или никако поинаку.

Едноставно, нема место за уште еден и нема ни да има. Енде.
 
Ne sum konzervativen tip nitu pak imam predrasudi ama mislam deka ova e mnogu zabegana stvar!Vo vrska (vistinska i blizu normalna)mozat da bidat SAMO dvajca!Tokmu poradi toa seks vo trojka e seks FANTAZIJA na mnogu luge!Koga "trojkata" bi bila sekojdnevie taa seks fantazija bi prestanala da bide tolku vozbudliva,neli?!:toe:
 
Нема шанси јас да стапам во таква врска.Дури ни хипотетички.
Кога сум со еден,сум со тој еден и не сакам други вмешувања или други партнери.Не фала.
Плус,не би сакала да го делам со друга.

А не би играла и на варијантата + друг дечко,бидејќи јас можам да сакам само еден,а не двајца истовремено.
 
Ако станува збор за секс во тројка,при кој би бил само јас мушко ондак пеки-али само секс
инаку врска или полиаморен брак никогаш,јебига за врска и брак се потребни двајца а не тројца или што ти ја знам колку особи,така да кратко и јасно НЕ :)
 
A од каде сигурен дека друга девојка во полиаморна врска нема да ти е конкуренција?
Па да можеби ке ми биде,ама тоа е некако интересно.Ваљда девојка би ми била поголема конкуренција од било кое машко,ама ете,би го прифатил тоа.Би делел со друга девојка,никако со друго машко.
 
No way. Кога сакам, сакам само една. Ако насетам дека сум “жртва’’ на полиаморна врска прекинувам одма со личноста.
 
уф....да појаснам уше еднаш. Не може да "знаете' дали сте во полиаморна врска. Вие сте сосема свесни дека партнерот се гледа со друг, а и со вас а најчесто и вие се гледате со таа особа. Тоа е поентата на полиаморната врска. Еве прост пример.

Вашата девојка ви дала на знаење дека е би, па сака во врската да донесе и девојка. Првин ќе разговара за тоа со вас пред да го направи првиот чекор. Ако се оди како подмачкано, вие (како маж) ќе продолжете да се гледате и со девојка ви, а најверојатно и со другата личност. Истовремено.

Пред да се стапи во полиаморна врска најчесто се разговара со партнерот. Ако едниот не е свесен за тоа, тогаш тоа не е полиаморна врска, тоа е само афера.
 
Е ова не би можела:)Ќе ми биде супер кога ќе бидам со едната или другата страна,но незнам (со мојава посесивност) како би преживеала кога они двајца ќе бидат без мене.Бидејќи ќе има и такви денови, во оваа врска не се гледам.Несакам да го делам она што го сакам,ниту со машко ниту со женско.Незнам само за кого повеќе би ми било криво,ме замисли сега :) Леле несакам вакво нешто
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom