„Пасат“ отсекогаш бил еден од моделите на „Фолксваген“ со кој фабриката се гордеела, а бројката од 15 милиони продадени примероци само покажува дека бил одлично прифатен на пазарот и станал „куќно милениче“. Но, секогаш му недостигало малку стил! Сега и тоа е средено. Новиот „ЦЦ“ е елегантен седан и динамично купе, спакувани во едно. Изглед што му два спортска нота, а во внатрешноста е удобен автомобил со четири седишта, импресивни перформанси, најнова технологија достапна само за високата класа.
Концептот и дизајнот на овој „фолксваген“ се дефинираат како свежи и нови димензии, кои на пазарот нудат единствен производ.По успехот на „мерцедес ЦЛС“, но во повисока класа, сега и „ФВ“ сака да се вклучи во тој сегмент на полуксузни возила. „Пасат“ тоа го нуди во ново тело на модерен модел, кој е трета каросериска изведба во моментов покрај седан и карванската верзија. Откако уште во Детроит во јануари годинава беше најавено дека „ФВ“ влегува во класата на „купе-кабриолет семејни возила“ многумина сметаа дека тоа може да биде влез во неизвесност. Едноставно никој не може да потврди дали ваква класа воопшто постои? Акронимот „ЦЦ“ всушност се користи за „концепт купе“ што сега е „комфорно купе“. Копирајќи ја формулата на „ЦЛС“ сега „ФВ“ има купе, со четири врати. Во профил е многу слично со „мерцедес“, а од напред многу личи на „БМВ серија 6“. Но, целта на „ФВ“ е да понуди подеднакво добро купе со четири седишта како и конкуренцијата, само што ќе биде многу, многу поевтино. Зачинето со многу технологија и репутацијата што ја има компанијата на правење квалитетни возила, тоа би требало да биде добитната комбинација.Внатрешноста е слична како и кај „пасат“, само многу полуксузна, па сега се гледа и разликата од „обичните“ модели. Тешко ќе најдете забелешка на квалитетот на материјалите и на она што го имате на инструмент-таблата. Оние што ќе седат одзади, сепак треба да бидат „нормални“, не премногу високи, ниту премногу дебели. Така ќе има доволно простор, а другите ќе најдат забелешка, но не толку голема. „ЦЦ“ е 36 мм поширок и 31 мм подолг од стандардниот модел, додека за 50 мм е пониско поставен.
Она на што во „Фолксваген“ се особено горди е технологијата што „ЦЦ“ ја нуди, а кај конкуренцијата најчесто е намената за повисока класа. За спортската динамика во возењето е задолжен системот ДДЦ, кој може да се намести во три различни модули. Тука е и „лајн асист“ систем за одржување на движењето на патот и новата „адаптивна регулација“, систем за одржување растојание, помош при паркирање - „парк асист“ и систем за скратување на патот на запирање - „фронт асист“. Во однос на моторите за почеток ќе има „почетен“ 1,8 ТСИ со 160 КС, потоа 2,0 ТДИ со 140 КС, и 3,6 В6 ФСИ со 300 КС. Цената би требало да биде околу 30.000 за почетниот модел, па се' до 40.000 за топ-моделот со 300 КС. Наменет е првенствено за пазарите во Северна Америка, Јапонија и Западна Европа. Во Македонија би требало да дојде дури на крајот од годинава.Оние повозрасните Германци што љубопитно ѕиркаа на плоштадот на излезот од аеродромот во Минхен помалку се разочарани од новиот убавец. Со воздишки и со широко отворени очи го проследуваат секое заминување на возилата за тестирање. Но, не можат да ја сфатат идејата на компанијата да нуди поексклузивни модели. И ние се согласуваме донекаде, но во борбата за купувачи, нема емоции, а кој има поголема понуда, може да смета и на поголема заработка. Конкуренцијата станува немилосрдна.
Секој сегмент треба да биде пополнет. Овој пат се работи за германски дуел, „Фолксваген“ против „Мерцедес“. Изгледот, технологијата, па и цената засега се на страна на „Фолксваген“.