Сеа зборев со татко ми, постојат и некои тунели во водно и во јасен. Никој не знае кај идат и што има во нив.
Водно е С.Ј.В., Сопиште е Г.Ш. И таму и таму нема ништо интересно.
За Јасен незнам.
Толку :salut:
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Сеа зборев со татко ми, постојат и некои тунели во водно и во јасен. Никој не знае кај идат и што има во нив.
Утрински Весник 16ти октомври 2006 напиша:На површина од 39 илјади хектари на планината Караџица, сместени се три воени објекти скриени речиси 50 години од очите на јавноста, кои армиските претставници во својот вокабулар ги нарекуваат "објекти од посебно значење за АРМ". Во понеделникот новинарите имаа можност да видат еден од тие објекти, преостанатите два не биле толку интересни, нў информираа домаќините од Армијата и од резерватот "Јасен".
Првиот знак дека во овие предели се крие нешто тајно ве очекува на 40-ина минути возење од Скопје по одминувањето на селото Нова Брезница, неколку километри по кривестата угорнина кога ќе ја видите таблата со предупредување: забранет лов, риболов, палење оган. Околу 1.100 метри надморска височина, сместено е ловиштето "Јасен". Железната ограда која се испречува на патот до пред неколку години можела да се помине само по два часа во денот во еден и два часа во спротивниот правец, или со специјална дозвола. Освен три-четири куќички, пет-шест вработени во резерватот и неколку тукушто испилени шарпланинчиња, за кои потоа дознавме дека, всушност, биле мелези, нема ништо интересно.
Од армискиот минибус се префрламе во џипови. Набрзо сфаќаме и зошто. Ќе треба да се вози низ шумско патче. "Патот" широк едвај 2,5 метри, е приказна сам за себе. Од едната страна карпи, планина, од другата бездна, според слободна процена длабока стотина метри. "Мрднеш, губиш" ситуација. Нема место да помине ниту едно возило, а камоли да се разминат две. Со целосна почит спрема Поречани, но останува нејасно како треба да се изгради патот кон Македонски Брод. Уште повеќе ако се знае дека патот е затворен и непрооден речиси шест месеци во годината. При најмал снег, возењето овде би било незамисливо, особено ако се знае дека пределот е непристапен и за возилата-чистачи на снег, бидејќи нивните "виљушки" ја надминуваат широчината на патот.
Стигнуваме до објектот од "особено значење за АРМ". Нў дочекува дрвена колиба која завршува во карпа висока стотина метри. "Ќе ги видиме просториите за сместување и местото каде што во евентуални воени услови би можело да се командува", ни најавува полковникот Чедо Крстевски. На самиот влез, колибата не открива веднаш за какво значајно стратегиско скривалиште станува збор. Во првата просторија, мини-трпезарија со кујниче, а потоа следува една прастара гарнитура за седење. Малку понатаму се собите за спиење. Во првата, два кревета и работно масиче, во следната кревети на спрат. Се е чисто и скромно уредено. За одржувањето 24 часа дневно се грижат околу 25 луѓе вработени во обезбедувањето на резерватот "Јасен".
Тешка метална врата со скромни димензии во форма на јајце, конечно, го отвора она за што сите сме дојдени: тајниот град на Јасен. Почнува со ходник, кој личи на рударско окно, во некои делови ѕидовите се избетонирани, а во преостанатиот дел ве опкружуваат карпи, како во пештера. Подот е од павер-елементи, но надлежните се убедливи во тврдењето дека ексградоначалникот на Скопје, Ристо Пенов, не вмешал прсти и во овој проект. Велат изграден е во годините по Втората светска војна, паралелно со објекти од ист вид во сите други бивши ЈУ-републики. Откако пропешачивме стотина метри ходници, стигнавме до "срцето на објектот за раководење и команда", како што полковникот Крстевски ја нарекува мини-салата од 20-ина квадрати, на чии ѕидови висат топографски карти на Македонија. Стотина метри ходници понатаму, или поточно 700 метри во должина од едниот до другиот крај, и излеговме на другиот крај од бункерот, но и од другата страна на ридот. И од таа страна дрвена колиба со истиот распоред на соби, и со речиси идентичен изглед однадвор како и објектот од каде што влеговме. Бетонски објект опшиен со дрвени талпи, дополнително "заштитен" со лисја и со маскирни бои од страните и на покривот.
Тоа е тајниот град на Јасен. Се на се, стотици метри ходници, десетици простории за престој и уште неколку за командување и раководење со државата, во самата утроба на ридот, во областа што се нарекува Коломот. Домаќините ни откриваат дека уште три слични објекти со помал капацитет има во државава, и тие се од заштитен вид и затворени за јавноста.
На враќање од Коломот ги посетивме и магацинот за воена опрема и пекарницата, неколку километри од објектот. Магацинот зјае празен, додека пекарницата има капацитет за производство на 500 леба дневно. Дополнително, ако затреба, на луѓето сместени во бункерот на располагање им е и ладилник кој има капацитет да собере до 6 тони месо и други производи.
По пат назад кон ловиштето "Јасен", домаќините од АРМ ни објаснуваат дека вакви објекти се од големо значење за државата. "Мирот е променлива категорија на Балканот. Ако има вакви објекти, значи имаме и заштита, тие се богатство за државата", ни ја појаснуваат причината поради која 60 години бункерот се криел од очите на јавноста, но и од потенцијалните непријатели. Во меѓувреме, чукајќи на портите на НАТО, во АРМ немаат намера да се откажат од објектот, ниту од поширокиот реон затворен за јавноста. Планираат да го користат за вежби во мирнодопски услови, а се разбира и понатаму ќе го одржуваат за, не дај боже, да има каде да се сместат оние 50 раководители.
пред и после бомбардирањето
![]()
Ne znam za Katlanovo,ama znam za Krivolak,zosto covek mi ima kazuvano deka e bil vo podzemjeto kade ima cela podzemna baza,zaedno so aerodrom.Катланово го заборавивте!
Vo Krivolak nema ni podzemna baza ni aerodrom,samo magacini so oruzje i municija.Tri i pol meseci bev tamu,taka da znam sto e i kaj e,barem do 1990+obuka 10 dena vo 2001Ne znam za Katlanovo,ama znam za Krivolak,zosto covek mi ima kazuvano deka e bil vo podzemjeto kade ima cela podzemna baza,zaedno so aerodrom.
Vo Krivolak nema ni podzemna baza ni aerodrom,samo magacini so oruzje i municija.Tri i pol meseci bev tamu,taka da znam sto e i kaj e,barem do 1990+obuka 10 dena vo 2001