- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.256
- Поени од реакции
- 12.972
На PlayStation 3 не се наплаќаше играње на Интернет од кога излезе конзолата во продажба, па тотално глупаво е да почне да се наплаќа сега, цели 8 години откако конзолата излезе во продажба.Случајно налетав на ова и се прашував.
Зар само на ПС4 се плаќа за да играш онлајн?
Прегледај го приврзокот 86499
PlayStation Vita е рачна конзола која е наменета претежно за тие кои се во движење, а со тоа и по автоматизам играат преку Интернет, па глупаво би било од Сони да почнат да наплаќаат за играње на Интернет, и онака Нинтендо ги прави партали на полето со рачни конзоли со Nintendo 3DS и со Nintendo 2DS рачните конзоли, па наплаќање за играње на Интернет не доаѓа во предвид, иако не би било изненадување од Сони ако почнат да наплаќаат.
Но PlayStation 4 е тазе нов и од самиот почеток може да се игра на Интернет само ако корисникот е претплатник на PlayStation Plus. Сони ризикуваа и ризикот им се исплати, над 6 милиони PlayStation 4 конзоли се продадени заклучно со крајот на февруари 2014, бројот на корисници на PlayStation Plus значително е зголемен, па повеќе од очигледно е дека Сони нема да се премислат и на PlayStation 4 ќе може да се игра преку Интернет само со претплата на PlayStation Plus.
Корисниците на PlayStation 3 ќе останат привилегирани и ќе можат да играат преку Интернет бесплатно, односно без потреба од претплата на PlayStation Plus, а најверојатно истото ќе остане да важи и за корисниците на PlayStation Vita.