najnovo, deneska razgovarav so rodninata koj raboti vo ministerstvo za finansii (bidejki se gledame samo 2 pati godisno) do 31-12 -2011 ke se donese zakonot za bankite da moze da primaat pari od mooneybookers paypal i dr. i paypal ke bide vo januari ili februari, so paypal e dogovoreno se samo ne cekaat za zakonot
Е како може да праќаме и да примаме пари преку Moneybookers како корисници од Македонија, говорам од лично искуство, а досега да не бил донесен таков закон ?
Дали тоа значи дека сите ние кои досега сме праќале и примале пари преку Moneybookers, сме го правеле тоа нелегално ?
Ако е така, зошто досега никој од нас не се соочил со санкции поради прекршувањето на законот, или не можат да не казнат бидејќи не постои тој закон кој наводно сме го прекршиле ?
Но јас ќе повторам по кој знае кој пат:
Не ме интересира што велат државната и јавната администрација на Република Македонија, не ме интересира што велат политичарите, поединци или било кои други неофицијални и неверодостојни извори на информации околу достапноста на услугите на PayPal во Македонија.
Единствен официјален и 100% веродостоен извор на информации за достапноста на услугите на PayPal во Македонија е официјалниот веб сајт на PayPal:
http://www.paypal.com/
Ако на листата ја дава Македонија, тогаш значи услугите на PayPal се достапни во Македонија, а ако на листата не ја дава Македонија, тогаш значи услугите на PayPal не се достапни во Македонија.
А од друга страна, Македонија ја има листата на Moneybookers, чиишто услуги јас ги имам користено, последен пат ги користев нивните услуги пред 2 месеца, свршив работа и задоволен сум и од Moneybookers и од нивните услуги, а не ми се случи државата или било кој друг да ме санкционира поради мојата наводно нелегална постапка.
А денес, понеделник, 19 декември 2011, на листата на официјалниот веб сајт на PayPal, ја нема Македонија, што значи дека PayPal сеуште не ги нуди своите услуги во Македонија.
Крај на приказната, барем за денес, понеделник, 19 декември 2011.