Пасат ЦЦ

  • Креатор на темата Креатор на темата Supreme06
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Возраст
35
„Пасат“ отсекогаш бил еден од моделите на „Фолксваген“ со кој фабриката се гордеела, а бројката од 15 милиони продадени примероци само покажува дека бил одлично прифатен на пазарот и станал „куќно милениче“. Но, секогаш му недостигало малку стил! Сега и тоа е средено. Новиот „ЦЦ“ е елегантен седан и динамично купе, спакувани во едно. Изглед што му два спортска нота, а во внатрешноста е удобен автомобил со четири седишта, импресивни перформанси, најнова технологија достапна само за високата класа.

Концептот и дизајнот на овој „фолксваген“ се дефинираат како свежи и нови димензии, кои на пазарот нудат единствен производ.По успехот на „мерцедес ЦЛС“, но во повисока класа, сега и „ФВ“ сака да се вклучи во тој сегмент на полуксузни возила. „Пасат“ тоа го нуди во ново тело на модерен модел, кој е трета каросериска изведба во моментов покрај седан и карванската верзија. Откако уште во Детроит во јануари годинава беше најавено дека „ФВ“ влегува во класата на „купе-кабриолет семејни возила“ многумина сметаа дека тоа може да биде влез во неизвесност. Едноставно никој не може да потврди дали ваква класа воопшто постои? Акронимот „ЦЦ“ всушност се користи за „концепт купе“ што сега е „комфорно купе“. Копирајќи ја формулата на „ЦЛС“ сега „ФВ“ има купе, со четири врати. Во профил е многу слично со „мерцедес“, а од напред многу личи на „БМВ серија 6“. Но, целта на „ФВ“ е да понуди подеднакво добро купе со четири седишта како и конкуренцијата, само што ќе биде многу, многу поевтино. Зачинето со многу технологија и репутацијата што ја има компанијата на правење квалитетни возила, тоа би требало да биде добитната комбинација.Внатрешноста е слична како и кај „пасат“, само многу полуксузна, па сега се гледа и разликата од „обичните“ модели. Тешко ќе најдете забелешка на квалитетот на материјалите и на она што го имате на инструмент-таблата. Оние што ќе седат одзади, сепак треба да бидат „нормални“, не премногу високи, ниту премногу дебели. Така ќе има доволно простор, а другите ќе најдат забелешка, но не толку голема. „ЦЦ“ е 36 мм поширок и 31 мм подолг од стандардниот модел, додека за 50 мм е пониско поставен.

Она на што во „Фолксваген“ се особено горди е технологијата што „ЦЦ“ ја нуди, а кај конкуренцијата најчесто е намената за повисока класа. За спортската динамика во возењето е задолжен системот ДДЦ, кој може да се намести во три различни модули. Тука е и „лајн асист“ систем за одржување на движењето на патот и новата „адаптивна регулација“, систем за одржување растојание, помош при паркирање - „парк асист“ и систем за скратување на патот на запирање - „фронт асист“. Во однос на моторите за почеток ќе има „почетен“ 1,8 ТСИ со 160 КС, потоа 2,0 ТДИ со 140 КС, и 3,6 В6 ФСИ со 300 КС. Цената би требало да биде околу 30.000 за почетниот модел, па се' до 40.000 за топ-моделот со 300 КС. Наменет е првенствено за пазарите во Северна Америка, Јапонија и Западна Европа. Во Македонија би требало да дојде дури на крајот од годинава.Оние повозрасните Германци што љубопитно ѕиркаа на плоштадот на излезот од аеродромот во Минхен помалку се разочарани од новиот убавец. Со воздишки и со широко отворени очи го проследуваат секое заминување на возилата за тестирање. Но, не можат да ја сфатат идејата на компанијата да нуди поексклузивни модели. И ние се согласуваме донекаде, но во борбата за купувачи, нема емоции, а кој има поголема понуда, може да смета и на поголема заработка. Конкуренцијата станува немилосрдна.

