- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.359
- Поени од реакции
- 13.153
Абе имам телевизор, ама ХДМИ-то ми се расипа. Пред некое време го однесов на мајстор и ми рече за да се напраело требало цела матична уствари да ја смени, не можело само тој дел. И со цела надеж бев дека ќе можам на монитор да го поврзам, ама ништо
btw 2 купив, не еден![]()
Би ти препорачал да купиш HDMI to VGA конвертор за решавање на ваквиот проблем, доколку твојот монитор има влезна VGA порта, а не влезна DVI порта.
HDMI to VGA конвертор би ти завршил работа за да можеш да користиш уред кој се поврзува преку HDMI кабел на монитор со влезна VGA порта.
Но PlayStation 4 доаѓа со HDCP блокада на HDMI сигналот, што значи дека дури и да го купиш конверторот, можеби нема да ти дава слика воопшто и ќе испадне дека си ги фрлил 2.250 денари за ништо.
Моја препорака е, доколку сакаш да експериментираш, однеси ги конзолата и твојот монитор во некоја продавница на Анхоч, доколку има продавница на Анхоч или на некој дилер кој соработува со Анхоч во твојот град, види дали го има HDMI to VGA конверторот на лагер, па поврзи ја конзолата со конверторот преку HDMI кабелот што доаѓа со конзолата, а конверторот поврзи го со твојот монитор со VGA кабелот што го користиш.
Ако дава слика, тогаш супер, но за секој случај испробај и по некоја видео игра за да видиш дали ќе можеш да ја играш на мониторот преку конверторот.
Доколку ти дозволува да ја играш видео играта на мониторот преку HDMI to VGA конверторот и доколку дава добра слика, тогаш овој HDMI to VGA конвертор е решение за твојот проблем.
Ако работи на твојот монитор, тогаш ќе можеш да го користиш и на твојот LCD или плазма телевизор, доколку телевизорот има влезна VGA порта.
Конверторот има и излезна аудио порта за поврзување со звучници.
Повеќе детали за овој HDMI to VGA конвертор можеш да најдеш на Интернет страницата на официјалниот веб сајт на Анхоч, кон кој води наредниот линк.
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=386&pid=35187

