Ne mi e ushte jasno sho se sluchinso PS5 i zoshto izleze vakov nedostatok za konzolava. Sho si mislea Sony ko go lansirvea?
Секоја конзола за видео игри страда од недостатоци на залиха кога излегува во продажба, а ова најмногу важи за конзолите кои се најбарани на пазарот.
Вообичаено недостатоците со тек на време се намалуваат, а кога ќе излезе во продажба поново и помало ре-дизајнирано "lite" издание на истата конзола, конзолата добива на залиха поради поедноставениот дизајн и поедноставената фабричка линија за производство на конзолата, а со тоа следува и пониска цена на производството и пониска продажна цена на крајниот производ.
Но за несреќа на PlayStation 5, како и повеќето конзоли од 9-та генерација, пандемијата со корона вирусот си го направи своето, го намали производството во фабриките за чипови и полупроводници, а се разбира производителите не сакаа да пропуштат шанса да профитираат од вештачки создадената криза.
Во меѓувреме се случи руската воена интервенција во Украина, која им отвори нови шанси за профитерство на производителите, па сега повторно истиот круг на недостаток на чипови и полупроводници се повторува одново и одново. Како капак на се`, САД сакаат да и` се ку_чат на Кина на далечен исток, а бидејќи PlayStation 5 се произведува претежно во Кина, секојдневните политички идиотизми само дополнително го отежнуваат производството како на PlayStation 5, така и на други конзоли од 9-та генерација.
Или накратко кажано: Без разлика што мислеа и планираа Сони во 2019 година кога го најавија PlayStation 5, конзолата стана жртва на политичките идиотизми кои се случуваат на глобално ниво.