Секој сегмент треба да биде пополнет. Овој пат се работи за германски дуел, „Фолксваген“ против „Мерцедес“. Изгледот, технологијата, па и цената засега се на страна на „Фолксваген“.


vw-passat-cc-2-big.jpg



passat-cc.jpg


vw-passat-cc-08.jpg
 
аууууу!!! е ова е веќе нешто,е ова многу ми се свиѓа!!!"почетен" модел, со мотор 160КС,леелеле лимузинче!!!!!ептен е јако!!
 
Ја мислам дека е нешто феноменално. Ем спортско ем лимузина ем брзо. Да видите почетен модел нема ко обичните Комфорт лајн, ваков лајн таков лајн (line :) ) одма почнува со Спорт, па Луксузен. хаха

Еве линк од VW али не за Македонија. Мислам дека за амеркиа се цените замислете почетна цена е 26,000 долар. Живо џабе :)))
http://www.vw.com/cc/pricelist/en/us/#/overview
 
Јаооо колата е секс у движење :) А бе да ја купам ај некако ке ја купам али оваа спонзоруша си бара одржавање бе кое нормално и го заслужува до секој динар ама проблемот е дали имам толку длабок џеб :) Колата е феноменална.
 
Колава е срање. Класичен случај на "ни риба, ни девојка". Демек, луксузно купе за народни маси - која будала го смислила ова? Па за истите пари може да се земе ново Ауди А4 кое е со исти, ако не и подобри спортски особини, подобро изгледа (каде каде) и е покомфорен.
 
Колава е срање. Класичен случај на "ни риба, ни девојка". Демек, луксузно купе за народни маси - која будала го смислила ова? Па за истите пари може да се земе ново Ауди А4 кое е со исти, ако не и подобри спортски особини, подобро изгледа (каде каде) и е покомфорен.
А4 ката е класа подоле. Ова е во класа со А6 ка. А за исти пари ;)
 
Преубав е пасатот цц ... го видов во германија пред скоро месец ... мислам дека го имаше и на саемот во париз ... ако најдам слика ќе ја ставам :helou:
 
Неможе да е класа подоле од А4 кога е на платформа на Пасат(а со тоа и класа подоле) и е со доста пократко меѓуоскино растојани. А со тоа што е на платформа на пасат значи дека таа е веќе стара платформа додека Ауди А4/А5 има една од најсовремените платформи на пазарот на автомобили. Иако е со преден погон, предната осовина е извлечена понапред а моторот е поставен за 15цм наназад(во однос на предходниот модел) со што се добива некој вид на скоро централно поставен мотор со што е добро избалансирана тежината а и се губат повеќето од маните на предниот погон.
 
Неможе да е класа подоле од А4 кога е на платформа на Пасат(а со тоа и класа подоле) и е со доста пократко меѓуоскино растојани. А со тоа што е на платформа на пасат значи дека таа е веќе стара платформа додека Ауди А4/А5 има една од најсовремените платформи на пазарот на автомобили. Иако е со преден погон, предната осовина е извлечена понапред а моторот е поставен за 15цм наназад(во однос на предходниот модел) со што се добива некој вид на скоро централно поставен мотор со што е добро избалансирана тежината а и се губат повеќето од маните на предниот погон.

Многу ти е нејасен постот.
А4 ката не е во класа со Пасатот..а овој цц пасат е во класа со ЦЛС од Мерцедес. Од Ауди не знам, ваљда со А6ката.
Инаку Пасатов е долг 4,80, 15-20 подолг од обичниот пасат.
 
Копија на ЦЛС Мерцедес, со далеку полоша изведба. Мерџото рулз спрема оваа лимузина (која гарант ке биде едно 30% поевтина од Мерцедесот, а со тоа и повеќе продавана).
 
Копија на ЦЛС Мерцедес, со далеку полоша изведба. Мерџото рулз спрема оваа лимузина (која гарант ке биде едно 30% поевтина од Мерцедесот, а со тоа и повеќе продавана).

епа колку е мерџо ЦЛС бе???оваа би требало накај 33.000еур,со солидна опрема,
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom