PayPal (официјална тема)

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Да прашам околу Paypal, поготово @Dexter26 ако има време да одвои да ми одговори.

Значи овака, имам направено Paypal acc македонски со картица од НЛБ. Проблемот е што тој acc не си го знам, пробав со сите можни мејлови што ги имам и џабе е не бива.

Отворив нов, и ја внесувам картицата од НЛБ ми вика таа картица се користи на друг акаунт.

Сега ми треба објаснување преку кој Македонски банки може да се качува на Paypal и да се плаќаат услуги на други лица на нивните paypal мејлови,нешто во стил како да пратиш пари на друга личност (значи не директно купување како ebay или сл.).

Многу ќе ми значи вашата помош бидејќи да сакам да си платам за услуга на интернет неможам во случајов.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.210
Поени од реакции
20.921

Ако си го заборавил пасвордот, пиши им на Support, ќе ти го сменат. Немало потреба нов акаунт да креираш. Пиши им да ти го сменат пасвордот и да ти го избришат ново-креираниот акаунт, да не се малтретираш по банкиве да вадиш нови картички.

Директно од PayPal на PayPal не може да праќаш, нема таква опција, тоа мислам го знаеш. Може само да купуваш т.е продавачот да има merchant акаунт, односно можност за продавање онлајн. Кажи му нека постави еден Buy Now button на негов вебсајт и плати/купи ја услугата. Парите ќе ти ги повлече директно од картичка.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.676
Поени од реакции
11.901

Ќе треба да ја контактираш техничка поддршка на PayPal и да им ја објасниш ситуацијата на нив за да ти го избришат тој PayPal account што си го заборавил и да ти дозволат да ја користиш картичката на друг PayPal account.

Друга алтернатива ти е да отидеш до НЛБ Тутунска Банка и да им побараш да ти ја поништат сегашната Visa Electron дебитна картичка и да ти издадат нова, по можност со поинаков сериски број и поинаков CVV2 код - кодот на задната страна од картичката, веднаш до полето за рачен потпис, со изговор дека си ја изгубил картичката. Во ваков случај, пред воопшто да отидеш до банката, земи исечи ја картичката со ножици на што е можно повеќе парчиња за да не може да се копираат податоците од магнетната лента и фрли ги парчињата во ѓубре.

Можеби ќе мораш да платиш за изработка на нова Visa Electron дебитна картичка или да платиш пенали бидејќи си ја изгубил сегашната, не сум до толку запознаен со тарифите на банките, а можеби нема да мораш ништо да платиш - ова последново е поверојатно, бидејќи досега не сум слушнал за наплаќање пенали поради изгубена картичка или за наплаќање за издавање на нова картичка.

Се разбира, ќе мораш да чекаш додека да ти издадат нова Visa Electron дебитна картичка, но откако ќе ти ја издадат, мораш да бидеш внимателен со податоците за PayPal account - от што го користиш, бидејќи доколку имаш пари на картичката и доколку ти биде хакната твојата PayPal сметка која си ја заборавил, ризикуваш да ги изгубиш парите само бидејќи си ги заборавил тие податоци кои се од огромна важност.

Во најлош случај треба да ги запишеш податоците на лист хартија кој ќе го чуваш на безбедно место кое секогаш ќе ти биде при рака.

Инаку, во пракса сите дебитни/кредитни картички, без разлика дали се Visa или MasterCard, од било која банка, можат да се користат преку македонскиот PayPal, но само за купување, односно за праќање пари, но не и за продавање, односно за примање пари.

Maestro картичките - без разлика од која банка се издадени - не можат да се користат со македонскиот PayPal, бидејќи ниту македонскиот PayPal дозволува плаќање со нив, ниту над 80% од сите веб сајтови низ светот дозволуваат плаќање со тие картички, па затоа Maestro картичките отпаѓаат од игра за купување/продавање, односно праќање/примање пари преку Интернет.

Од лично искуство, можам да ти потврдам дека Visa Electron дебитните картички од НЛБ Тутунска Банка и Visa Classic дебитните картички од Охридска Банка можат да ти завршат работа за купување, односно за праќање пари преку македонскиот PayPal.

НЛБ Тутунска Банка и Охридска Банка користат ист софтвер од иста фирма и картичките кои ги издаваат доаѓаат со истата чип заштита.

Како што спомна @Con Artist во пост #2692, не можеш да ставаш пари на твојата PayPal сметка, туку треба да го извршиш плаќањето преку PayPal на самиот веб сајт чија што услуга ја користиш. Парите треба да ги ставиш на твојата трансакциска сметка со која е врзана твојата картичка, а самиот PayPal ќе ги повлече потребните финансиски средства од твојата трансакциска сметка кога ќе ги внесеш бараните податоци на самиот веб сајт и ќе ја одобриш трансакцијата.

Мораш да внимаваш со податоците за PayPal сметката која ја користиш, како што веќе спомнав, во најлош случај треба да ги запишеш податоците на лист хартија кој ќе го чуваш на безбедно место кое секогаш ќе ти биде при рака.
 
Последно уредено:

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Ако си го заборавил пасвордот, пиши им на Support, ќе ти го сменат. Немало потреба нов акаунт да креираш. Пиши им да ти го сменат пасвордот и да ти го избришат ново-креираниот акаунт, да не се малтретираш по банкиве да вадиш нови картички.

Директно од PayPal на PayPal не може да праќаш, нема таква опција, тоа мислам го знаеш. Може само да купуваш т.е продавачот да има merchant акаунт, односно можност за продавање онлајн. Кажи му нека постави еден Buy Now button на негов вебсајт и плати/купи ја услугата. Парите ќе ти ги повлече директно од картичка.
Ќе треба да ја контактираш техничка поддршка на PayPal и да им ја објасниш ситуацијата на нив за да ти го избришат тој PayPal account што си го заборавил и да ти дозволат да ја користиш картичката на друг PayPal account.

Како што спомна @Con Artist во пост #2692, не можеш да ставаш пари на твојата PayPal сметка, туку треба да го извршиш плаќањето преку PayPal на самиот веб сајт чија што услуга ја користиш. Парите треба да ги ставиш на твојата трансакциска сметка со која е врзана твојата картичка, а самиот PayPal ќе ги повлече потребните финансиски средства од твојата трансакциска сметка кога ќе ги внесеш бараните податоци на самиот веб сајт и ќе ја одобриш трансакцијата.

Мораш да внимаваш со податоците за PayPal сметката која ја користиш, како што веќе спомнав, во најлош случај треба да ги запишеш податоците на лист хартија кој ќе го чуваш на безбедно место кое секогаш ќе ти биде при рака.
Фала ви многу за брзите одговори и на двајцата.

Но пред се во мојот случај се работи за незнаење на која емаил адреса ми е акаунтот. Ги пробав сите можни мејлови што ги имам и нејќе не дава дека имам регистрирано Paypal со ниедна од нив, а кога отворив нов акаунт па ми викаше дека таа картица веќе ја користи Paypal за друг акаунт.

И друга работа е што треба да платам услуга на физичко лице кое нема ни сајт ни ништо.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.210
Поени од реакции
20.921
Но пред се во мојот случај се работи за незнаење на која емаил адреса ми е акаунтот. Ги пробав сите можни мејлови што ги имам и нејќе не дава дека имам регистрирано Paypal со ниедна од нив, а кога отворив нов акаунт па ми викаше дека таа картица веќе ја користи Paypal за друг акаунт.
Caps Lock-от да не ти е уклучен, да не пишуваш лозинка со сите големи букви? :D

И друга работа е што треба да платам услуга на физичко лице кое нема ни сајт ни ништо.
Нека направи лицето акаунт на eBay, нека креира фиктивен производ со цена на услугата, и купи го производот со твојот PayPal.
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Caps Lock-от да не ти е уклучен, да не пишуваш лозинка со сите големи букви? :D

Нека направи лицето акаунт на eBay, нека креира фиктивен производ со цена на услугата, и купи го производот со твојот PayPal.
Абе каков пасворд јас прво одам на опцијата дека не си ја знам емаил адресата(ми вика ниедна од адресите нема акаунт). Да стасав до пасвордот лесна работа.:)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.676
Поени од реакции
11.901
Фала ви многу за брзите одговори и на двајцата.

Но пред се во мојот случај се работи за незнаење на која емаил адреса ми е акаунтот. Ги пробав сите можни мејлови што ги имам и нејќе не дава дека имам регистрирано Paypal со ниедна од нив, а кога отворив нов акаунт па ми викаше дека таа картица веќе ја користи Paypal за друг акаунт.

И друга работа е што треба да платам услуга на физичко лице кое нема ни сајт ни ништо.
Можеби ќе можеш преку македонскиот PayPal да пратиш пари на тоа физичко лице со кликнување на опцијата Send Money, без да плаќаш преку веб сајт.

Но не сум доволно запознаен со оваа постапка, бидејќи никогаш не сум ја користел, но би требало да е слична како постапката за плаќање преку веб сајт - прво ги ставаш парите на трансакциската сметка со која е врзана картичката, потоа кликнуваш на Send Money и ги пополнуваш потребните податоци за примачот на парите, и откако ќе продолжиш понатаму со кликнување Continue или Send или Send Money, самиот PayPal ќе ги повлече потребните финансиски средства од твојата трансакциска сметка со која е врзана картичката.

Се разбира, и опцијата за плаќање за фиктивен производ на eBay која ја спомна @Con Artist во пост #2694, е изводлива алтернатива.

Исто така, имаш алтернатива на PayPal, а тоа е Skrill, односно поранешен Moneybookers.

https://www.skrill.com/

Skrill дозволува и купување, односно праќање пари, и продавање, односно примање пари од и во Македонија и исто како PayPal работи со било кои MasterCard или Visa дебитни/кредитни картички од било која македонска банка, вклучувајќи ги и Visa Electron дебитинте картички од НЛБ Тутунска Банка и Visa Classic дебитните картички од Охридска Банка.

Преку Skrill можеш да извршиш и трансакција преку Интернет директно на трансакциска сметка, но се разбира, посигурно е да извршиш трансакција од една Skrill сметка на друга Skrill сметка.

Прашај го физичкото лице дали има Skrill сметка за да му ги пратиш парите преку Skrill, или обиди се со некоја од другите алтернативи кои ги спомнав погоре, а кои ги спомна и @Con Artist во пост #2694.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.734
Поени од реакции
2.553
И друга работа е што треба да платам услуга на физичко лице кое нема ни сајт ни ништо.
Ако примателот има можност да прима пари, можеш директно да му испратиш, ти треба само неговата имејл адреса која му е регистрирана на пејпал.
 
Член од
28 октомври 2011
Мислења
119
Поени од реакции
84
И друга работа е што треба да платам услуга на физичко лице кое нема ни сајт ни ништо.[/quote]

Како што пиша членот над мене можеш директно на имејл што му е регистриран на ПП и само да додадам,
Обавезно ако плаќаш за услуга на приватно лице кое нема сајт " Paying for goods" а не "Send money to friends/family" коа ке праќаш зошто и да има некоја фрка ке можеш да си ги повратиш парите.
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Ако примателот има можност да прима пари, можеш директно да му испратиш, ти треба само неговата имејл адреса која му е регистрирана на пејпал.
Како што пиша членот над мене можеш директно на имејл што му е регистриран на ПП и само да додадам,
Обавезно ако плаќаш за услуга на приватно лице кое нема сајт " Paying for goods" а не "Send money to friends/family" коа ке праќаш зошто и да има некоја фрка ке можеш да си ги повратиш парите.
Еј луѓе чекајте, па погоре пишаа дека неможе на овој начин, туку дека мора стриктно да имаат buy now копче или сл.

Ако може од македонскиот paypal да се плаќа на одредена email адреса што е регистрирана на paypal, тогаш мене цела работа ми е завршена?!
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.676
Поени од реакции
11.901
Еј луѓе чекајте, па погоре пишаа дека неможе на овој начин, туку дека мора стриктно да имаат buy now копче или сл.

Ако може од македонскиот paypal да се плаќа на одредена email адреса што е регистрирана на paypal, тогаш мене цела работа ми е завршена?!
И јас ти пишав дека можеш да пробаш да пратиш пари со кликнување на Send Money во пост #2696, но не можев да ти објаснам детално, бидејќи не сум ја користел досега таквата опција.

Еве @moongoses во пост #2697 и @Volko1 во пост #2698 велат дека е изводливо, претпоставувам дека праќале пари со кликнување Send Money и подобро се запознаени со постапката.
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Volko 1 кажува за верифициран ПајПал со сите можни опции, ние сме ограничени можеме да го користиме само со плаќање на страни како Ибеј и сл.

Тоа он што го зборува е за да твоја безбедност кога праќаш пари, кога праќаш за Paying for goods, имаш опција да се пожалиш дека тоа што си го платил не си го добил или не си задоволен, што може да ти ги вратат парите, додека Send money to friend or family е опција да праќаш пари како подарок и тука немаш рефунди, туку едино да ги повратиш тие пари е да откажеш трансакција после 30 мин. откако ќе биде извршена, или пак да пријавиш дека таа трансакција не е извршена од тебе, т.е. да отвориш Case на пејпал.
Али ова важи за верифициран не македонски пејпал.
 
Член од
28 октомври 2011
Мислења
119
Поени од реакции
84
Не сум знаел за ова, немам користено македонски до сеа, само словенски. Фала за информација.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom