Подземни објекти, аеродроми, лаборатории...

Член од
12 јули 2007
Мислења
140
Поени од реакции
6
Аеродром “Жељава“


Подземниот аеродром “Жељава“ се до 1992 година беше најмоќна воена база во тогашната СФРЈ, па дури и на европскиот континент. Такви типови на подземни бази имаат многу малку земји, а најпозната по тоа е Шведска и од таму е користен моделот за изградба на аеродромот “Жељава“. Овој објект е лоциран на границата помеѓу БиХ и Хрватска и поради тоа доживува ваква судбина. За време на војната во Хрватска 1991 овој аеродром е интензивно користен, но по судирот во БиХ, неговата понатамошна перспектива од геостратешката положба била неиздржлива. Затоа објектот кон крајот на мај 1992, од страна на ЈНА е онеспособен за понатамошно користење. По “рушењето“ добар дел од објектот е оставен на тогашната војската на Република Српска, а еден мал дел кој се наоѓал на територијата на БиХ бил под команда на армијата на БиХ. Во 1995 во операцијата “Олуја„ е завземен од страна на армијата на БиХ, но многу брзо е предаден на Хрватската војска. Моменталната ситуација околу оваа поранешна воздухопловна база не е ни малку променета, всушност иста е како во 1992 – аеродромот и пропратните објекти се неупотребливи не одолеале на забот на времето така да објектите кои се уништени ’92 и ’95 изгледаат уште полошо.
За каков објект се работи, кога е проектиран, како е направен и кои му се карактеристиките ќе пробам да ви објаснам во следниов текст. Објектот е проектиран далечната 1957 година под шифрирано име “Објект 505“ во реализација на специјалното одделение за градежна управа во тогашното Министерство за одбрана (МО). Главните проектанти и реализатори на проектот се полковник др. Љ. Кодеља и подполковник В. Смирнов (руски царски емигрант). Претходно е извршен избор за локација и одредени геолошки испитувања. Поради исклучителната геостратешка положба во тогашната ФНРЈ и природните богатства на планината Пљешевица, во близина на градот Бихаќ(БиХ) и Личко Петрово Село(Хрватска) одбрана е микро локација. Дури во средината на 1959 година започнале првите градежни работи на теренот. Работите се доверени на војното градежно претпријатие “Соча“. Истовремено започнала изградба на полетно слетни писти и копање на тунели во утробата на планината Пљешевица. Тука градителите наишле на првиот голем проблем – имено планината била составена од исклучително цврсти карпи морало да се користи минирање, проектантите смислиле специјален систем на рушење со кој рушењето било многу прецизно. Ова било многу ефикасно зошто изградените галерии морале да бидат широки 20м и високи 8м и долги повеќе од 1км. Под најголем степен на тајност се работело во три смени со околу 250 ангажирани работници. Сите работи биле завршени во 1965 година.

Базата која тогаш изгледала импресивно – вкупно во утробата на планината биле изградени три галерии и една помошна (како резервен излез) кои се спојувале на “раскрсници“. Овие три галерии имале импресивни димензии – биле долги 400, 500 и 350 метри, секоја со висина од 8м и ширина 20м. Базата е проектирана со систем на заштита да издржи директен удар на нуклеарен проектил со јачина од 20 кт. , ист каков што е фрлен на Нагасаки. Затоа пред влезот во секоја галерија е направена предкомора таканаречена “бленда“, односно бетонски заштити кои се спуштаат полукружно од таванот на секои десетина метри поради амортизација од огромен притисок за масивната врата од челик и бетон да не би претрпела поголем удар од три атмосфери. Влезот во секоја галерија бил затворан од овие врати. Сите черири биле со дебелина 1м, високи 9м и широка 20м. Секоја тежела по 100 тони и биле подвижни и галериите ги затварале херметички. Во самиот објект била изградена комплетна инфраструктура за одмор на повеќе од сто запослени од ресторанот, спалните, канцелариите, амбулантата, па се до техничната работилница, моќната агрегатна станица за производство на електрична енергија, складишта на керозин и убојни средства (UBS).

Во самото средиште на објектот постоел лифт со кој лицата се искачувале на висина од триесетина метри над нивото на базата каде се наоѓало тешко воочлив бетонски бункер (гледано од пистите) во кој постоела контролна кула и од неа се управувала авијацијата. Објектот е проектиран така да во случај на тотална војна да може самостојно да обезбеди непрекинато дејствување со сопствена авијација (имало околу 60 МИГ 21) околу седум дена без дополнување на гориво и убојни средства. Базата е снабдувана со керозин преку подземен цевовод од војниот склад на брдото Покој кај Бихаќ – самиот цевовод бил долг преку 20км. Надворешното складиште на убојни средства било одалечено околу 5км. од селото В. Поле. Занимливо е да се спомене дека при копањето на тунелот е пронајдена река понорница така да тоа било доста корисно – базата не морала да се грижи за снабдување со вода и случаен дефект. Во самиот објект од неговото отварање работел систем за климатизација кој за тоа време било право ремек дело. Во објектот е одржувана константна температура и била вршена филтрација на воздухот. Надворешниот дел на објектот имал аеродром кој се состоел од 5 писти (2 полетно-слетни и 3 полетни) и касарна (која воедно била и логистичка база) во близина на Личко Петрово село.

На самиот врв на планината Пљешевица (1650м.) биле инсталирани британски радари S-613 најмодерни во тоа време, со домет преку 400км со кој е надгледувана речиси цела територија на Италија, Австрија и добар дел од Унгарија. Исто така, тука е вграден подземен објект со оперативен центар.
Радарите биле поврзани во единствен систем на ПВО (против воздушна одбрана) на ЈНА. Од целокупниот систем кој бил поврзан за самиот аеродром само овие радари останале активни од 1992 до 1995 год. Радарите се уништени во 1995 од страна на војската на Република Српска за да не останат во рацете на хрватската војска.

Биле користени авиони МИГ-21, но било планирано да во блиска иднина тие да бидат заменети со МИГ-29, но околностите не го дозволиле тоа. Дури почнало проширувањето на едниот влез за сместување на 29-ки – имено за да се смести овој тип авиони морало да се прошири “бетонската завеса“ на влезот во објектот. Таа таканаречена завеса била проектирана според профилот на МИГ-21 кој има еден вертикален стабилизатор. Бидејќи 29-ката има два вертикални стабилизатори, морало да се поправи. Сепак мајсторите не се мачеле многу – останала само идејата.

Во бивша СФРЈ сличен објект на овој бил изграден во Приштина (аеродром Слатина), но тој бил многу мал и не би можел да парира на Бихачкиот аеродром.
Постои проценка дека објектот и аеродромот ја чинеле тогашната држава во тоа време (а секако и денес) фантастични 4 милијарди американски долари.
Со тие пари можело да се изгради супер модерен автопат со четири ленти (со пропратни објекти) од Триглав до Гевгелија.
 
Еве и видео




2705_Z21.jpg
2705_zeljava12.jpg

2705_zeljava12.jpg


2705_Z5.jpg
 
Хмммм...
Интересно, но и помалце чудно.

btw Фала за темава. Вреди да се прочита и да се истражува повеќе.

Поздрав
 
Еве и видео




2705_Z21.jpg
2705_zeljava12.jpg

2705_zeljava12.jpg


2705_Z5.jpg
Јас би препорачал да се погледаат повеќе видеа поставени на ЈуТјуб од страна на FirewireHR или барем да се прочитаат описите на сите.
Навистина интересна приказна за дел од некогашната ЈНА.
 
Југославија била една од светските сили,затоа и ја поделија..Американците
 
Jugoslavia bese cetvrta voena sila vo Evropa normalno e da ima vakov aerodrom.
 
Е па, кои мистични духови сеа го користат, а плус и бил мистерија за обичен народ до денешен ден.
 
Edna od najkrienite javni tajni vo ex SFRJ.
Sosem skoro ke treba da izleze na videlo i
1.sistemot od podzemni bunkeri vo istocna Bosna.
2.Podzemniot grad pod Dedinje.
3.Tunelot izmegju Istra i Brioni.
4.Onaa planinata pozadi Vodno...hehehe
5.Boka Kotorska...mislite deka e samo zaliv?
6.Kompleksot Aurora do Split...

i uste nekoi drugi hmmmm...objekti na JNA.:wink:
 
Хм... За ваков подземен аеродром имам слушано дека имало и во околината на Битола, т.е. тумбе-кафе, а стари луѓе ми имаат кажувано дека имале гледано како се отвара ридот, полетува авионот и потоа пак се затвара (што како веза неам), а тумбе-кафе им било голема база (сега ја запустија) каде што имаше поставен огромен радар и јас го памтам ама кога се повлече ЈНА од Македонија и тој го зедоа заедно со еден куп оружје. Па касарната во Битола е огромна и еве од тогаш не е ни 10% полна со војници и оружје(највероватно се бранеа од евентуален напад од Грција). Инаку колку за поткрепа на фактите во Битола има некаде околу 10-тина бункери во кои не се знае што има, запечатени се од страна на ЈНА, и сеуште никој не се нафаќа да ги отвори (ниту пак има потреба).

Едит: Ѕирнете на википедиа што ке каже за Жељава, таму пишува дека има 2 такви слични и во Македонија, 5 во Хрватска, 3 во Словенија, 3 во Црна гора и 7 во Србија.
 
Не ме чуди да сме си имале сопствена (зборувам за тогаш - каква таква заедница) некоја наша Area 51.
 
Ne.Jugoslavia bila vestacka tvorba,a narodot izmanipuliran objekt.Gjabe se site tie pesni "Druze Tito mi ti se kunemo" and shit.
 
Не ме чуди да сме си имале сопствена (зборувам за тогаш - каква таква заедница) некоја наша Area 51.
:oftopic:како што вејке напоменав во постот нло и воземјани! Јосип Броз Тито исто така вршел експерименти за НЛО! ама не така како што мислите... нлото постоело и било направено од земјаните! Како за чудо пилот на едно такво чудо бил македонец... било направено од аустралијанците! и овај бил пилот... но тестирањата и усоврувањата барале преголема инвестиција и поради тоа ЈБТ го прекинал оваа зделка ! BTW леталото било нулта гравитационо и можело да лета ептен брзо!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom