Најверојатно сака да ти ги врати парите преку PayPal, иако наплатата ја извршил директно преку картичката, а не преку PayPal.
Треба да му реплицираш и да му кажеш дека во Македонија не може да се примаат пари преку македонскиот PayPal, туку само да се праќаат и да разгледа друга можност за да ти ги врати парите, дали преку банкарски трансфер или преку Western Union, или преку Skrill, односно поранешен Moneybookers.
Skrill е сервис за трансфер на пари преку Интернет ист како PayPal, со разликата што, преку Skrill може и да се праќаат пари од Македонија во странство, но исто така може и да се примаат пари од странство во Македонија, додека преку македонскиот PayPal може само да се праќаат пари од Македонија во странство, но не и да се примаат пари од странство во Македонија.
Еве ти линк од Skrill.
https://www.skrill.com/
Доколку сакаш, можеш да се регистрираш на словенечкиот PayPal, но ако веќе си се регистрирал на македонскиот PayPal со своја дебитна или кредитна картичка и доколку веќе си ја верификувал истата таа картичка на македонскиот PayPal, тогаш нема да можеш да се регистрираш на словенечкиот PayPal со истата таа картичка. Решението е да се регистрираш на словенечкиот PayPal со друга дебитна или кредитна картичка од друга банка.
Еве ти линк од словенечкиот PayPal.
https://www.paypal.com/si/
Словенечкиот PayPal, за разлика од македонскиот PayPal, дозволува и праќање пари од Македонија во странство, и примање пари од странство во Македонија.
Откако ќе се регистрираш на словенечкиот PayPal и ќе верификуваш дебитна или кредитна картичка на словенечкиот PayPal - препорачливо е картичката да биде Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Тутунска Банка, ќе му ја дадеш на продавачот e-mail адресата преку која си се регистрирал на словенечкиот PayPal за да ти ги врати продавачот парите.
Или замоли го да разгледа некој од другите алтернативни методи за трансфер на пари кои ги спомнав претходно.