Paypal конечно и во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Ја до сеа повлекував пари и стварно не ми е јасно како некој не можел тоа.
Witdraw или како и да беше и мислам за некој ден ти се на сметка. Го иам напраено тоа едно два пати (толку сум имал потреба) на суми од околу 100-200$.
Шиткав некои карти у Америка и ми ги стаија парите на пејпал, од кај ги повлеков на визата од НЛБ.
Стално слушам дека тоа не можело.

А ако случајно не било дозволено такво нешто, онда зашто е возможно и зашто никој нигде не ми рекол дека не смее?
Тогаш сум бил во заблуда за повлекувањето на пари... Јас не сум се ни обидел да повлечам пари, затоа секогаш сум мислел дека не е возможно. Акаунтот го користев само за плаќање. Но, штом викаш дека ти си успеал, тогаш во ред :)
Пошто не сум доволно запознаен со paypal и остали нарачки преку интернет, некој да ми ги појасни овие работи...
Дали ќе можам да купувам од сите сајтови за онлајн продажба? (ebay/newegg/amazon...)
Да, иако и до сега можеше.
Дали ќе треба да плаќам царина за нарачката?
Очигледно дека не си запознае со доста работи, ама како по ѓаволите би имал Paypal врска со царинските регулативи? :rolleyes:
Колку отприлика кошта shipping?
Ова ти е ко да прашаш „колку кошта превоз“?
Зависи од каде, до каде и со кој курир (пошта, EMS, DHL...) и тн...
Што се дешава ако ми дадат неисправен или погрешен производ?
Ова прашање ти повторно неповрзано со Paypal.
Читнете малку на нивната страна или на Wikipedia околу Paypal и Ebay, па после поставете прашање. Вакви бисери само ја носат темата погрешен правец...
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.738
1. Да.
2. Зависи за кои производи, не знам до колку пари беше, над таа цена се плаќаше, али не беше кој знае колку.
3. Шипингот ти е различен за сите производи, си пишува таму на секој производ на ebay на пример, а има многу производи кои се и free shipping.
4. Премногу ретко се дешава тоа, али ако се деси имаш можност да им го вратиш назад производот и тие да ти пратат нов .
--- надополнето: Sep 2, 2011 5:36 PM ---

Па еве на пример најголемата интернет продавница ebay каде што можеш да најдеш и од пиле млеко, не дозволува плаќање со интернет виза картичка, туку само со paypal.
Are you trying to tell me that сега ќе можам да купувам делови за компјутер од newegg по нормални цени??
Дека нема да морам да се нервирам со надуениве цени од македонскиве фирми?
--- надополнето: Sep 2, 2011 6:07 PM ---
Да, иако и до сега можеше.
Очигледно дека не си запознае со доста работи, ама како по ѓаволите би имал Paypal врска со царинските регулативи? :rolleyes:

Ова ти е ко да прашаш „колку кошта превоз“?
Зависи од каде, до каде и со кој курир (пошта, EMS, DHL...) и тн...Ова прашање ти повторно неповрзано со Paypal.
Читнете малку на нивната страна или на Wikipedia околу Paypal и Ebay, па после поставете прашање. Вакви бисери само ја носат темата погрешен правец...
Ако можело и до сега, зошто ретко кој нарачува?

И ако ова е неповрзано со online купување - зошто толкава радост кај сите ондак?
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Are you trying to tell me that сега ќе можам да купувам делови за компјутер од newegg по нормални цени??
Дека нема да морам да се нервирам со надуениве цени од македонскиве фирми?
--- надополнето: Sep 2, 2011 6:07 PM ---

Ако можело и до сега, зошто ретко кој нарачува?

И ако ова е неповрзано со online купување - зошто толкава радост кај сите ондак?
Чекај малку ќе можеш да купуваш ама затоа тие нормални цени кои ти ги спомнуваш ќе бидат ненормални кога ќе треба да плаќаш цена за транспорт ,царина и царинска декларација.И на крајот ќе ти дојде исто колку да си го платил во нашиве фирми.

Во секој случај убаво е кога имаш избор.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Ако можело и до сега, зошто ретко кој нарачува?
Поради матните игри на DHL и македонската царина и поради неспособноста на Македонска пошта.

