Вообичаено PayPal бара верификување на корисници кои можат и да праќаат и да примаат пари, но македонскиот PayPal дозволува само праќање пари. Јас не сум слушнал досега на некого да му бараат верификување на корисничката сметка.
Логично е PayPal да ти бара верификување на картичката, а за тоа треба да го внесеш серискиот број од трансакцијата, кој ќе го најдеш во извештајот за трансакцијата од банката чии што услуги ги користиш.
Но досега не сум слушнал на некого да му бара верификување на корисничка сметка на македонскиот PayPal.
Закачи слика за подетално да видиме со каков проблем се соочуваш.
Инаку, да, со оглед на фактот дека веќе си платил за конкретниот производ, логично е истиот да ти биде испорачан и доставен, во спротивно треба да ти ги вратат парите.