Некни баш се смеевме со едни дечки полицајци.Точно караулите беа опколени.И падна муабет добро бе ке пукавте ли?:helou:А карулата мозаик од хрвати босанци и срби и наши од Македонија :pos2:.Мислам дека ке се рабегаа повеќето од ЈНА.И ден денес сум на мнение дека требаше пожестоко да одиграме.САКаш нејеш некогаш мора да се покажат заби.ОТи ке ти се качат на глава.Ја посочив Словенија како пример.НАследија одлична армија.
Епа видиш Heidrich.
За разлика од твоето мнение, моите аргументи го велат спротивното.
А тоа ќе е деека Македонија, со оглед на состојбата која владееше 1991, на најдобар можен начин дојде до својата самостојност.
Само за потсетување.
Хрватска своето осамостојување го плати со околу 25 000 жртви, 55 000 ранети и 3 000 исчезнати.
Босна, околу 140 000 жртви.
Србија, околу 97 000 жртви.
Се претпоставива дека сето тоа безумие кое траеше неколку години, однесе над 250 000 жртви, а по некои проценки, дури 320 000.
Значи сето ова ќе беше и перфектно изведено, доколку не ги изгубивме и оние 54 војника, кои беа затечени низ фронтовите во поранешна Југославија. Тоа беше колатералната штета која ја плати нашата држава за својата независност.
Доколку си доволно возрасен, и памтиш барем дел од атмосверата од 1991, ќе знаеш дека во првите денови од војната, не се знаеше кој каде, и кон кого пука. Тоа беше буквално братоубивствена војна. Многумина добро се сеќаваат на снимката во која новинар на Јутел прашува војник на ЈНА, против кого војува.
Одговорот му беше:
- Ма јебем га! Нит знам на кога пуцам, нити знам ко на мене пуца, нити знам шта браним.(Парафразирано)
Безумие....хаос.
@vone убаво ја опиша и ситуацијата која владееше и во Македонија. Фалеше само еден испукан куршум да дојде до војната која ти толку ја промовираш како некое можно решение.
Фалеше само еден политичар кој ќе кажеше јуриш.
Но за наша среќа....до тоа не дојде.
Па сега ќе жалам за пушките и топовите кои ги однела ЈНА.
Нека ги земат бе.
Си го видеа аирот од нив.
Уште еден доказ дека не е се' во оружјето, туку во мудроста.
Што ќе направевме доколку задржевме 50 илјади пушки и неколку тенкови и топови, а загубевме уште неколку илјади животи.
Мислиш дека денес ќе бевме помоќни...понапредни ?
Не драг мој Heidrich.
Војната никому не му донела добро.
Никому не му донела просперитет.
Сите војни завршиле на маса.....со договор.
После војната не се бројат победите и битките, туку жртвите и исчезнатите.
И чуму таа споредба со Словенија.
Сети се кој стоеше позади независноста на Словенија.
Дали Македонија на своја страна ги имаше Германија и Австрија ?
Неблагодарно е да се прави таква споредба.
Тоа е исто како после 10 години јас да те прашам, зошто Словенија од 2004 е во Европската Унија, а Македонија надвор.
Ќе знаеш тогаш да ми одговориш зошто ?
А и во споредбите кога веќе ги правиш, наведувај барем точни податоци.
Словенија после неколкудневната војна која ја имаше со ЈНА, не задржа поголем дел од воениот потенцијал, туку помалку од 30%.
Ти како добар познавач во ова област, би требало тоа подобро да го знаеш од мене.
Не се согласувам со мислењето на Silen, кој подолу вели дека Македонија 91-ва, доби држава на поклон по грешка.
Нема никаква грешка друже.
Се беше тоа паметно изиграно и одработено.
И за тоа заслуга имаат и "бугарот" Љубчо, и "србинот" Киро, и "предавникот" Бранко, и уште многумина кои директно или индиректно учествуваа во овие процеси.
И тоа пак ќе напоменам, без никаква поголема сила да стои позади нас.
Дури 1995-та, Американците и Англичаните прв пат се заинтересираа за Македонија.
Друга работа е што овде некои новопечени вмровци, сакаат да докажат дека Македонија почнува да живее од времето на Никола Груевски.
Живее Македонија како самостојна држава уште од Осми Септември 1991-ва година.
Ја учеше Никола тогаш економијата на економскиот факултет во Прилеп.
Она економија која денес се труди преку реклами да ни ја продаде.
Ама по се изгледа многу бегал од часови.
Слабо нешто научил.