- Ако порачаш преку DHL:
1) Плаќаш некои 10 пати повеќе за испорака од обична пошта;
2) Производот кој не треба да се царини најчесто завршува на царина;
3) Со самото тоа што иде на царинење, автоматски треба да им доплатиш на DHL дополнителни трошоци за лежарина (што стои производот во нивен склад) и шпедитерски трошоци (фиксни 3.000 денари) затоа што ти ја завршиле процедурата за царинење + самата царина;

Значи, ако нарачаш саат од 10 долари и одлучиш да го донесеш преку DHL ќе платиш:
10 долари за саат
30 долари (приближно) за испорака
3.000 денари за шпедитерски трошоци (затоа што ќе ти го пуштат на царинење, иако е само 10 долари и не треба да се царини)
200 денари за царина
=
вкупно околу 90-100 долари за саат од 10 долари.

- Ако порачаш преку обична пошта:
1) Најверојатно нема да ти стигне производот (затоа што нема tracking систем ниту пак гаранција дека ќе ти стигне)
2) Ако стигне, ќе стигне за неверојатни 30 дена (патем, сеуште чекам пакет испратен на 03.08.2011).

И ако ова е неповрзано со online купување - зошто толкава радост кај сите ондак?
- Затоа што поголемиот број на продавници поддржуваат купување само со Paypal. Останатите поддржуваат и со Visa/Master и други картички. Значи, во заблуда се тие што мислат дека и до сега не можело да се купува без Paypal... Само со ова се олесуваат некои работи, како на пример:
- Затоа што сега Paypal ќе може да се користи со сите картички (а не само со тие на НЛБ Тутунска).

Наравоучение:
- Не се летајте да нарачувате било што. Нарачувајте производи од 5-10 долари и испраќајте ги преку обична пошта. Или ќе ви стигнат без дополнителни трошоци, или нема да ви стигнат воопшто, ама бар нема да се нервирате зошто не сте фрлиле многу пари. Почекајте барем 3-4 години додека да се испеглаат некои работи во нашава земја.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Јас досега повеќе пати имам купувано од Амазон, воглавно книги и дискови, и никогаш немало никаков проблем. Пратките ми стигаат за околу 3 недели. Плаќам со интернет картичката на Стопанска Банка...
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Јас досега повеќе пати имам купувано од Амазон, воглавно книги и дискови, и никогаш немало никаков проблем. Пратките ми стигаат за околу 3 недели. Плаќам со интернет картичката на Стопанска Банка...
Па добро ако порачаш едно цд една книга и еден саат помалку од 45 евра тогаш не подлежиш на царина .
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Доста терате со офтопици има теми за амазон и за ибеј и за дебитни картици и се, темата е за Дали македонија конечно ќе може да користи ПејПал или ова е само дезинформација по предпоставка? Официјален извор никаде не видов, само еден лејм измена на полиса од 24ти во која е ставена Македонија како земја примач тоа не е ни блиску доволно.
 

Rabrobil

Seduce and Destroy
Член од
1 јули 2010
Мислења
886
Поени од реакции
294
Само едно прашање, до колку евра беше лимитот на царинење? 40 или 50?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.158
не подлежи на царина за многу повеќе а не за 45 евра.од кај ви се тие глупости од ракав вадење, не стигнувало , ке загинело, ке го царинеле , цената ваква таква бла бла бла. а и да не стигни има начини да се реши и тоа ама поради реткоста на настанот не е вредно ни да се спомнува.
иако рака на срце морам да признам дека колку што ми е мило толку и не ми е дека ке ја стават македонија на листа:(
п.с и да можеше и досега да повлекуваш пари до некој лимит, си пиши таму што како.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
не подлежи на царина за многу повеќе а не за 45 евра.од кај ви се тие глупости од ракав вадење, не стигнувало , ке загинело, ке го царинеле , цената ваква таква бла бла бла. а и да не стигни има начини да се реши и тоа ама поради реткоста на настанот не е вредно ни да се спомнува.
Од повеќекратно лично искуство и од искуство на колеги, пријатели и познаници.

Да не сакаш да ти ја пренесам во целост преписката со DHL затоа што за часовник со вкупна вредност од 29 долари со испорака (иако саатот беше 6 долари) сакаа да ми наплатат + 3.500 денари?

По еден куп приговори, конечно поднесоа жалба (иако не знам дали стварно било така, не ми дадоа никаков документ) до царина и успеаа да го „тргнат“ пакетот од царинење. Ама секако, ми наплатија 1.500 денари за упатената жалба до царина. И јас сум пак заебаната странка, за еден ебан саат од 6 долари и поштено платена достава однапред за испорака до DHL.

А за обична пошта, еве, чекам пакет од 03.08.2011. Дури стигне (ако стигне) сум забораил што сум нарачал.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Од повеќекратно лично искуство и од искуство на колеги, пријатели и познаници.

А за обична пошта, еве, чекам пакет од 03.08.2011. Дури стигне (ако стигне) сум забораил што сум нарачал.
сакаат да ти приредат изненадување :pos:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Paypal е всушност ........ банка, проблемот до сега беше во тоa што Македонија формално не допушта имање сметка во странска банка на приватно лице.., веројатно тоа некако го решиле, ако е информацијава точна.
Прифатен е нашироко, брз и сигурен начин на плаќање.
eBay е виртуелен трговски центар кој изнајмува дуќани и бизнис сервис и кој од пред некое време е сопственик е Paypal, сеа веројатно и тие ќе не играат.....и како продавачи и како купувачи..... Прашањата на даноци се без веза.., нашите закони се светски и нема проблем, освен тоа што ние сме сељачаана која постојано ја бара кривината за да ја фати....... :)
DHL е апсолутно најскапиот и условно најбезобразниот парцел во Македонија , ако не и во свет. Има и други кои доставуваат овде и сите се поевтини. Од USA имам мноогу добро искуство со USPS..т.е. U.S.Postal Service.Имало пратки кои ми стигнале за 3 и со букви три дена. ..следењето на пратката е во реално време и точно..
Исто и EMS e многу раширен и прилично сигурен со прецизен tracking...
Битно е пратката да стигне на царина во царинската испостава во Пошта 2 , секоја друга комбинација е поскапа. Нормално тука до димензии кои ги прифаќаат..трактори,авиони и слично не поминува :) Tracking кај и да е воведува и македонска Пошта , па камо ли другите.
По Европа има и други парцели кои се ажурни и достапни и се надевам дека овие локалниве доставувачи кои се појавија во респектабилен број ќе пофаќаат контакти, нема да бидат дрчни и ќе понудат пристоен сервис...;)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.158
Од повеќекратно лично искуство и од искуство на колеги, пријатели и познаници.

Да не сакаш да ти ја пренесам во целост преписката со DHL затоа што за часовник со вкупна вредност од 29 долари со испорака (иако саатот беше 6 долари) сакаа да ми наплатат + 3.500 денари?

По еден куп приговори, конечно поднесоа жалба (иако не знам дали стварно било така, не ми дадоа никаков документ) до царина и успеаа да го „тргнат“ пакетот од царинење. Ама секако, ми наплатија 1.500 денари за упатената жалба до царина. И јас сум пак заебаната странка, за еден ебан саат од 6 долари и поштено платена достава однапред за испорака до DHL.

А за обична пошта, еве, чекам пакет од 03.08.2011. Дури стигне (ако стигне) сум забораил што сум нарачал.
јас лично досега никогаш ама никогаш сум немал испорака преку DHL. како прво е најскапа. сега за другото колку пари толку музика. преку другите досега ама ни еднаш ми немаат царина земено ( преку нормална пошта), а за поскапа роба секогаш си имаш тракинг така да и таа не гини. најевтино што имам порачувано колку за проба дали страната е безбедна и така практикувам е сатче некое од 2 долари и толку и ме коштало, повеќе ме инетерсирало за колку време стигнува. за поскапа пратка евентулано нешто од пошта ке наплатат ради габарит и тоа е тоа.
незнам од што мака одите преку таа опција и после да тргате маки со царини и лежарини и што ли уште не
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Како бе зошто одиме преку таа опција? Зошто да не одиме? Би требало да најдобра и најбрза, затоа одев преку неа.
Ама очигледно се поебав, зошто е најбрза, но најпедерска и најскапа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom