Повеќе неможе да се поврзе Пејонир УС Пејмент Сервис со ПејПал. Не пробувајте и не ги прашувајте во ПејПал пошо ќе си напраите беља. Единствено може Мастеркард картичката од Пејонир да се додаде како картица на ПејПал и може само да се плаќа, не и да се повлекува пари на неа. За даноци за Пејонир не прашувајте и не ставајте здрава нога во трн. Избегнете вадење картици на туѓо име, на роднини и пријатели и слични скаламуции за да не се доведете до лоша положба. Провизии на Пејонир за вадење од банкомат се среден курс на доларот на денот на книжење на средствата во Пејонир, 3% провизија од Мастеркард и 3,15$ провизија од Пејонир. За купување во продавница или било каде, само 3% Мастеркард провизија. Апсолутно секаде може да се плати со картицата, во било која продавница со терминал за плаќање со картици, исто така и во странство, баш секаде.