PlayStation 4

Дечки едно прашање. Моментално сум го Германија и го гледам овој одличен дил и се мислам дали да го порачам. Е сеа, за месец дена се враќам во нашата татковина нели и ме интересира дали ќе имам какви било проблеми со пренесување на плејкава? Некакво царинариње некакви срања што и да било. И дали се исплати да почекам и да си купам од кај нас, ватс јор адвајс?

Нема да имаш никакви проблеми, бидејќи PlayStation 4 и Xbox One не се регионално заклучени, поради што ќе работат без никакви проблеми било каде во светот.

Кога сме кај царинењето, тоа вообичаено зависи од тоа дали ќе ја откријат конзолата или не.

Доколку се враќаш со авион, повеќе од сигурно е дека ќе ја откријат конзолата, па затоа поисплатливо е да ја испратиш преку DHL, тие ќе ти кажат колку ќе те чинат испорака, поштарина и царина, па направи си математика дали ти е поисплатливо да купуваш конзола во Германија и да ја праќаш во Македонија преку DHL за 320 евра + дополнително плаќање за поштарина и царина, или поисплатливо ти е да ја купиш конзолата во Македонија за 400 евра, а истовремено дополнително да плаќаш за видео играта, која не е ни малку евтина, доколку воопшто ја имаат во Македонија - ја нема на официјалниот веб сајт на Пан Европа.

А доколку се враќаш со автобус или со автомобил, можно е да те откријат, но можно е и да не те откријат. Доколку се усреќиш да се враќаш за време на викенд кога доаѓаат туристите од Србија, огромни се шансите да не те запрат поради гужвите.
 
Фала за опширново инфо пријателе, тоа и ми требаше. А што се однесува до конзолава отиде возот веќе, помината е понудата, сепак ќе купувам кај нас.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Gledam promocija za ps4 vo galerija za 22000

Само до крајот на оваа недела важи понудата.

https://www.facebook.com/GalerijaPanEvropa/photos/a.440486149308203.92255.439176169439201/966784226678390/

Galerija: Само до недела (16-ти август) во Galerija можете да станете горд сопственик на Sony PS4 500 GB WHITE за 21.990 денари

11242335_966784226678390_8110835650812709024_n.jpg
 
Купените игри во Америка ке ги прима ли на нишите PS4??
 
Одговорот го имаш малку погоре, во пост #691.

http://forum.kajgana.com/threads/playstation-4.66750/page-47#post-7351115

Нема да имаш никакви проблеми, бидејќи PlayStation 4 и Xbox One не се регионално заклучени, поради што ќе работат без никакви проблеми било каде во светот.

...

Или со други зборови кажано - да, без разлика од каде се купени видео игрите, ќе работат без никакви проблеми на било која PlayStation 4 конзола во било кој дел од светот.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
ќе ве замолам за помош. почнав да ја играм Destiny и со играта имав пасворд за две експанзии. пасвордот го внесов на друг акаунт и ги симнав експанзиите али тој акаунт повеќе не го користам, го имав отворено само за да можам да се логирам. дали е можно некако да ги симнам експанзииве на новиот акаунт зошто него го користам веќе година дена, кога ќе го внесам кодот од експанзиите ми вика дека е веќе искористен на друг акаунт. ви благодарам однапред...
 
Нормално дека тоа ќе ти го вели. Кодот веќе си го искористил на тој некој акаунт.
Е сега за да ја имаш/играш играта треба со тој акаунт да се логираш. Евентуално тој направи го примарен на конзолата и ќе можеш играта и од другиот акаунт да ја играш.
 
Што има разлика мегу обично сони и PS4 Limited Edition Metal Gear Solid: The Phantom Pain???

Обичен Сони добиваш обична конзола
PS4 MGSV Limited Ediition добиваш лимитирана серија на конзоли со мотив од играта и играта во пакет со конзолата.

Обичниот Сони највероватно ќе ти биде Launch модел CEH-1000 или CEH-1100 модел. пошто не е Македонија некое голем пазар па да трошат заостанати количини.....

Додека MGSV Limited Edition ти е гарант дека ќе го добиеш CEH-1200 кој е најнов модел со помала плоча внатре, мемориските модули се намалени од 16 на 8, што значи помала потрошња, вентилаторот е потивок не бучи како кај старите модели и самата конзола е неколку грама полесна.

Друго ништо :P
 
Фала брате друго не треба дека ке зимам сони па гледам има такво пуштено во продажба и да си прашам јас :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom