Лично искуство со PS4 во кое влегов не по своја воља.
Прво околу онлине купувањето:
Со картиците што ги имам а немам од НЛБ на G2A непоминав....ниедна не ја прифати, па за PS4 ваучери купувам на
CDkeys каде безпрекорно функционира.
Второ, искуство со активација на втор џојстик-контролер:
Заради караници на децава кој ке игра Фортнајт мораше да се купи втор јојстик/Гамепад....слушнале дека може двајца да играат во исто време во SplitScreen. Се отепав гледање видеа на Јутјуб и за ова и тешко се доаѓа до решение па ке споделам како ја поминав.
Пред два дена земав црвен PS4 гејмпад, цена 3690...сум погодил било 8ми март па тие кај што го земав(да не ги рекламирам нема да ги спомнам) давале ваучер поповод 8ми март и тоа важи до 15.04
На тие пари за џојстикот од 3690 добив ваучер од 740ден или 20% од цената, неочекувано ама фала им (ги потрошив на
слушалки за вториот џојстик), продавачот беше искусен PS4 узер кој ми ги предложи, слушалките се со детачабл микрофон(на џек е микрофонот и може да се извади), бананчето е PS4 компатибилно и директно се спојува со PS4 контролерот, а во кутијата ви следува гратис посебен разделник звучки/микрофон за во PC-компјутер.
Сеа за Фортнајт за да се укључи вториот џојстик и на иста конзола да играат двајца е оваа:
Мора претходно на компјутер да се направи втор PS Aкаунт. Значи пак избирате UK/USA локација, адреса и сл. и битно користете друга e-mail адреса од Примарниот Акоунт. После на ПС4 само се логирате како втор усер и све ке прочита од серверите.
Џојтискот се активира со држење на ПС копчето кое од Фортнајт ве враќа на почетното мени и кје ве праша за кој ПС Акоунт тој џојстик сакате да го врзете, и тука треба да го одберете вториот креиран PS4 Акаунт.
Има видеа дека може да го врзете со Guest Account ама тоа сега нефункционира во Фортнајт.
Ако како што кажав претходно сте креирале втор PS4 акаунт, тој Акоунт ке се појави на менито и џојтискот ке го врзете со него.....кога ке го изберете акаунтот ве враќа во Фортнајт и двата усера ке се појават со свои усернејмови и скинови во Duos/Quads....во Сингл и Creative сеуште нефункционира.