Да прашам околу Paypal, поготово
@Dexter26 ако има време да одвои да ми одговори.
Значи овака, имам направено Paypal acc македонски со картица од НЛБ. Проблемот е што тој acc не си го знам, пробав со сите можни мејлови што ги имам и џабе е не бива.
Отворив нов, и ја внесувам картицата од НЛБ ми вика таа картица се користи на друг акаунт.
Сега ми треба објаснување преку кој Македонски банки може да се качува на Paypal и да се плаќаат услуги на други лица на нивните paypal мејлови,нешто во стил како да пратиш пари на друга личност (значи не директно купување како ebay или сл.).
Многу ќе ми значи вашата помош бидејќи да сакам да си платам за услуга на интернет неможам во случајов.
Ќе треба да ја контактираш техничка поддршка на PayPal и да им ја објасниш ситуацијата на нив за да ти го избришат тој PayPal account што си го заборавил и да ти дозволат да ја користиш картичката на друг PayPal account.
Друга алтернатива ти е да отидеш до НЛБ Тутунска Банка и да им побараш да ти ја поништат сегашната Visa Electron дебитна картичка и да ти издадат нова, по можност со поинаков сериски број и поинаков CVV2 код - кодот на задната страна од картичката, веднаш до полето за рачен потпис, со изговор дека си ја изгубил картичката. Во ваков случај, пред воопшто да отидеш до банката, земи исечи ја картичката со ножици на што е можно повеќе парчиња за да не може да се копираат податоците од магнетната лента и фрли ги парчињата во ѓубре.
Можеби ќе мораш да платиш за изработка на нова Visa Electron дебитна картичка или да платиш пенали бидејќи си ја изгубил сегашната, не сум до толку запознаен со тарифите на банките, а можеби нема да мораш ништо да платиш - ова последново е поверојатно, бидејќи досега не сум слушнал за наплаќање пенали поради изгубена картичка или за наплаќање за издавање на нова картичка.
Се разбира, ќе мораш да чекаш додека да ти издадат нова Visa Electron дебитна картичка, но откако ќе ти ја издадат, мораш да бидеш внимателен со податоците за PayPal account - от што го користиш, бидејќи доколку имаш пари на картичката и доколку ти биде хакната твојата PayPal сметка која си ја заборавил, ризикуваш да ги изгубиш парите само бидејќи си ги заборавил тие податоци кои се од огромна важност.
Во најлош случај треба да ги запишеш податоците на лист хартија кој ќе го чуваш на безбедно место кое секогаш ќе ти биде при рака.
Инаку, во пракса сите дебитни/кредитни картички, без разлика дали се Visa или MasterCard, од било која банка, можат да се користат преку македонскиот PayPal, но само за купување, односно за праќање пари, но не и за продавање, односно за примање пари.
Maestro картичките - без разлика од која банка се издадени - не можат да се користат со македонскиот PayPal, бидејќи ниту македонскиот PayPal дозволува плаќање со нив, ниту над 80% од сите веб сајтови низ светот дозволуваат плаќање со тие картички, па затоа Maestro картичките отпаѓаат од игра за купување/продавање, односно праќање/примање пари преку Интернет.
Од лично искуство, можам да ти потврдам дека Visa Electron дебитните картички од НЛБ Тутунска Банка и Visa Classic дебитните картички од Охридска Банка можат да ти завршат работа за купување, односно за праќање пари преку македонскиот PayPal.
НЛБ Тутунска Банка и Охридска Банка користат ист софтвер од иста фирма и картичките кои ги издаваат доаѓаат со истата чип заштита.
Како што спомна @
Con Artist во пост
#2692, не можеш да ставаш пари на твојата PayPal сметка, туку треба да го извршиш плаќањето преку PayPal на самиот веб сајт чија што услуга ја користиш. Парите треба да ги ставиш на твојата трансакциска сметка со која е врзана твојата картичка, а самиот PayPal ќе ги повлече потребните финансиски средства од твојата трансакциска сметка кога ќе ги внесеш бараните податоци на самиот веб сајт и ќе ја одобриш трансакцијата.
Мораш да внимаваш со податоците за PayPal сметката која ја користиш, како што веќе спомнав, во најлош случај треба да ги запишеш податоците на лист хартија кој ќе го чуваш на безбедно место кое секогаш ќе ти биде при рака.