- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.398
- Поени од реакции
- 13.235
Дечки едно прашање. Моментално сум го Германија и го гледам овој одличен дил и се мислам дали да го порачам. Е сеа, за месец дена се враќам во нашата татковина нели и ме интересира дали ќе имам какви било проблеми со пренесување на плејкава? Некакво царинариње некакви срања што и да било. И дали се исплати да почекам и да си купам од кај нас, ватс јор адвајс?
Нема да имаш никакви проблеми, бидејќи PlayStation 4 и Xbox One не се регионално заклучени, поради што ќе работат без никакви проблеми било каде во светот.
Кога сме кај царинењето, тоа вообичаено зависи од тоа дали ќе ја откријат конзолата или не.
Доколку се враќаш со авион, повеќе од сигурно е дека ќе ја откријат конзолата, па затоа поисплатливо е да ја испратиш преку DHL, тие ќе ти кажат колку ќе те чинат испорака, поштарина и царина, па направи си математика дали ти е поисплатливо да купуваш конзола во Германија и да ја праќаш во Македонија преку DHL за 320 евра + дополнително плаќање за поштарина и царина, или поисплатливо ти е да ја купиш конзолата во Македонија за 400 евра, а истовремено дополнително да плаќаш за видео играта, која не е ни малку евтина, доколку воопшто ја имаат во Македонија - ја нема на официјалниот веб сајт на Пан Европа.
А доколку се враќаш со автобус или со автомобил, можно е да те откријат, но можно е и да не те откријат. Доколку се усреќиш да се враќаш за време на викенд кога доаѓаат туристите од Србија, огромни се шансите да не те запрат поради гужвите.
Друго ништо
