Вчера и денес читам по порталите и фејсбук профилите колку тоа чест му даваат ва човекот за кој до вчера уво не ги болеше, од најблиски до најдалечни. Дуле го знам од свирките кои ги правеа по скопските кафичи од времето, секогаш насмеан, ведар лик, позитивен, опкружен со млад свет, сакаше да фрли по некоја чашка (нормално за таа работа) но тоа е Дуле кој сите го познаваме. Во тоа време другари и пријатели колку сакаш, од познати политичари, бизнисмени, обичен народ, па се до клошари. Кариерата со многу растови и падови (нормална работа), но во последниве 3-4 години човекот колку што знам почнал да оди надоле. Го видов последен пат пред некои си 6-7 месеци, неможев да го препознаам, пропаднат, ослабен, блед, не личеше на себе. Каде беа тогаш сите овие негови "другари и пријатели" кои сега го "оплакуваат" и даваат разни изјави како ќе им недостига и како и во секоја приказна така и во оваа за малку слава и тошка популарност сите ќе се налепат или лепат на приказната на веќе починатиот, бог да му душу прости. Истото ова беше и кога Тоше погина, истото еве и сега се повторува. Без усул и срам, до вчера не му дигаа телефон и го оговараа, исмејуваа, а сега глумат ужалени. Единствено можам да кажам дека товарот го носеле неговите најблиски роднини, а највеќе сегашната негова сопруга, за кои можам да кажам дека искрено го сакале и биле со него, го прифатиле онаков каков што е и никогаш не се срамеле или бегале од него. Во тој кош делумно можам да го ставам и неговиот нероден брат Коки кој пред неполна година и јавно се одкажа од него (најверојатно му прекипело ради хировите кои ги носеше со себе).
Сакам да им порачам на сите кукачи, жалачи, лелекачи..., ВИ ГО РЕСПЕКТИРАМ ВАШИОТ ЛЕЛЕК, ПЛАЧ, ЖАЛЕЊЕ..., НО ЕВЕ ВИ ПРИЛИКА, ИАКО ЛОША, ПА БИДЕТЕ ДРУГАРИ КАКВИ ШТО СЕ ПРЕДСТАВУВАТЕ, ПОМОГНЕТЕ МУ НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО. АКО САКАТЕ ДА ГО ЖИВЕЕТЕ ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ДУЛЕ, ЗАЖИВЕЈ ТЕ ЈА НЕГОВАТА НОВА КАФАНА, КОГА ВЕЌЕ СТАРАТА НЕ ПОСТОИ И НЕКА ТОА БИДЕ ВАШЕ КАТЧЕ ЗА ЖИВОТ НА НЕГОВИОТ ДОМ, А СО ТОА ЌЕ ГО ЗАЖИВЕТЕ НЕГОВИОТ ЛИК И ЌЕ МУ ПОМОГНЕТЕ НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО!!!
Нека ми извинат сите останати форумџии на моите емоционални изливи и нека ми прости некој ако ненамерно сум го навредил.